Карик и официјално објави дека ја завршува својата кариера

Халфот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик официјално објави дека ќе ја прекине кариерата по крајот на оваа сезона.
Причините за тоа се проблемите со срцето, поради кои 36-годишниот фудбалер се подложи на операција. Од таа причина, искусниот играч од средниот ред има само четири натпревари оваа сезона.

Уште во јануари менаџерот Жозе Мурињо откри дека ова ќе биде последна сезона на Карик, кој од летото ќе стане најверојатно дел од штабот на Португалецот.

Откако се приклучи на Манчестер Јунајтед од Тотенхем во 2006 година, Мајкл Карик одигра 463 натпревари за „црвените ѓаволи“ и постигна 24 голови.

- Доаѓа време кога твоето тело ти вели да престанеш да играш фудбал. За мене тој момент речиси дојде. Откако се појавија моите проблеми со срцето, размислував два или три дена дали треба да продолжам понатаму. Се вратив доволно подготвен и сакав да ја завршам кариерата така како што јас сакам. Треба да се одржувам во форма и да бидам подготвен. Се надевам дека ќе добијам уште време на теренот до крајот на сезоната. Се уште се забавувам за време на тренинзите. Се обидувам да помагам многу повеќе, бидејќи разбирам каде се наоѓам, изјави Карик на специјалната прес-конференција, на која ја објави својата одлука. 

СП 2018: Уругвај ја совлада Саудиска Арабија и обезбеди пласман во осминафинале

Уругвај со минимални 1:0 ја совлада Саудиска Арабија во второто коло од групата А на Светското првенство во Русија.

Уругвајците ја забележаа втората победа на Мундијалот и обезбедија место во осминафиналето.

Стрелец на победничкиот гол беше Луис Суарез во 24-та минута, кој го искористи невниманието на одбрана на Саудиска Арабија.

Во останатиот дел од натпреварот Уругвајците успеаа да го обранат минималното водство доволно за победа.

Место во нокаут фазата од оваа група обезбеди и Русија, која исто така по двете кола освои максимални шест бода. /МИА

СП 2018: Роналдо и донесе победа на Португалија против Мароко

Португалија со минимални 1:0 го совлада Марoко во групата Б на Светското првенство во Русија.

Стрелец на победничкиот гол во четвртата минута беше Кристијано Роналдо.

Во текот на целиот натпревар Мароко ја имаше иницијативата, особено во вториот дел кога се обиде сериозно да го загрози португалскиот гол.

Меѓутоа, Португалија успеа да се обрани и неколку пати се обиде да го зголеми водството преку контранапади.

Мароко со два порази ги загуби шансите за пласман во следната фаза, а Португалија со четири освоени бода е на чекор од осминафиналето. /МИА

Вардар против Пјуник, Хонвед противник на Работнички, Шкупи против славниот Глазгов Р. во 1. коло од Лигата на Европа

 Вардар за противник во 1. квалификациско коло во Лигата на Европа ќе го има тимот на Пјуник од Ерменија.

Ова е резултат на ждрепката која денеска се одржа во седиштето на УЕФА во Нион.

Првиот натпревар треба да се игра на 12 јули во Ереван, а на реваншот седум дена подоцна, Вардар да биде домаќин. 

До сега Вардар нема играно официјален европски натпревар против тим кој доаѓа од Ерменија, додека Пјуник два пати ги има одмерено силите со македонски претставник, односно со Победа и со Тетекс, каде што два пати беше успешен. 

Унгарскиот Хонвед прв ривал на Работнички во ЛЕ

 Екипата на Хонвед е противник на Работнички во првото квалификациско коло од Лигата на Европа на УЕФА. Ова го одреди денешниот ждреб во Нион.

Првиот меч ќе се одигра на 12.јули во Будимпешта, додека реваншот треба да се одигра седум дена подоцна во Скопје.

Минатата сезона Хонвед го заврши на четвртото место во првенството на Унгарија. 

Шкупи го доби славниот Глазгов Ренџерс за ривал во квалификациите од ЛЕ

Трофејниот шкотски клуб Глазгов Ренџерс ќе му биде противник на Шкупи во првото квалификациско коло од фудбалската Лига Европа.

Првиот натпревар на 12 јули ќе се игра во Шкотска, а во реваншот домаќин ќе биде Шкупи.

Претходно на жрепката во седиштето на УЕФА во Нион, ривалите за првата рудна ги добија и другите два македонски претставника.

Вардар ќе игра со Пјуник од Ерменија, додека Работнички ќе се сретне со Хонвед од Унгарија. 

притисни ентер