Воени вежби на кинеската армија на остров во Јужното Кинеско Море

Кинески бомбардер со голем дострел за првпат изврши полетувања и слетувања од и на остров во Јужното Кинеско Море, соопшти весникот „Женмин жибао“.

Во соопштение на Министерството за одбрана во Пекинг стои дека вежбите биле спроведени на остров, без да наведе каде и кога. Во документот само се информира дека вежбите биле неодамна и во „зоната на морето на југ“.

Во маневрите учествувале неколку авиони од типот H-6K на кинеските воздухопловни сили. Тие полетувале, симулирале напади врз морски цели и слетувале, соопшти Министерството.

Промоција на директна авионска линија Охрид – Виена

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле" денеска попладне ќе слета првиот авион на компанијата „Визер" на новата редовна авионска линија од и кон Виена.

Покрај сезонските, тоа ќе биде третиот директен редовен авионски лет што оперира од охридскиот аеродром, заедно со веќе воспоставените кон Цирих и Базел. Директна авионска линија од Охрид има и кон Лондон, но поради слаб интерес таа е во мирување до 2 април идната година.

Предвидено е на аеродромот првите патници од Виена да ги пречекаат Алпер Ерсој, генералниот директор на „ТАВ Македонија", Љупчо Јаневски, директор на Агенција за туризам, како и градоначалниците на Охрид и на Струга Јован Стојаноски и Рамиз Мерко. /МИА

СДСМ: Обезбедуваме повеќе пари за граѓаните, раст на платите, социјална праведност

Со предлог Буџетот за 2019 година изготвен од Владата предводена од СДСМ, обезбедуваме повеќе пари за граѓаните, економски раст, повисоки плати и подобра живејачка за сите граѓани.

Платите ќе растат во сите сектори.

Во образованието, здравството, судството, полицијата, детските градинки и јавната администрација, предвидено е зголемување на платите од пет отсто, додека докторите специјалисти ќе добиваат плати зголемени за 10 отсто.

Во 2019 година се очекува забрзување на растот на Бруто домашниот производ на 3.2 отсто, кадешто позитивен придонес врз растот е предвидено да имаат домашната побарувачка, извозот и капиталните инвестиции.

Невработеноста ќе опаѓа преку пакетот активни мерки за вработување – вреден 1.1 милијарда денари, што е историски највисок износ, со што се очекува стапката на невработеност да се намали на околу 20 отсто.

Со посветена и домаќинска работа, владата предводена од СДСМ продолжува да обезбедува повеќе пари и подобар живот за граѓаните.

Остануваме посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат повисоки плати, економски раст, мотивирани работници, професионални институции, нови инвестиции и работни места и повисок животен стандард. /МИА

Пронајдена аргентинската подморница која исчезна пред една година

Остатоците од аргентинската подморница Сан Хуан која исчезна на 15 ноември 2017 година со 44 членови на екипажот лоцирани се синоќа на дно на Атлантикот по долгото исчекување на семејсвата на морнарите.

Аргентинското Министерство за одрбана соопшти дека со пребарување со помош на мини подморница, АРА Сан Хуан е лоциран на длабочина од 800 метри.

Аргентинските власти пред службеното објаснување имале средба со семејствата на жртвите во хотелот Мар дел Плата каде се сместени со месеци.

Од крајот на 2017 година бродови и авиони и далечински управувани подморници од 13 држави залудно се обидуваа да ја лоцираат подморницата.

притисни ентер