Скандалозно однесување на легендата на Ливерпул (видео)

Англиските медиуми обелоденија скандал предизвикан од поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер кој плукна 14-годишно девојче.

Карагер кој работи како ТВ аналитичар на Скај Спорт, во саботата навечер по поразот на Ливерпул од Манчестер Јунајтед враќајќи се со автомобил застана паралелно до друг автомобил во кој се наоѓаше 14-годишно девојче. Во еден момент таткото на девојчето го препознало легендарниот фудбалер и му викнал:

- Еј Џејми, беше 2:1, а Карагер возвратил со плуканица која завршила од страна на седиштето на кое седела 14-годишната ќерка.

- Тато, тој плука на мене, рекла девојката, која беше разочарана од таквиот примитивен гест на прочуен фудбалер.

Карагер подоцна се извини, а медиумите јавуваат дека тој се соочува со отказ од телевизијата за која работи.

ЕУФОР ќе патролира ширум БиХ

Стратешките резервни сили на ЕУФОР распоредени во Босна и Херцеговина во текот на месецот и во мај заедно со вооружените сили на БИХ ќе патролираат низ земјата, а не само во Пале и во источно Сараево, објави ЕУФОР.

ЕУФОР соопшти дека распоредувањето на овие сили не е поврзано со ништо друго и дека овие активности се планирани долго време и се насочени кон постигнување на редовни цели за обука.

Оклопните возила на резервните сили на ЕУФОР вчера беа распоредени во центарот на Пале, поради што градоначалникот на општината Бошко Југовиќ испрати писмо до командата на ЕУФОР со барање претходно да биде известена локалната администрација за таквите активности.

ЕУ одвои 10 милиони евра за помош на украинските истражувачи-бегалци

Европската комисија денеска соопшти дека издвоила дополнителни 10 милиони евра наменети за поддршка на истражувачите кои биле принудени да ја напуштат Украина поради војната. 

Станува збор за средства алоцирани преку програмата „Марија Склодовска-Кири акции“, која е создадена за да ги поддржува раселените украински истражувачи од почетокот на руската агресија врз Украина.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овие дополнителните средства ќе им овозможат на најмалку 50 истражувачи, вклучително и докторанти и доктори на науки кои ја напуштиле Украина, да продолжат со својата работа на истражувачки проекти на универзитети, компании, истражувачки центри и други институции со ЕУ и во земји вклучени во програмата „Хоризонт Европа“, меѓу кои е и Северна Македонија.

- Тоа, исто така, ќе им овозможи на истражувачите пристап до обука, вештини и можности за развој на кариерата. Специфична поддршка ќе биде достапна и за организациите кои се домаќини на истражувачите и за оние соработници кои се преселени заедно со нивните семејства, се додава во соопштението на ЕК.

Преку програмата „Марија Склодовска-Кири акции“, која е дел од пошироката поддршка на ЕУ за Украина, досега се поддржани 125 раселени украински истражувачи, кои се обучуваат и работат во 21 земја.

ЕУ неодамна отвори и Канцеларија на „Хоризонт Европа“ во Киев и воспостави инструмент за помош на украинските технолошки компании во рамки на Европскиот совет за иновации (ЕИЦ). Дополнително, формиран е и Центар на Европскиот институт за иновации и технологија (EИТ) во Украина, што треба да им овозможи пристап до партнери, пазари, опрема, обуки и инвестиции на оние украински иноватори кои ќе останат во нивната земја.

Мицкоски: Направивме увид во градежните активности во 3 клучни проекти

Направивме увид во градежните активности во 3 клучни проекти спортска сала, училиште и авантуристички парк, по формирање на влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализираат уште поголем број проекти.

Градежните активности и реализацијата на проектите во општина Охрид продолжуваат со несмалена динамика.

Градоначалникот Пецаков заедно со тимот, администрацијата, советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот Пецаков по оној историски момент кога ја одблокира општина од децениски долгови и неколку јавни претпријатија продолжува со несмалена динамика да ги реализира ветувањата кон граѓаните, ги подобрува условите во општина Охрид и ја збогатува туристичката понуда нешто што му е важно на Охрид.

Она кое е денес предмет на нашата посета е увид во градежните активности во 3 клучни проекти спортска сака, училиште и авантуристички парк.

Јас само можам да посакам на овој прв ден од кампањата за парламентарните избори да посакам уште многу вакви проекти.

Знам дека амбицијата на градоначалникот Пецаков е огромна, знам дека неговата желба да направи проект повеќе за охриѓани е огромна и таа желба ќе биде уште поинтензивна откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада и ќе се реализираат уште поголем број проекти, дури и проекти кои се за доброто на охриѓани, а истовремено можеби не биле дел од ветувањата во кампањата за локалните избори во 2021.

Уште еднаш му честитам на Кире, честитам на администрацијата на советниците кои ја поддржуваат работата на досегашните пратеници во македонскиот парламент, но и идните пратеници во македонскиот парламент кои несебично до сега, а и во иднина ќе ја поддржуваат развојот на Охрид и ќе соработуваме со градоначалникот Пецаков и администрацијата овде.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер