Кучан: Македонија покажа решителност, ЕУ и НАТО да го исполнат својот дел од задачата

Претстојниот Самит во Софија ќе ги откочи интеграциските процеси за земјите од Западен Балкан кои беа блокирани поради неможноста за првенствено продлабочување на внатрешните односи меѓу земјите членки во ЕУ.

Претстојниот Самит во Софија ќе ги откочи интеграциските процеси за земјите од Западен Балкан кои беа блокирани поради неможноста за првенствено продлабочување на внатрешните односи меѓу земјите членки во ЕУ, што следствено требаше да доведе до прием на нови земји членки, оцени поранешниот словенечки претседател Милан Кучан на денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери. 

- Кучан, како личен сведок на осамостојувањето на државата Македонија, нагласи дека земјата покрај соочувањето со препреки во внатрешните односи, се соочила и со препреки во надворешните односи со соседите, препреки кои не зависат од добрата волја од страна на Македонија, ниту од нејзините заложби, информира собраниската прес-служба.  

Словенија, нагласил Кучан, секогаш ќе ја поддржува Македонија во нејзините евроатлантски аспирации зашто успеа да демонстрира решителност и исполнителност на својот дел од задачата кон ЕУ и НАТО. - Сега останува на нив да го исполнат својот дел од таа задача, посочил поранешниот претседател на Словенија.

Претседателот на Собранието Џафери изразил задоволство од одличните односи меѓу двете земји кои, како што рекол, се без отворени прашања, но и благодарност за континуираната и принципиелна поддршка на Словенија за македонските евроатлантски интеграции.

Џафери го информирал соговорникот за случувањата во Македонија изминатата година, за донесувањето на пакетот реформски закони заедно со опозицијата како дел од приоритетните области од Планот 3-6-9, за потпишувањето и ратификацијата на Договорот со Бугарија во делот на подобрувањето на односите со соседите и интензивирањето на разговорите со Република Грција за надминување на спорот околу прашањето за името.

На средбата Џафери - Кучан присуствувале и пратениците од Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија Фросина Ташевска Ременски,  Шпреса Хадри и  Неџбедин Каремани. /МИА

За „27 април" во Кривичен суд сведочи Сашо Тасевски

 Во Кривичниот суд во Скопје со сведочење на Сашо Тасевски вечерва продолжи судењето за случувањата  во Собранието од 27 април.

 Тасевски е актуелен директор на Бирото за јавна безбедност, а во времето на случувањето во Собранието беше обезбедување на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Претходно во Судот сведочеа Драган Крстевски од МВР, Владимир Стојков вработен во Собрание на РМ  и Агим Нухиу, заменик министер за внатрешни работи.

Нухиу кој неклку часови сведочеше за текот на настаните во МВР за време на насилствата во Собранието на 27 април. Кажа дека тогашниот директор на БЈБ, Митко Чавков, не одговарал на неговите повици. Со Чавков, кој раководеше со оперативниот штаб, остварил контакт во 20 часот откако претходно повеќепати залудно се обидувал да го добие на телефон. Нухиу рече дека кога го прашал што се случува, Чавков, сега обвинет во случајот, му рекол дека „се случува народ“.

Во 18 часот, рече, му пратил СМС дали следи што се случува пред Собранието и дали има можност ситуацијата да ескалира, на што тој му одговорил дека „нема таква можност и оти засега се е под контрола“. Потоа Чавков му испратил уште една порака во која го информирал Нухиу дека надвор нема проблем.

Тој рече дека кога видел дека ситуацијата ескалира, тргнал кон Собранието и го барал Чавков на телефон, но немало одговор. Потоа му пишал дека пред Собранието нема доволно полицајци. Според Нухиу, кога Чавков пристигнал во оперативниот штаб се однесувал агресивно и не му одговорил на Нухиу каде бил до тој момент.

Обвинетиот Игор Југ на судењето вербално го нападна Нухиу и на судијката Кацарска и порача дека ако сака може да го осуди и на сто години затвор. Тој праша каде е српскиот разузнавач Живаљевиќ и забележа дека им се суди на 33 Македонци, додека странски разузнавач се шетал по Собранието. Обвинетиот Јане Ченто пак, кажа дека токму Нухиу е првиот што треба да сноси одговорност.

Вработениот во Собранието, Владимир Стојков, раскажа дека дента за главниот влез бил задолжен обвинетиот Абдулфета Алими и опишас како пратеници ги отвориле вратите. Неговото работно место било тогаш покрај вратата од пленарната сала.

Кога дошло до тензии помеѓу пратеници, сведокот Владимир Стојков и Алими добиле насоки од началникот да го пренесат формациското оружје горе во кабинет зашто не е безбедно да остане долу бидејќи може да дојде некој да го земе и да го употреби. Кога го носеле оружјето кон кабинетот слушнале викање и кога се вратил назад кај главниот влез ги забележал пратениците.

Тој притоа посочи дека ги видел пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски како ги вадат гредите од средната врата, една од трите врати на главниот влез.  Пробал да ја врати едната греда, а другата греда Мукоски ја фатил од едниот крај и не му дозволил да ја врати додека пратеникот Василевски се упатил кон другата врата и ја тргнал едната греда, по што сведокот и Абдулфета се повлекле нагоре кон кабинетот. 

Претпладнето сведочеша и градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш и една новинарка присутна во Собранието за време на случувањата./МИА.

Царовска во Илинден: Младинската гранција која се применува и во земјите од ЕУ ги активира младите на пазарот на труд

 Унапредување на социјалните услуги за граѓаните, интензивирање на борбата за справување со сиромаштијата и социјалната исклученост во државата, социјалната реформа.

Но и  Гаранцијата за млади беа темите на кои министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, разговараше со жителите на општина Илинден.

- Активирањето и промовирањето на вработувањето на младите на пазарот на труд го подобрува преминот на младите од училиште на работа. За таа цел ја имаме Гаранцијата за млади за која до крајот на годината се предвидени 8,8 милиони евра, а чија цел е да ги задржи младите во Македонија. Истата оваа мерка со години наназад се применува и во земјите од ЕУ. Европската Унија вложува во унапредување на работничките права и напорите тие да бидат рамноправно уживани од страна на сите граѓани, потенцираше минисистерката Царовска на средбата од врата со врата со жителите од Илинден.

Исто така, министерката детално ја објасни социјалната реформа со која се зголемува гарантираниот минимален приход, но и се воведуваат нови додатоци за намалување на детската сиромаштија.

„Природна катастрофа“ : Ракетна проба предизвикала пожар

Властите на регионот Емсланд во северозападна Германија прогласиле состојба на природна катастрофа поради пожар кој пред две недели го предизвикала ракетна проба изведена на полигон на германската војска.

Според АП , властите размислуваат за евакуација на околу 1000 жители на две села близу Мепан блиску до границата со Холандија.

Медиумите пренесуваат дека пожарникарите се уште се обидуваат да го стават под контрола пожарот на воените полигон.

Чадот од пожарот се проширил на околу 100 километри од полигонот и истиот е видлив на сателитските снимки.

притисни ентер