Милан тргнува по Мемфис Депај

Една од ѕвездите на Олимпик Лион, Мемфис Депај, е број 1 во трансфер листата на Милан за летна селекција, објави „Тутоспорт“.
Дваесет и четири-годишниот Холанѓанец беше привлечен од Луис ван Гал во Манчестер Јунајтед, а потоа играше под водство на Жозе Мурињо, но беше продаден во Лион минатиот јануари.

Мемфис Депај има 44 натпревари и 14 гола во Лига 1, а за холандската репрезентација зад себе има 34 натпревари и 8 гола./МИА

СП 2018: Јапонија започна со изненадувачка победа над Колумбија

Репрезентацијата на Јапонија постигна многу вредна победа со 2:1 над фаворитот Колумбија во првата средба и за двата тима на Мундијалот во Русија.

Дуелот се одигра на стадионот „Мордовија Арена“ во Саранск, а јужноамериканците го одиграа речиси целиот натпревар со човек помалку, откако уште во четвртата минутам Карлос Санчез беше избркан поради игра со рака во шеснаесетникот.

Тој направи пенал, кој беше реализиран од Кагава, а со генијална изведба од фаул, Кинтеро израмни во 39-тата минута на средбата.

Победата за „самураите“ ја донесе Осака во 72-та минута, кога го постигна победоносниот гол со глава.

По овој натпревар, Јапонија е лидер во групата „Х“, во која се уште Полска и Сенегал, чиј натпревар почнува од 17 часот. /МИА

СП 2018: Нејмар не тренираше

 Најдобриот фудбалер на Бразил, Нејмар го пропушти тренингот по натпреварот од 1.коло против Швајцарија од Е-групата на Светско првенство 2018 кој заврши нерешено 1:1.

Во текот на натпреварот, бразилската ѕвезда неколкупати доби силни удари во нозете, но изјави дека нема сериозни повреди.

Според бразилските медиуми, Нејмар го пропушти тренингот, бидејќи стручниот штаб му даде поштеда стравувајќи за неговото здравје поради грубата игра на противниците насочена кон него.

На следниот дуел од Мундијалот, Бразил на 22 јуни ќе игра со Костарика. 

Велшки Њу Сејнтс противник на Шкендија во првото квалификациско коло за ЛШ

 Македонскиот фудбалски првак Шкендија ќе игра со Њу Сејтс од Велс во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Ова е исходот по денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.

Тетовци можат да бидат задоволни од извлекување со оглед на тоа што можеа да добијат далеку посилни противници.

Првиот меч ќе се игра на 10/11 јули кога Шкендија ќе биде домаќин. Реваншот во Велс е седум дена подоцна. 

притисни ентер