Сончево време со мала доумерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена облачност. 

Попладне во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи. УВ индексот е седум. 

Утринската температура ќе се движи од пет до 13 степени, а дневната од 17 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.  Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 27 степени. 

Во текот на следната недела во попладневните часови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Помалку услови за нестабилност има во вторник. 

Четири жртви во невремето на Крит

Припадниците на грчката спасувачка служба пронашле тела на четири лица во автомобил , носен од надојдените води.

По силното невреме што викендов го зафати островот Крит , четири лчица исчезнаа. Денеска спасувачите ги нашле четирите тела на патниците и возачот во еден дол , каде надојдените води го одвлекле автомобилот.

Противпожарната служба официјално соопшти дека телатас е најдени во автомобил , потонат во реката Герапотамос.

Прв пат по десет години и во Лас Вегас падна снег (ВИДЕО)

И во Лас Вегас , каде температурата ретко паѓа по 10 степени , денеска паѓа снег.

Прв пат по повеќе од еесет години падна снег во Лас Вегас . Според метеоролозите , снегот го донел студен воздушен бран , формиран на мала височина.

Предвидуваат дека во среда ќе има нови врнежи од снег во Лас Вегас.

„Само Вистина“ со Агим Јонуз и Страшо Ангеловски

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа  Агим Јонуз и Страшо Ангеловски

Ангеловски за писмото од Коневски до Мицкоски: Бидејќи искрено ме интересираат сериозни работи немам време да читам несериозни обраќања на членови на политичка партија.

Јонуз: Секој кој мисли дека има некој кој ќе почне демонтажа на нелегитимната власт е апсурд. Било кој да победи тоа ќе биде плод на исценирана работа или однапред договорена.

Јонуз: Процесот е конструктивен бидејќи за прв пат границите еднаш засекогаш се обезбедени на Република Македонија.  Сите елементи на кои темели спротивната опција кон која клони и Ангеловски се апсурд.

Ангеловски: Не знам дали се лажете себеси или ја лажете целата јавност. Албанците во 1991 го бојкотираа референдумот.

Јонуз: Среќен сум конечно зашто по 27 години државата фати курс во правец  и што нема повеќе да се занимаваме со војводи со Гоце Делчев и Скендербег.

Ангеловски: Зошто ви пречи нашето македонско минато. Зошто со цинизам зборувате за нашите револуционери и за херој на македонскиот народ.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само вистина"

притисни ентер