Путин отвори мост возејќи камион (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин ја предводеше колоната на отворањето на мостот на Крим.

Путин возеше камион на чело на колоната на отворањето на 19 километарскиот мост што го поврзува Крим со Русија. Путин се возеше со камион ,,Камаз “ , за потоа да им честита на градежниците кои половина година пред рокот го изградија мостот. Неговиот камион беше на чело на колоната од 30 камиони , кои ја тестираа издржливоста на мостот.

Изградбата на мостот почнала во февруари 2016 , тој има четири коловозни ленти , а дополнително ќе се изградат и две железнички ленти.

Мостот го градеше  компанијата на рускиот милијардер Аркадиј Ротенберг , кој му е спаринг партнер на Путин во џудо.

Филипче и Рашковски во посета на повредените во несреќата кај Лесковац

Филипче и Рашковски ќе ги посетат повредените македонски државјани во болниците во Ниш и во Лесковац.

Министерот за здравство Венко Филипче и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, како и претставник од Амбасадата на Македонија во Белград ќе ги посетат повредените во несреќата што се случи ножеска кај Лесковац кога автобус на  струшки Еуро бус излета од патот.

Филипче и Рашковски ќе ги посетат повредените македонски државјани во болниците во Ниш и во Лесковац.

Од Министерството за надворешни работи информираат дека српските власти ги известиле дека во несреќата загинале три лица, маж на 67 години и две жени. За жените се уште нема потврда на идентитетот.

Автобусот сообраќал на релација Битола-Прилеп-Велес-Табановце-Виена. Според информациите на МИА, едниот од возачите бил од Битола додека вториот од Прилеп.

Во Прилеп автобусот пристигнал околу 19:30 часот и на тамошната автобуска станица во него се качиле 11 патници, потврди шефот на автобуската станица во овој град Љупчо Алексовски.

Српската полиција соопшти дека утринава во 1 часот и 45 минути, на автопатот кај Лесковац, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинале тројца македонски државјани-маж и две жени, а 32 се повредени. Според српската полиција, несреќата се случила кога автобус со македонски регистарски таблички на компанијата Еуро Бус, кој патувал од Битола за Виена, излетал од патот пробивајќи ја заштитната ограда и се превртел кај клучката Печењевци во близина на Лесковац. Возачите на автобусот не се повредени. 

Автобусот кој излета кај Лесковац на струшки „Еуробус" сообраќал од Битола за Виена

Автобусот со македонски регистарски таблички што излета од автопатот кај Лесковац ноќеска во 01:45 часот, е на струшката компанија „Еуробус".  Тргнал синоќа во 19 часот од Битола и сообраќал на редовната линија за Виена.

Сопственикот на „Еуробус" Џитан Истрефи за МИА изјави дека автобусот, произведен во 2006  година, редовно ги поминувал техничките прегледи.

– Испративме друг автобус и наши вработени на местото на несреќата за да ја видат состојбата и да се преземе се што е потребно. Нашите автобуси редовно се сервисираат, кај нас нема грешки, изјави Истрефи, не изнесувајќи други детали за несреќата.

Според досега објавените информации, во несреќата  загинале две жени и еден маж, а се повредени 32 лица.

Како што јавија српските медиуми, во тек е идентификација на жртвите. Четири патници се со повреди опасни по живот, и префрлени се во Клиничкиот центар во Ниш додека останатите се задржани во болницата во Лесковац.

Возачот и совозачот не се повредени, но не смеат да даваат изјави за медиуми. Тројца од патниците со тешки повреди се на интензивна нега во одделот Хирургија болницата во Лесковац додека еден е на Ортопедија. Останатите патници, – 23, се со полесни повреди.

Продолжува ли обидот за манипулација со ЗНМ?

Денес се огласи и екс претседателка на ССНМ, Тамара Чаусидис, која намерно или случајно ја доведува во забуна медиумската јавност

Имено , познатиот медиумски работник, г-ѓа Чаусидис, на чуден начин погрешно го толкува членот 34 од Статутот на ЗНМ и вели дека се броеле само оние кои ГЛАСАЛЕ.
Вчера , за Плусинфо, Насер Селмани ПОТВРДИ дека биле ПРИСУТНИ 175 а гласале 169. Дали на Насер Селмани му е познат терминот „не гласале“ или „бојкот“?
Што не им е јасно на Чаусидис и на Селмани, за да вториот си дозволи да ги убедува своите колеги  за „барање на влакно во јајцето“, не заборавајќи да ги нарече и бедни?
Членот 34 од Статут на ЗНМ е крајно јасен и прецизен и во ставот 2 вели :„ Претседателот на ЗНМ се избира со мнозинство гласови од присутните на изборното собрание.“

Значи - самиот Насер Селмани и неговото раководство, го ставиле или задржале членот 34 од нивниот Статут, во кој доминира зборот ПРИСУТНИ, волшебниот збор кој вчерашното Изборно собрание го делегитимираше!
За потсетување , зборот ПРИСУТЕН означува и се однесува на некого кој „присуствува негде, на некој настан.“

Нејасно е дали и Чаусидис е дел од некоја „игра“ или ненамерно не прави разлика помеѓу ПРИСУТНИ и ОНИЕ КОИ ГЛАСАЛЕ, па таа самата си толкува што се „смета“ а што не. 

За нејзина жал, Статут на ЗНМ е доследен,и од него произлегува дека - 86те гласа за Младен Чадиковски го прават НЕЛЕГИТИМЕН Претседател !
На потег се новинарите но и  државните институции.

притисни ентер