Клoп: Реал е фаворит, но ние сме ЛиверпулЛиверпул,

Во пресрет на финалниот натпревар од Лигата на шампионите со Реал Мадрид, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп очекува голема борба против фаворитот.

50-годишниот Германец вели дека и Ливерпул има свои адути и квалитет да го освои елитното натпреварување.

- Точно е дека тие се фаворити. Ја освоија ЛШ четири пати во последните пет години. Постојат три доминантни екипи во последните години и ние се соочуваме против една од нив. Немам проблем со оваа ситуација и не се чувствувам како аутсајдер. Ливерпул не беше фаворит и во 2005 година, па го освои трофејот. Искрено, ми се допаѓа да сме во оваа улога. Реал е тим со огромни квалитети и тргнува за трет последователен титула, но ние сме Ливерпул и ова не треба да се заборави, истакна Клоп.

Финалето од Лигата на шампионите ќе се игра на 26 мај во Киев, Украина. 

Пол позиција за Хамилтон во Франција

Тимот на Мерцедес доминираше на денешните квалификации за Големата награда на Франција, а британскиот возач Луис Хамилтон беше најбрз и стигна до 75-та пол позиција во неговата кариера.

Втор беше неговиот тимски колега Валтери Ботас, а на третата позиција заврши Себастијан Фетел од Ферари.

На четвртата и петтата позиција се двајцата возачи на Ред Бул, Макс Верстапен и Даниел Рикиардо.

Трката за Големата награда на Франција се вози утре на патеката „Пол Ришар“. /МИА

Македонските ракометари поразени од Турција на Медитеранските игри

Македонските ракометари со пораз го почнаа настапот на Медитеранските игри во Тарагона, при што беа совладани од Турција со 26:29.

Македонската репрезентација во Шпанија допатува со комбиниран состав, кој го предводи помошникот на селекторот Раул Гонзалес, Роберто Гарсија Парондо.

Македонија поголем дел од натпреварот остана во резултатска негатива, а првото полувреме заврши со предност на Турција од 13:15.

Во вториот дел и покрај обидите на македонските ракометари да израмнат и да направат пресврт, Турција не дозволи да ја загуби предноста и оствари победа.

Македонија утре ќе игра против Египет. /МИА

СП 2018: Мексико ја порази Јужна Кореја

Мексико убедливо ја совлада Јужна Кореја со 2:1 во натпревар од групата Ф на Светското првенство во Русија.

Мексико поведе со 1:0 во 26-та минута со гол од пенал, кој го реализираше Карлос Вела.

Во вториот дел прецизен беше Хавиер Хернандес и во 66-та минута донесе водство од 2:0.

Јужна Кореја со голот на Сон Хеунг-мин успеа да ја намали разликата во судиското продолжение и во 93-та минута ги постави конечните 2:1.

Мексиканската репрезентација со оваа победата има шест бодови и е прва во групата, а Јужна Кореја останува без бодови и без никакви шанси за понатамошен пласман.

Во рамките на оваа група вечерва ќе се соочат Шведска, која има три, и Германија, која се уште нема бодови./МИА

притисни ентер