Вилијамс со проблеми со новиот болид пред почетокот на сезоната во Ф1

Вилијамс призна дека нивниот нов болид има проблеми со стабилноста при влегувањето во свиоците.
Тоа е првиот Вилијамс, кој работи со погонска единица на Мерцедес (FW41), создаден од самиот почеток од техничкиот директор Педи Лоу, и бележи сериозна промена во концептот во споредба со претходните автомобили.

Лоу вели дека проблемите за кои се зборува треба да се отстранат по Барселона.

- Искрено, стабилноста на свиоците е многу распространет проблем, но работите се потешки за нас, вели техничкиот директор.

Тој додаде дека ако успеат да го направат ова, тие ќе можат да запишат подобри времиња во обиколките, бидејќи другите аспекти на автомобилот функционираат многу добро. Лоу, исто така, објасни дека проблемите не се должат само на еден фактор, и дека е нормално да ги имаат кога тимот ќе преземе нов пат на развој на болидот.

- Имаше многу големи промени како во развојниот тим, така и во самиот болид. Може и да одземе време за развој и усовршување во текот на сезоната, па дури и следната, смета тој.

Сепак, Педи Лоу покажа целосна доверба во способностите на неговиот тим./МИА 

СП 2018: Јапонија започна со изненадувачка победа над Колумбија

Репрезентацијата на Јапонија постигна многу вредна победа со 2:1 над фаворитот Колумбија во првата средба и за двата тима на Мундијалот во Русија.

Дуелот се одигра на стадионот „Мордовија Арена“ во Саранск, а јужноамериканците го одиграа речиси целиот натпревар со човек помалку, откако уште во четвртата минутам Карлос Санчез беше избркан поради игра со рака во шеснаесетникот.

Тој направи пенал, кој беше реализиран од Кагава, а со генијална изведба од фаул, Кинтеро израмни во 39-тата минута на средбата.

Победата за „самураите“ ја донесе Осака во 72-та минута, кога го постигна победоносниот гол со глава.

По овој натпревар, Јапонија е лидер во групата „Х“, во која се уште Полска и Сенегал, чиј натпревар почнува од 17 часот. /МИА

СП 2018: Нејмар не тренираше

 Најдобриот фудбалер на Бразил, Нејмар го пропушти тренингот по натпреварот од 1.коло против Швајцарија од Е-групата на Светско првенство 2018 кој заврши нерешено 1:1.

Во текот на натпреварот, бразилската ѕвезда неколкупати доби силни удари во нозете, но изјави дека нема сериозни повреди.

Според бразилските медиуми, Нејмар го пропушти тренингот, бидејќи стручниот штаб му даде поштеда стравувајќи за неговото здравје поради грубата игра на противниците насочена кон него.

На следниот дуел од Мундијалот, Бразил на 22 јуни ќе игра со Костарика. 

Велшки Њу Сејнтс противник на Шкендија во првото квалификациско коло за ЛШ

 Македонскиот фудбалски првак Шкендија ќе игра со Њу Сејтс од Велс во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Ова е исходот по денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.

Тетовци можат да бидат задоволни од извлекување со оглед на тоа што можеа да добијат далеку посилни противници.

Првиот меч ќе се игра на 10/11 јули кога Шкендија ќе биде домаќин. Реваншот во Велс е седум дена подоцна. 

притисни ентер