Заев ја прифати фрлената ракавица – ќе се соочи со Мицкоски на ТВ-дуел

Канал 5 и „Само Вистина“ упатија покани до Заев и Мицкоски

 Со ова македонската јавност по две децении ќе го има задоволството да гледа дебата на двајцата лидери на најголемите партии на Македонците, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Заев е веќе во  бугарија на самитот на ЕУ за западен Балкан. Во негово име одговори владиниот портпарол. Во секое време премиерот Заев е подготвен на тв дуел со лидерот на опозицијата, по 20 годишно нивно апстинирање на сите теми од сите аспекти, рече Бошњаковски за Канал 5.

Мицковски вчера по седницата на партискиот централен комитет го повика претседателот на владата Заев да се соочат на телевизија и да разговараат за преговорите за името.

– Да дискутираме за ова прашање, да може тој да ги информира граѓаните република Македонија, за тоа како преговара, за што преговара. Но, и да дискутираме за сите оние фаули што ги прави на полето на економијата, на немањето реформи, во образованието, во здравството, да дискутираме за сите оние погрешни политики што се случуваат оваа измината една година, така што еве можност да можат граѓаните да видат за каква политичка гарнитура станува збор, а ние се разбира да можеме да слушнеме да видиме и да ја дознаеме конечно таа лекција која така одамна ја најавуваше само да можат граѓаните да ја слушнат, па можеби и ќе научиме нешто, рече Мицкоски.

Канал 5 телевизија ја поздрави одлуката и на премиерот Заев и на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за конечно соочување на ставовите на лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја.  Веќе испрати покани за учество во најгледаната и најрелевантнта дебатна политичка емисија, Само Вистина.

Сметаме дека емисијата Само вистина на канал5 телевизија ќе биде најсоодветното место и простор за артикулирање на вашите ставови во интерес - само на вистината- . Затоа,  со надеж дека  ќе добие позитивни одговори го предлагаме  следново...

ТВ дуелот да трае помеѓу 2 и 3 часа, во договор со двајцата лидери.

Сценскиот концепт ќе биде ист како за редовното издание на „Само вистина“.

Пауза на секои 45 или 60 минути во зависност од договореното време

Теми домашна политика, надворешна политика, економија и социјала.

Покрај прашањата подготвени од тимот  на Канал 5 ТВ двајцата лидери имаат можност да предложат по едно прашање за секоја од трите теми.

Сметаме дека горепосочениот формат ќе обезбеди вистинска слика за граѓаните на Македонија кои  мора да ја дознаат „Само Вистината“. Стои во поканата што ја упати Канал 5 телевизија до Заев и до Мицкоски.

Инаку последното телевизиско шоу меѓу двајца лидери  се случи во далечната 1998 година и тоа меѓу Црвенковски и Георгиевски а македонските граѓани уште го паметат по сочните обвинувања што соговорниците си ги упатија еден на друг. 

Во изминатите години и покрај барањата и на Црвенковски и на Заев, поранешниот премиер Груевски не прифати телевизиско соочување во четири очи.

Заев и Мицкоски ќе се соочата во четири очи. Премиерот ја прифати фрлената ракавица на опозицискиот лидер Мицкоски и ќе ги гледаме на тв дебата. Канал 5 ги кани на гости.

Ѓукановиќ ја положи претседателската заклетва

Во црногорската престолнина Цетиње со положување на заклетвата  избраниот претседател Мило Ѓукановиќ  официјално ја презема должноста.

Ѓукановиќ претседателската заклетва ја даде пред пратениците од Собранието на Црна Гора.

-Се колнам  во својата чест дека должноста претседател  на Црна Гора ќе ја извршувам совесно и одговорно за доброто на сите граѓани, рече  Ѓукановиќ во заклетвата.

Покрај пратениците , на свечената седница присуствуваа и поранешните претседатели на Црна Гора, премиери и претседатели на парламентот, како и највисоките државни функционери и челници на државните институции.  

Абас повторно примен во болница

Претседателот на Палестина 83- годишниот Махмуд Абас е примен во болница, според анонимен официјален претставник, Абас имал температура.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска повторно е примен во болница. Ова е третпат во една недела да биде хоспитализиран.

Абас во вторникот имал операција на увото и по неколку часа бил пуштен дома. Вчера повторно беше на кратко во болница.

Резултатите од анализите, како што јави палестинската новинска агенција, пренесувајќи ја изјавата на директорот на болницата, се добри.

Абас има проблеми со срцето, а пред десет години му е дијагностициран рак на простата. Инаку, тој е страстен пушач.

Дамаск ослободен, екстремистите евакуирани

Група екстремисти од Исламската држава се евакуирани од последната енклава под контрола на бунтовниците во близина на Дамаск, со што оваа територија е вратена под контрола на државата.

Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека автобусите влегле во енклавата по полноќ за да ги превезат борците на ИД и нивните семејства.

Според Ројтерс, автобусите се упатиле во правец на провинцијата Бадија во Сирија, подрачје со мал број на жители , кое се наоѓа источно од престолнината Дамаск.

притисни ентер