Богов се повлече, Анита Ангеловска-Бежоска нов предлог за гувернер

Димитар Богов не го издржа притисокот од јавноста.

На само 4 дена пред истекот на неговиот мандат како гувернер на НБРМ - самиот се повлече од реизбор.

Во пишана изјава за МИА посочил дека одлуката ја донел поради реакциите во јавноста како и рокот за избор на нов гувернер.

Од кабинетот на Иванов експресно, со нов предлог. Анита Ангеловска Бежовска, актуелен вицегувернер во НБРМ е новиот предлог на Иванов. Откако Богов писмено го известил претседателот дека се повлекува од кандидатурата, претседателот предлогот го доставил до Собранието.

Според Иванов, Анита Ангеловска- Бежовска е решение за гувернерската позиција, поради нејзината професионалност.

Таа осум години на функцијата вицегувернер, задолжен за областите монетарна политика, истражување и статистика.

Деновиве од СДСМ за Канал 5 посочија дека очекуваат предлог од Иванов кој ќе биде прифатлив за поголемиот дел од пратениците.

Дали за новиот предлог има консензус, од кабинетот на претседателот не соопштуваат.

Мандатот на Богов како гувернер завршува на 20 мај, а на 21 на собраниска седница, според собраниски извори, ќе биде ставена точка на дневен ред за избор на нов гувернер.

Ѓукановиќ ја положи претседателската заклетва

Во црногорската престолнина Цетиње со положување на заклетвата  избраниот претседател Мило Ѓукановиќ  официјално ја презема должноста.

Ѓукановиќ претседателската заклетва ја даде пред пратениците од Собранието на Црна Гора.

-Се колнам  во својата чест дека должноста претседател  на Црна Гора ќе ја извршувам совесно и одговорно за доброто на сите граѓани, рече  Ѓукановиќ во заклетвата.

Покрај пратениците , на свечената седница присуствуваа и поранешните претседатели на Црна Гора, премиери и претседатели на парламентот, како и највисоките државни функционери и челници на државните институции.  

Абас повторно примен во болница

Претседателот на Палестина 83- годишниот Махмуд Абас е примен во болница, според анонимен официјален претставник, Абас имал температура.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска повторно е примен во болница. Ова е третпат во една недела да биде хоспитализиран.

Абас во вторникот имал операција на увото и по неколку часа бил пуштен дома. Вчера повторно беше на кратко во болница.

Резултатите од анализите, како што јави палестинската новинска агенција, пренесувајќи ја изјавата на директорот на болницата, се добри.

Абас има проблеми со срцето, а пред десет години му е дијагностициран рак на простата. Инаку, тој е страстен пушач.

Дамаск ослободен, екстремистите евакуирани

Група екстремисти од Исламската држава се евакуирани од последната енклава под контрола на бунтовниците во близина на Дамаск, со што оваа територија е вратена под контрола на државата.

Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека автобусите влегле во енклавата по полноќ за да ги превезат борците на ИД и нивните семејства.

Според Ројтерс, автобусите се упатиле во правец на провинцијата Бадија во Сирија, подрачје со мал број на жители , кое се наоѓа источно од престолнината Дамаск.

притисни ентер