Видео : По стапките на тато, синот на Марсело виртуоз со топка

Еден од најискусните фудбалери на европскиот шампион Реал Мадрид, Бразилецот Марсело може да се гордее со својот наследник синот Енцо Виера. 

Малиот Енцо веќе почна да чекори по стапките на тато и во соблекувалната на Реал полна со фудбалски велемајстори ги демонстрираше своите фудбалски способности. Синот на Марсело покажа дека има одлична контрола на топката, посебно во играта со глава.

Енцо во соблекувалната на Реал направи нешто што на многумина професионални играчи не им успеало. 

Аланис Морисет во 45. година чека трето дете

Канадската пејачка Аланис Морисет објави на Инстаграм дека чека трето дете .

На црно бела фотографија се гледа нејзинииот стомак , а во текстот напишала,, Толку новости”. Пејачката со сопругот Марио Сулеј Тридвеј , за кого се омажи во мај 2010 има син и ќерка.

Освен што важи за голема поборничка на доење , таа почна и кампања за јасност на постородилната депресија , низ која минувала со двете бремености.

Затворска казна за човекот кој со јајца го гаѓаше лидерот на британската опозиција (ВИДЕО)

Човекот кој скрши јајце од главата на лидерот на британската опозиција Џереми Корбин, заврши во затвор каде ќе помине 28 дена .

Снимката на интерната телевизија го покажува 31 годишниот Џон Марфи како му се приближува на Корбин при неговата посета на центарот на муслиманската заедница во Лондон. Тој беше во посета на центарот во Финсбери Парк на 3 март , заедно со сопругата и сопартијците , кога доби јајце по главата.

Со брза интервенција , било спречено да добие уште јајца , зашто напаѓачот со себе имал цела кутија. При нападот , Марфи извикал ,,почитувај го гласањето” , најверојатно мислејќи на резултатот од референдумот за Брегзит.

Марфи ја признал вината и е осуден на 28 дена затвор плус да палти казна од 115 фунти кон оштетениот.

Двете жени нема да се шетаат низ вселената – НАСА им направила поголеми одела

Американската вселенска агенција НАСА објави дека се откажува планираната историска прошетка на две жени – космонаути , поради недостаток на соодветни одела во Меѓународната вселенска станица.

Така , во петок во вселената ќе се прошета Кристина Кох со нејзиниот колега Ник Хаг , наместо со колешката Ан Меклеин , како што беше првобитно планирано. Доколку Кох и Меклеин заедно го направеа вселенскиот излет, ќе беа евидентирани како први две жени кои заедно се прошетале низ вселената.

Од 1998 , од кога е поставена Меѓународната вселенска станица, се шетале низ вселената само по двајца мажи или маж и жена , но никогаш до сега две жени. Имало вкупно 214 вакви излети.

На вселенската станица имало само еден горен дел со големина М , така што само Кох ќе може да се прошета , додека за Меклеин оделата биле преголеми.

притисни ентер