Манијак провалил во куќата на Ријана

Манијакот кој провали во куќата на Ријана, се задржал внатре најмалку 12 часа.

Едуардо Леон е обвинет за незаконско следење , упад на туѓ имот , вандализам и отпор при апсење. Тој на 9 мај упаднал во домот на славната пејачка во Лос Анџелес и останал таму најмалку 12 часа. За среќа , Ријана во тој период не била дома. Леон  вчера е приведен под сомнение дека ја прескокнал оградата и влегол во куќата на Ријана во Холивуд .

Тој наводно поминал повеќе од 12 часа во куќата , кога бил откриен од асистентот на Ријана и потоа приведен . Доколку биде осуден му се заканува затворска казна од најмногу шест години .

Случајот се уште се истражува од полицијата во Лос Анџелес .

Дете скелет, цената на војната во Јемен (вознемирувачки фотографии)

Детето е едно од пет милиони други деца кои се на чекор до смртта поради војната во Јемен

Гладно но преслабо за да плаче, ова преслабо дете е едно од петте милиони деца кои се на работ на преживување поради кризата со храна во Јемен.

Војната во Јемен е прогласена за најстрашната хуманитарна криза досега.

Тригодишниот конфликт помеѓу Јемен и Саудиска Арабија остави многу гладни и жедни жители.

Лоциран на брегот на Црвеното Море, градот Ходеида е контролиран од бунтовниците и е под блокада од Саудиска Арабија и неговите сојузници.

Невладините организации велат дека храната е “оружје за војување“ во Јемен.

Војната во Јемен започна во 2015 година и досега 10 000 цивили загинале.

Џиновски зеленчук (видео)

Човекот кој го одгледува зеленчукот изјавил дека тој расте многу поради тоа што ги милува своите растенија

Градинарот Крис Еванс, изјавил дека тој постојано го милува својот зеленчук и поради тоа плодовите на истиот се многу поголеми од вообичаениот зеленчук.

Таа техника ја употребувам веќе подолго време и резултатот и видлив, изјавил Крис.

Скокање од зграда со параглајдер (вознемирувачко видео)

Човек скокна од зграда со параглајдер но ветрот предизвика проблеми.

Шокантно видео од скокот со параглајдер од една зграда во Норвешка. Џон Мајкл скокна од 19 кат, но не успеа да го отвори целосно параглајдерот и удри во земјата со голема брзина.

Поради силниот удар, Џон ги скршил двете нозе и бил пренесен во болница каде што заздравува.

притисни ентер