Дибирова: Бодовите од Подгорица се тешки, но победивме

Ракометарките на Вардар на гостувањето во Подгорица го совладаа тимот на Будуќност со 30:25.
Средбите меѓу двата тима изминативе четири години се вистинско балканско ракометно дерби.

Синоќешниот натпревар иако немаше резултатска важност за двата тима, сепак гледавме атрактивна игра без компромиси.
На прес-конференцијата по натпреварот во Подгорица двата тренери ги пренесоа своите размислувања.

- Му честитам на Будуќност за пласманот во четвртфиналето на лигата на шампионите и им посакувам многу успех. Имаат добар тим и одличен тренер, а за една-две години ќе бидат одлична екипа. Ние на овој натпревар не бевме комплетни. Ни недостигаше Андреа Лекиќ. Важно е дека ракометарките го издржаа овој меч, одиграа колку што требаше и пред сѐ победивме. Сите знаеме дека овде секогаш се игра тешко, и уште потешко се освојуваат бодови. Ние успеавме. Сега останува да се фокусираме на следите натпревари од лигата на шампионите, истакна тренерот на Вардар, Ирина Дибирова.
Вардар оваа сезона во меѓусебните дуели секогаш беше поуспешен од Будуќност.

- Привилегија ни е што сезонава имаме можност за толку средби против Вардар. Ни недостигаат такви средби за да напредуваме. Публиката ни помогна за да издржиме и да дадеме силен отпор. Девојките беа на највисоко ниво сезонава од сите средби против Вардар. Верувам дека оваа игра против Вардар ќе ни даде самодоверба против Ѓер. На Вардар му посакувам да заврши на Ф4, па ако може и да се сретнеме таму. Ако не се сретнеме тогаш му посакувам на Вардар да ја освои титулата бидејќи има одлични ракометарки и одличен стручен штаб, наведе тренерот на Будуќност, Драган Аџиќ.

Во следната четвртфинална фаза Вардар ќе игра против дански Митјиланд./МИА

СП 2018: Уругвај ја совлада Саудиска Арабија и обезбеди пласман во осминафинале

Уругвај со минимални 1:0 ја совлада Саудиска Арабија во второто коло од групата А на Светското првенство во Русија.

Уругвајците ја забележаа втората победа на Мундијалот и обезбедија место во осминафиналето.

Стрелец на победничкиот гол беше Луис Суарез во 24-та минута, кој го искористи невниманието на одбрана на Саудиска Арабија.

Во останатиот дел од натпреварот Уругвајците успеаа да го обранат минималното водство доволно за победа.

Место во нокаут фазата од оваа група обезбеди и Русија, која исто така по двете кола освои максимални шест бода. /МИА

СП 2018: Роналдо и донесе победа на Португалија против Мароко

Португалија со минимални 1:0 го совлада Марoко во групата Б на Светското првенство во Русија.

Стрелец на победничкиот гол во четвртата минута беше Кристијано Роналдо.

Во текот на целиот натпревар Мароко ја имаше иницијативата, особено во вториот дел кога се обиде сериозно да го загрози португалскиот гол.

Меѓутоа, Португалија успеа да се обрани и неколку пати се обиде да го зголеми водството преку контранапади.

Мароко со два порази ги загуби шансите за пласман во следната фаза, а Португалија со четири освоени бода е на чекор од осминафиналето. /МИА

Вардар против Пјуник, Хонвед противник на Работнички, Шкупи против славниот Глазгов Р. во 1. коло од Лигата на Европа

 Вардар за противник во 1. квалификациско коло во Лигата на Европа ќе го има тимот на Пјуник од Ерменија.

Ова е резултат на ждрепката која денеска се одржа во седиштето на УЕФА во Нион.

Првиот натпревар треба да се игра на 12 јули во Ереван, а на реваншот седум дена подоцна, Вардар да биде домаќин. 

До сега Вардар нема играно официјален европски натпревар против тим кој доаѓа од Ерменија, додека Пјуник два пати ги има одмерено силите со македонски претставник, односно со Победа и со Тетекс, каде што два пати беше успешен. 

Унгарскиот Хонвед прв ривал на Работнички во ЛЕ

 Екипата на Хонвед е противник на Работнички во првото квалификациско коло од Лигата на Европа на УЕФА. Ова го одреди денешниот ждреб во Нион.

Првиот меч ќе се одигра на 12.јули во Будимпешта, додека реваншот треба да се одигра седум дена подоцна во Скопје.

Минатата сезона Хонвед го заврши на четвртото место во првенството на Унгарија. 

Шкупи го доби славниот Глазгов Ренџерс за ривал во квалификациите од ЛЕ

Трофејниот шкотски клуб Глазгов Ренџерс ќе му биде противник на Шкупи во првото квалификациско коло од фудбалската Лига Европа.

Првиот натпревар на 12 јули ќе се игра во Шкотска, а во реваншот домаќин ќе биде Шкупи.

Претходно на жрепката во седиштето на УЕФА во Нион, ривалите за првата рудна ги добија и другите два македонски претставника.

Вардар ќе игра со Пјуник од Ерменија, додека Работнички ќе се сретне со Хонвед од Унгарија. 

притисни ентер