Федерер недопирлив до јуни

Рожер Федерер со сегашните 10.060 поени може да се задржи на првото место на АТП листата подолго од очекуваното, а на тоа големо влијание ќе има и Рафаел Надал.
На швајцарскиот тенисер  на врвот  најмногу му се заканува Надал, кој поради повреда не играше на турнирот во Акапулко, а ги откажа и  Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами.

Ова на Федерер ќе му овозможи полесна борба за одбрана на првото место.

Разликата меѓу нив е 600 поени, но Надал загуби 300 поради пропуштање на Акапулко, а по Индијан Велс и Мајами ќе загуби уште 690.

Доколку  Федерер биде елиминиран во четвртфиналето или порано на Индијан Велс, Надал ќе стане број еден на 19 март. Но, ако швајцарскиот тенисер ги одбрани титулите во Индијан Велс и Мајами, ќе остане „забетониран“ на првата позиција.

Федерер  исто така може да остане прв и по Мајами, ако освои една од двете титули, или, пак, на еден од турнирите стигне до финале, а на другиот до четвртфинале, или ако стигне до полуфинале на двете натпреварувања.

Дури и ако Федерер се откаже од Мајами, а победи на Индијан Велс, ќе биде прв со  разлика од само 35 поени до јуни./МИА

СП 2018: Белгија убедливо ја совлада Панама

Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0 во првиот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Белгиската репрезентација доминираше на теренот во текот на целиот натпревар и без поголеми проблеми дојде до победа.

Првиот гол во 47 минута го постигна Дрис Мертенс, а потоа Ромелу Лукаку прво во 68 минута зголеми на 2:0, а седум минути подоцна беше прецизен за конечни 3:0.

Во вториот натпревар од оваа група во Волгоград ќе се соочат Англија и Тунис. /МИА

СП 2018: Јеро: Имаме целосна доверба во Де Геа

Селекторот на шпанската репрезентација Фернандо Јеро изјави дека голманот Давид де Геа е смирен и сталожен по натпреварот со Португалија, во кој направи неколку грешки и прими три гола од португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо.

Соседското дерби меѓу Шпанија и Португалија заврши со реми 3:3.

- Забележав дека Давид е смирен и сталожен. Во него сите имаме целосна доверба. Тимот имаше еден слободен ден и морам да кажам дека играчите се поопуштени, истакна Јеро.

Шпанија следниот натпревар го игра на 20 јуни против Иран. /МИА

СП 2018: Шведска со пенал ја совлада Јужна Кореја

Шведска со гол од пенал на натпреварот против Јужна Кореја стигна до минимална победа од 1:0 во групата Ф на Светското првенство во Русија.

Натпреварот во Нижи Новогород изобилуваше со прекршоци. Јужна Кореја покажа подобра игра во почетокот, контролирајќи го поседот на топката. Меѓутоа, најсериозната шанса во првиот дел ја имаше Шведска преку Маркус Берг, но голманот на Јужна Кореја Чо Хјун-Ву имаше уште одлична интервенција.

Швеѓаните во второто полувреме доминираа на терен. Во 61-та минута Ким Мин-Ву го фаулираше Виктор Клаесон, а судијата Агиљар по прегледување на снимката од ВАР системот досуди пенал за Шведска.

Капитенот Андреас Гранквист го реализираше пеналот за водство на Шведска од 1:0.

Во оваа група Шведска и Мексико водат со по три бода, а Германија и Јужна Кореја се без бодови. /МИА

притисни ентер