Во Австралија постои град во кој илјадници луѓе живеат под земја (видео)

Целиот град Coober Pedy, кој е дом за илјадници луѓе, лежи скриен во австралиската пустина под тони песок и дефинитивно е еден од најинтересните места на светот.

Coober Pedy се наоѓа на југот на Австралија, Основан е во 1915 година кога таму биле откриени рудници на опал. Но поради тоа што било премногу топло, луѓето почнале да живеат под земјата.

Додека биле во рудниците под земјата им било пријатно, но по излегувањето надвор, не можеле да ја издржат жештината. Затоа решиле старите рудници да ги претворат во свои домови. Денес во Coober Pedy живеат повеќе од четири илјади луѓе, а има и неколку подземни хотели, трговски центри, музеи и цркви. Куќите се еднакво модерни како и оние над земјата. Coober Pedy стана и туристичка атракција.

По заменикот на Шојгу, Русите го уапсија и олигархот Александар Фомин

Ко-основачот на градежната компанија „Олимпсистрој“, Александар Фомин, е уапсен под сомнение дека го поткупил Тимур Иванов, поранешниот заменик на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.

На Фомин му е одреден притвор до 23 јуни, објавија локалните медиуми, пренесе АП.

Според истрагата, Фомин на Иванов и на другите лица инволвирани во корупција им давал услуги „во форма на ослободување од обврската да платат за стоки, работи и услуги поврзани со поправка или реконструкција на зграда“.

Судот во Басман во Москва претходно му одреди притвор и на Иванов до 23 јуни поради примање поткуп при склучување договор за Министерството за одбрана.

Во случајот бил вклучен и Сергеј Бородин, кој исто така е приведен.

Тие се обвинети за примање поткуп во исклучително голема сума.

Во Министерството за одбрана, Иванов ја надгледувал изградбата и ремонтот на ресорните објекти и бил одговорен за организирање на управувањето со имотот на министерството, а, според судот, се здружил со Бородин и трети лица за примање мито при склучување договори за министерството.

Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та

 Иако во јануари, разочаран од резултатите и перформансите на тимот, Чави Ернандез најави повлекување од тренерската клупа на Барселона на крајот од сезоната, младиот шеф на стручниот штаб доцна синоќа потпиша договор до 2025 година.

Потпретседателот на клубот, Рафа Јусте е пресреќен поради ваквиот епилог од преговорите меѓу играчката легенда на шпанскиот великан од „Камп Ноу“ и првиот човек на управата Жоан Лапорте одржани во домот на претседателот. .

-Чави е многу возбуден поради проектот, тој продолжува да работи затоа што е ентузијаст и затоа што не сака. Тој е исклучително чесен човек, посветен на работата и наш Каталонец, што го покажува со дела, а не само со зборови. Никогаш не сме барале друг тренер, уверува менаџерот на клубот на актуелниот шампион на Шпанија.

Иако Барса со поразот во последното „Ел Класико“ практично му ја отстапи титулата на вечниот ривал Реал и ја заврши мисијата во Лигата на шампионите, повторно останувајќи без крајот на елитното европско натпреварување, раководството верува во Чави на долг рок.

-Одлуката беше едногласна. Спортскиот директор Деко сто проценти застана до тренерот. Не освоивме титули, но ентузијазмот останува. Ја подобруваме играта и им даваме простор на младите играчи. Верувам дека соработката со Чави ќе вроди со плод, оптимист е Јусте во врска со престојот на човекот кој тимот го презеде во 2021 година. /МИА

Блинкен ги повика Вашингтон и Пекинг на „одговорно“ управување со разликите

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ги повика САД и Кина „одговорно“ да управуваат со нивните разлики, на почетокот на неговата втора посета на земјата за помалку од една година.

-Имаме обврска кон нашиот народ - и всушност кон светот - одговорно да управуваме со односите меѓу нашите две земји, рече Блинкен во Шангај, пренесе Хина.

Шефот на американската дипломатија вчера во Шангај се сретна со локалниот лидер на кинеската Комунистичка партија (ККП), при што за време на разговорите кажа дека американскиот претседател Џо Бајден е посветен на воспоставување „директен и одржлив“ дијалог меѓу двете земји.

-Мислам дека е важно да се нагласи вредноста - дури и неопходноста - од директен ангажман, да разговараме едни со други, да зборуваме за нашите разлики, кои се реални и да се обидуваме да ги надминеме, рече Блинкен.

Секретарот на Шангајскиот комитет на ККП, Чен Џининг, од своја страна, инсистираше на важноста на американските компании во локалната економија.

Блинкен потоа се сретна со студентите на Универзитетот Њујорк во Шангај, каде што кажа дека се надева дека повеќе Американци ќе студираат во Кина, додавајќи дека американските универзитети се подготвени да ги пречекаат кинеските студенти.

Од своја страна, Пекинг ги осуди жестоките испрашувања на кои се подложени некои негови граѓани, вклучително и студенти, по пристигнувањето на американска територија, иако поседуваат валидни документи.

-Претседателот Бајден и претседателот Си се решени да ги зајакнат нашите врски меѓу луѓето, рече Блинкен. /МИА

притисни ентер