ФБИ помогна во апсењето на Српски хакер

Американското Федерално биро и помогна на српската полиција во апсењето на членот на меѓународната хакерска група ,, Врховен господар на темнината“.

Припадниците на српското МВР учествуваа во акцијата на ФБИ против членовите на хакерската група ,, Врховен господар на темнината “. Цел на акцијата бил да се открие лицето кое на црниот интернет се криело под името ,, The Dark Overlord” и успеал да влезе во банкарските сметки и податоците на најмалку 50 лица. Краделе лични податоци , а потоа им се заканувале на оштетените дека ќе ги објават информациите , доколку не им остават одредена сума пари на сметка.

Барале исплата исклучиво во виртуелна валута , во биткоини , а се смета дека до сега осомничениот добил од жртвите над 275 000 долари.

Полицијата идентификувала 38 годишен Белграѓанец , како припадник на хакерската група под името The Dark Overlord", кој е приведен и против него ќе биде покренато обвинение за неовластено крадење лични податоци  и изнуда .

Ел Чапо бара ново судење , вели дека поротниците не му биле наклонети

Мексиканскиот нарко – бос, Хоакин Гузман , наречен Ел Чапо побара ново судење од американскиот суд.

Најголемиот мексикански нарко – бос Ел Чапо побара од судот во Њујорк да ја поништи пресудата со која е осуиден за шверц на над еден тон кокаин во САД и да му одобрат ново судење.

Тој вели поради лошото однесување на поротниците му било укинато правото на фер судење. Во поднесокот , адвокатите на Гузман се потпираат на наводите од 20 февруари во Вајс Њуз ,каде неименуван член на поротата изјавил дека најмалку петмина членови ја прекршиле наредбата на судот и ди следеле извештаите во медиумите за 11 неделниот судски процес.

Според тоа, поротниците би можеле да бидат изложени на факти , кои не биле земени во предвид од страна на судот.

Заев и Мицкоски дебатираат во ,,Само вистина” за 27 април

Лидерот на СДСМ и премиер , Зоран Заев и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дебата и за реформите во судството поврзани со пресудите за упадот во Собранието во 27 април.

Мицкоски рече дека најверојатно драконските казни за осудените за упадот во Собранието биле претходно напишани и затоа е потребна реформа во судството. Заев рече дека принципиелно било постапувано при одземањето на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски и дека било попстапувано според законите. Тој му кажа на Мицкоски дека до сега јавно не го осудил насилството .

Автомобилите во ЕУ наскоро ќе мора да имаат дополнителна безбедносна опрема

Новите автомобили од 2022 ќе мора да имаат дополнителна безбедносна опрема , како автоматски кочници за итни случаи, технологија на контрола за возење и детектор за дремка.

Со овие нови системи за безбедност сње очекува да се намали бројот на сообраќајни несреќи , решија денеска европратениците. ЕУ минатата година ја предложи оваа мерка за дополнителна безбедносна опрема за да се намали бројот на жртвите на патиштата.

Годишно низ земјите на ЕУ во сообраќајни несреќи гинат околу 25 000 луѓе , а на тоа се додаваат уште 140 000 сериозно повредени.

Пописот на дополнителна безбедносна опрема содржи 30 точки , меѓу кои се и системи за откривање на возење под дејство на алкохол , оневозможување на брзо возење преку вграден сситем во самите автомобили .

Камионите , пак ќе треба да имаат детектори за пешаци и велосипедисти во таканаречениот мртов агол.

притисни ентер