Алба: Челзи ќе се обиде да игра со Барселона, како и на првиот натпревар

Одбранбениот фудбалер на Барселона, Жорди Алба во пресрет на вечерашниот реванш осминафинален дуел од Лигата на шампионите со Челзи, изјави дека англискиот првак ќе игра слично како на „Стемфорд Бриџ“.


- Очекуваме Челзи да игра на истиот начин како и на првата средба. Тие внимателно ќе се брната и ќе се обидат од противнапади да го загрозат нашиот гол. Тоа ќе биде тешка борба. Се надевам дека на крајот ние ќе се радуваме, нагласи Алба.

Првиот натпревар заврши со резултат 1:1.

Почеток на средбата на „Камп Ноу“ е во 20 часот и 45 минути. 

Мурињо: Англија мора да го порази Тунис, но исто така се зборуваше и за Бразил и Аргентина

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, смета дека репрезентацијата на Англија мора да го совлада Тунис на дуелот од Светското првенство 2018.

- Дали го гледавте Тунис како играше со Португалија. Искрено, не ми се допадна тој натпревар. Тунис по својот потенцијал и стил е сличен на Мароко. Англија треба да победи, но истото тоа важеше и за Бразил и за Аргентина. Мислам дека натпреварот ќе биде интересен, изјави Мурињо.

Натпреварот Тунис – Англија ќе се игра во Волгоград вечер со почеток во 20 часот.

Три часа претходно (од 17 часот) ќе почне другиот меч од 1.коло во Г-групата меѓу Белгија и Панама. 

СП 2018: Фаворитот Бразил одигра нерешено со Швајцарија

Уште еден од големите фаворити на Мундијалот во Русија забележа неуспешен старт. 

Бразил одигра само 1:1 против Швајцарија во натпревар од групата „Е“, во кој се уште Србија и Костарика. 

Филипе Кутињо реализираше по извонреден удар во 20-тата минута, но во 50-тата Стивен Цубер изедначи со главата. „Кариоките“ имаа претензии за прекршок од страна на Цубер при голот, но судиите не обрнаа внимание. 

Покрај тоа, Бразилците инсистираа и на пенал за Габриел Жезус во 73-тата минута, но овој протест исто така не вроди со плод.

Одличен натпревар одигра Нејмар, кој изгледа дека е целосно закрепнат од повредата. Напаѓачот на Пари Сен Жермен беше кошмар за играчите во црвено со неговите постојани пробиви, а Швајцарците постојано го фаулираа.

На крајот на краиштата, тактиката на „крстоносците“ им донесе важен бод во борба за пласман во елиминациската фаза. /МИА

СП 2018: Светскиот шампион на колена, Мексико со голема победа на стартот

Светскиот шампион Германија загуби 0:1 од Мексико на првиот меч од групата „Ф“ на Светското првенство на стадионот „Лужники“ во Москва. 

Ирвинг Лозано го постигна единствениот гол во 35-тата минута за Мексико. 

Бундестимот направи серија грешки во првото полувреме, а можеше да прими уште барем еден гол. 

По паузата, Германците заиграа посилно, но уште повеќе ја поставија својата одбранбена линија на проблеми. 

Во 89-тата минута, Јулијан Брант ја погоди гредата, а блиску до гол беа Марио Гомез и Јулијан Дракслер.

Вториот натпревар од групата помеѓу Јужна Кореја и Шведска се игра утре (18 јуни) од 14 часот. /МИА

притисни ентер