„Турандот“ на Мајските оперски вечери

Првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова ќе настапи во насловната улога на „Турандот“ која вечер од 20 часот ќе биде изведена во Македонската опера и балет

Во рамки на 46. Мајски оперски вечери. Режијата, костимографијата и сценографијата се на Џанкарло дел Монако од Италија, од каде што гостува и диригентот на претставата - Алесандро Д’Агостини. Кореограф е Саша Евтимова. 

Покрај  Ѓиновска-Илкова, во улогите се и: Амади Лага од Франција/Тунис, Ноема Ерба од Чешка, Игор Дурловски, Андреа Ѕаупа од Италија, Дарко Нешовски, Дејан Стоев, Драган Ампов и Јане Дунимаглоски. Настапува хорот и оркестарот на МОБ.

„Турандот“ е љубовна приказна од Забранетиот град и егзотичната Кина, последно животно дело на Џакомо Пучини. Има три чина и е напишана по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони. Текстот се базира на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци.

Пучини починал и не ја допишал операта и подоцна е завршена од Франко Алфано. Светската премиера на „Турандот“ била во Миланската скала во 1926 година, диригирана од Артуро Тосканини. 

„Турандот“ е трета од трите опери на Пучини на годинашните Мајски оперски вечери, со кои МОБ  одбележува  160 години од раѓањето на овој италијански композитор. На отворањето на фестивалот на 9 мај беше изведена операта „Боеми“, на 12 мај - „Тоска’,  а по повод јубилејот в среда (23 мај) во МОБ ќе има и гала-оперски концерт „Пучини&Росини“.

Французин им објави војна на властите – ги отстранува бариерите од клупите

28-годишен Французин им објави војна на локалните власти во градот Лион, откако одлучи да ги отстранува бариерите поставени на клупите за да се спречат бездомниците да можат да лежат и да преспиваат на нив.

Момчето, кое за Еуроњуз, не сакало да го објави својот идентитет, објасни дека за таквата постапка веќе завршило на суд.

Тој бил обвинет за кражба, но бил ослободен откако објаснил дека железните делови на клупите ги отстранувал за да истакне социјален проблем и гест на солидарност.

Тој смета дека е иронично со пари на граѓаните да се ограничуваат луѓето да имаат пристап до јавната сопственост и ги отфрла тврдењата на властите дека железните структури всушност се потпирачи за раце.

Проценките се дека во Франција има повеќе од милион бездомници.

Телото на Кашоги било распарчено, а лицето деформирано

Телото на убиениот новинар Џамал Кашоги пронајдено е во градината на резиденцијата на саудискиот конзулат во Истанбул, тврдат неименувани извори за „Скај њуз“.

Еден од извори за „Скај њуз“ тврди дека телото на Кашоги е “распарчено“, а лицето му е целосно “деформирано“.

Претходно денеска, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во обраќањето пред парламентот објави дека телото на убиениот новинар се уште не е пронајдено и побара од Саудиска Арабија да открие каде тоа се наоѓа.

„Зошто телото на некого, за кого и официјално е потврдено дека е убиено, се уште не е пронајдено?“ – изјавил во своето обраќање Ердоган.

„Скај њуз“ потсетува дека засега нема нови информации за наводните аудио-снимки кои се посед на турските власти, а кои наводно докажуваат дека Кашоги бил мачен, убиен, а дека потоа му биле отсечени прстите, а телото распарчено.

Телото на Кашоги пронајдено е во бунарот на територијата на резиденцијата на генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, изјавил претходно за „Спутник“ лидерот на турската партија Ватан, Догу Перинчек.

Секретарката на Владата на Германија на удар на критики поради скапоцениот часовник

Политичарката на германската Социјалдемократска партија (SDP) Савзан Чебли (40) и државна секретарка на берлинската влада се најде на удар на жестоки критики.

Таа се најде на удар на критики поради носењето на часовник од марката „ролекс“, вреден околу 7.300 евра.

Минатиот викенд корисник на Фејсбук објави нејзина слика од 2014 година, на која носи луксузен часовник модел „Datejust 36” со коментар: Се што треба да знаеме за состојбата на социјалдемократијата во Германија во 2018“.

Савзан Чебли, која како државен секретар во берлинската влада прима бруто месечна плата од 8900 евра, посебно се залага за интеграцијата на бегалците, па се поставува прашањето дали поради тоа не смее да носи таков часовник.

На интернет веднаш започна расправа, а на крајот Савзан Чебли упати порака до критичарите.

„Кој од вас што сеете омраза живеел со 12 браќа и сестри во две соби, спиел и јадел на под, сечел дрва за викендите? Кој со месеци чекал на дрвени боички? Мене никој не треба да ми објаснува што е сиромаштија“ – напишала таа.

Савзан Чебли е дете бегалец од Палестина. Во 1948 година родителите избегале во Либан, каде скоро 20 години живееле во бегалски камп.

Подоцна татко и заминал за Германија, а потоа ја довел и сопругата и децата.

Родена е 1978 година во Берлин, каде живее од социјална помош и донации. Иако нејзиниот татко се до смртта нема научено германски, Савзан завршила основно училиште, матурирала и завршила политички науки. Дури на 15 години добила германски пасош.

притисни ентер