Фото: Ким редовна во теретана

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан редовно во теретана прави вежби за својот најзначаен дел од телото задникот.

Фитнес инструкторката н открива колку пати неделно Ким  работи вежби за делот од телото кој ја прослави.

-Иако има набиен распоред полн со ангажмани, таа е многу одговорна и никогаш не ги пропушта тренинзите, вели Мелиса Алкантара, инструкторката по фитнес на популарната старлета.

-Ким е најдобриот клиент и најпосветениот вежбач кој може да го замислите, истакна Мелиса за  „ Women's Health“

Според инструкторката Ким најмногу време сака да работи вежби за грбот и нозете. Но сите вежби ги работела само два пати неделно.

-Кога на ред ќе дојдат вежбите за задникот и нозете вообичаено тренингот трае час и половина или час и 45 минути, објасни Мелиса.

Иако редовно ја посетува теретаната на Инстаграмот на Ким нема многу фотки и видеа од вежбањето , како што е случајот кај нејзината сестра Клои.

Жените во овие да хороскопски знаци најтешко се освојуваат

За жените родени во  овие два хороскопски знаци морате добро да се потрудите за да им го освоите срцето.

Овен

Таа секогаш сака да биде во право и се ќе направи за да ви објасни зошто мора да биде токму онака како што вели таа. Овие жени не влегуваат во врска лесно и брзо, а кога “конечно ќе се решат” – тешко е да ги задржите, бидејќи од љубов и внимание, многу поважно им е да бидат независни и “свои”. Затоа, немојте да ја гушите нивната слобода, не барајте да бидете целосно дел од “нивниот свет”, ако сакате жената Овен да да остане со вас.

Девица

Жена перфекционист ќе го забележи секој детаљ кај вас – и добар и лош. Таа не “паѓа” на подароци и гламурозни работи. Нејзе и е важно со што се занимавате и какви се вашите манири, и врз основа на тоа носи одлуки дали сте достојни за нивното внимание или не. Не поднесува лаги и нестабилни личности. Затоа покажете дека сте вистински маж, кој е способен да и го разубави денот, а можеби и животот.

Направите чудотворна лимонада со ѓумбир и куркума која го чисти телото од отровите (рецепт)

Лимонадата со ѓумбир и куркума е позната како вистински еликсир, затоа што го чисти организмот и дава енергија, а го забрзува и метаболизмот.

За да ја направите оваа славна лимонадата потребно е во тенџере да ставите 1 и пол шолја вода, лажичка куркума и лажичка ѓумбир во прав. Доколку немате ѓумбир во прав  можете да го нарендате. Измешајте, поклопете и оставете да се крчка 5 до 10 минути.

Сварената напивка процедете ја и сипете ја во повеќе од половина шолја, па во шолјата додадете половина  цеден лимон. Засладете ја напивката со една лажичка мед.

За најдобро дејство потребно е пиете една шолја од оваа чудесна лимонада дневно!

Фенг шуи експертите откриваат каде треба да стои фигура на слон за да привлечете среќа во домот

Фенг шуи експертите откриваат каде треба во домот да стои фигура на слон за да на оние кои живеат во него им се остварат лични желби.

Слон во близина на влезната врата привлекува среќа за семејството, додека слон во дворот ја штити куќата од негативните влијанија кои доаѓаат од надвор. Фигура на слон во спална соба претставува љубов помеѓу двајца и го чува бракот, додека фигура на мајка слон со бебе слон ги чува добрите односи помеѓу родителите и децата.

Двојки кои посакуваат бебе треба да стават фигура на слон во спална соба, но не заборавајте да ставите ден и во детската соба – тој ќе привлече креативност и знаење.

За да привлечете пари и успех во работата фигура на слон со жаба или мајмун на врв ставете во северен дел од куќата. Слон со крената сурла значи успех, а со спуштена долговечност.

притисни ентер