„Македонисимо“ на Трпчески и пријателите на турнеја во Полска

По Лудвигсбург, Љубљана и Лондон, најновиот проект со музика од Македонија - „Македонисимо“  на Симон Трпчески и пријателите ќе биде претставен и на турнеја пред полската публика. 

Серијата концерти ќе почне во Варшава на 20 мај, Шќеќин на 22 мај, два дена потоа во Гдањск и на 25 мај во Катовице.

Концертот во полската престолнина, кој ќе се одржи во Кралскиот замок, е на иницијатива и со поддршка од Амбасадата на Република Македонија. Со настанот ќе се одбележат и 25 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Полска. Концертот е и дел од циклусот „100 години независност на Кралскиот замок“, со кој чествува еден век од обновувањето на полската независност.

Во „Македонисимо“, проект на македонската музика низ музичката обработка на нашиот композитор Панде Шахов, покрај Трпчески настапуваат и Александар Краповски на виолина (кој работи во Операта во Барселона), Александар Сомов од Бугарија на виолончело (водач на челисти во Стразбуршката филхармонија), на кларинет, саксофон и на кавал настапува Хидан Мамудов од Штип (кој живее и работи во Виена), а на удиралки - Влатко Нушев од оркестарот на Македонската опера и балет. Гостин на полската турнеја ќе биде и кларинетистот Ристо Ѓоревски.

Светската премиера на „Македонисимо" се одржа пред точно една година, на 18 мај 2017, на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија. Во јуни премиерно ќе биде претставен и во Франција, на Пијано фестивалот во Лил. 

Тамара по враќањето : Се чувствувам како победник

Тамара Тодевска и нејзиниот тим околу полноќ беа пречекани од членовите на нивните семејства, бројни обожаватели и претставници на медиумите на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Тамара по пристигнувањето од Тел Авив , каде го освои осмото место , изјави дека е пресреќна .,,Очекувавме повеќе , но срќна сум што ве направив горди.” , рече Тамара од бината на скопскиот аеродром пред членовите на својот тим ,како и семејството и бројните обожуватели кои неколку часа чекаа да пристигне .

Поради силниот јужен ветар авионот со Тамара и нејзиниот тим доцнеше повеќе од три часа. Тамара и се заблагодари и на своите фанови на фејсбук .

Тамара Тодевска со песната „Proud“ го освои осмото место во Тел Авив, Израел, што е најдобар  пласман за Македонија, откако се натпреварува на „Евровизија“ од 1998 година.

Се подготвува пречек за Тамара на аеродромот Скопје

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска која со песната „Proud" го освои осмото место и највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија, вечерва се враќа од Тел Авив во Скопје.

Таа треба да пристигне на Скопскиот аеродром околу 21:45 часот. Се очекува на аеродромот да ја пречекаат многубројни нејзини обожаватели.

Тамара синоќа на финалната вечер на Евровизија во текот на речиси целото гласање беше на врвот на табелата. По гласањето на стручните жирија заврши на второто место со 237 поени, зад Шведска со 239 бодови, но на крајот по пребројувањето на телевоутингот од публиката се пласираше на осмото место.

Швајцарците на референдум го прифатија новиот закон за оружје

Жителите на Швајцарија денеска на референдум ги одобрија новите антитерористички мерки на Е вропската унија, со гласање на законот за поседување на оружје.

Според проценките 67 проценти од Швајцарците го прифатиле новиот закон за оружје со кои се заоструваат мерките за поседување на оружје.

Власите ги предупредија гласачите дека со одбивање на овој закон земјата може да се доведе во позиција да биде исклучена од европските договори Шенген и Даблин, со кои е поврзана иако не е членка на Унијата.

Се проценува дека околу 2,3 милиони граѓани на Швајцарија поседуваат оружје, што е околу една третина од жителите на земјата.

Новите заострени мерки се однесуваат на полуавтоматските пушки со големи шаржери и на одредени други врсти на пушки.

притисни ентер