Хан за „Та Неа“: Може да се најде решение на името, но важен е и квалитетот на договорот

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан е убеден дека решение за името е можно да се постигне, дека софија не би била одлучувачката точка за тоа, но она што било важно за процесот бил квалитетот на договорот.

Ставот на Хан е дел од интервјуто за грчкиот весник ,, Та Неа,, објавено под насловот ,, Изводливо решение дури и во Софија,, во кое на оваа тема меѓу другото вели.

Двете прашања што се останати за решавање се ерга омнес и ревизијата на уставот и тие две прашања се од суштинско значење за Грција а другата страна треба да направи отстапки вели заменикот на Коѕијас, Јоргос  Катругалос во интервју за радиото,, Практорио Еф-Ем,,.

На тема проблемот со името од македонска страна денеска со став се појави првиот човек на МАНУ Таки Фити според кого македонскиот јазик мора да биде евидентиран онака како што е евидентиран и во обединетите нации како,, Macedonian language,,

Инаку нашето уставно име на флаер за манифестација за дегустација на балканска кујна во Брисел организирана од Европската народна партија чиј член е најголемата грчка опозициона партија нова демократија го предизвикало гневот на Сириза, која преку соопштение ја обвинува нова демократија за отсуството на реакција и за како што се наведувало во соопштението за хипокризија до степен на провокација за едно толку критично прашање.

Изборниот законик на седница во понеделник

Лидерската средба продолжува во понеделник наутро, во истиот формат со четирите лидери на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и едно од крилата на БЕСА.

Темата како што е најавено ќе остане иста – постигнување договор за изборот на ДИК и организација на референдумот. На маса се очекува да бидат ставени и условите на ВМРО-ДПМНЕ за законот за финансирање на партиите и законот за Владата. Во пресрет на средбата, од владејачката СДСМ побараа од опозицијата да се заложи за иднината на земјата.

Во интерес на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ треба да се заложи за иднината на Македонија, а не за амнестија на криминалите направени од врвот на нивната партија.

Од опозицијата возвратија дека не отстапуваат од веќе утврдените ставови.  

ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на ставот дека условите кои еднаш важеле за избори треба да важат и сега. Бараме почитување на пржинскиот концепт на техничка влада пред избори и на концептот за финансирање на политичките партии кој веќе беше договорен

Спикерот Џафери пак во интервју за МИА вели дека очекува договор за ДИК, и порача дека законот за ратификација на договорот со Грција и законот за јазиците, ќе бидат испратени на објавување во Службен весник пред распишување на референдумот за името. Идната недела пред народните избраници ќе се најдат и измените на изборниот законик.

Измените на изборниот законик во понеделник ќе се најдат на седница на пратениците. Веднаш потоа, ќе следува изборот на нови членови на Државната изборна комисија.

Измените доцна синоќа поминаа на комисијата за европски прашања, во тензична атмосфера, со жестоки кавги и меѓусебни обвинувања на пратениците.

Седницата заврши без гласање за поднесените 400 амандмани, а претседателот на комисијата Артан Груби тоа го оправда со големиот број на пријавени за збор, имајќи предвид дека роковите биле пробиени. Од опозицијата пак, ја обвинија власта дека го крши уставот и деловникот за работа на собранието.

ВМРО-ДПМНЕ побара оставки од Анѓушев и Деспотовски

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара оставки од вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и од директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски во врска со грантот доделен од Фондот во висина од 160.000 евра за „Каст Инвест“.

Партискиот портпарол ја обвини владејачката партија за нелегални тендери и донации, во време кое како што рече, целата јавност е фокусирана на прашањата околу името на Република Македонија, референдумот и договорот со Грција.

- Пред една недела, вицепремиерот Кочо Анѓушев излезе на говорница и рече дека му било “чест и задоволство и голема радост” што фондот за иновации делел 10,5 милиони евра!. Па како нема да му биде кога на фирма во која што како сопственик тој фигурира негова компанија се доделуваат 160 000 евра”, рече Арсовски.

Тој го цитираше законот за спречување на судир за јавни интереси и Кривичниот законик, наведувајќи дека јасно и прецизно била предвидена казна затвор за сите оние кои го прекршуваат Законот за судир на интереси.

Арсовски го побика Јавното обвинителство да поведе постапка против Анѓушев и Деспотовски во врска со грнатот. /МИА

Вицепремиерот Османи се надева на консензус за стратешките прашања

Продолжението од лидерската средба во потесен состав е закажано за в понеделник во 9 часот и се надевам дека ќе најдеме решение за стратешките прашања, што е во интерес на сите граѓани, бидејќи дури 75 отсто од нив се за членство во НАТО и ЕУ.

Ова го изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи по средбата со дебарскиот градоначалник Ружди Љата.

Секој, посочи, треба да направи одредени отстапки доколку се сака да се постигне консензус, како што тоа прва го направи ДУИ, која на почеток беше против одржување на референдум.

- ДУИ активно ќе партиципира во референдумското изјаснување и ќе го подржиме до крај, бидејќи тоа е најдоброто решение за државата, што е идентичен став и на другите албански политички партии во земјава, нагласи Османи

Според него, како главен преговорач во скрининг процесот со ЕУ токму денеска од Дебар го почнал карванот за европеизација на државата и општетството.

- Ова е моја прва теренска активност по назначувањето од страна на Владата за главен преговрач и тој карван за европеизација на државата и општетството го почнувам токму од Дебар. Тука видов дека има капацитет, капацитет има и во Владата и подготвени сме енергијата која се ослободи по добивањето покана за членство во НАТО целосно да ја насочиме кон остварување на обврските. Сметам дека нема да остави индиферентен никого и ќе бидеме дел од таа консензуална желба на граѓаните да бидеме дел од ЕУ и НАТО, рече Османи.

Тој го посети Дебар заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку, како и со неколку заменици-министри.

На средбата со градоначалникот Љата разговарале за досега реализираните проекти, тие кои се во тек на реализација, како и за можностите за нови, кои ќе донесат повеќе нови работни места, поквалитетно здравство, образование и воопшто подобри услови за живот на граѓаните.

притисни ентер