Ѓоковиќ: Не сум партнер на Пике, но идејата е одлична

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ги демантираше информациите дека заедно со Жерард Пике ќе инвестира во реорганизација на Дејвис купот, но додава дека идејата е одлична.
- Се изненадив кога го слушнав тоа. Не сум дел од групата која го финансира проектот и не сум бизнис партнер на Пике. Како претседател на Унијата на играчи и човек кој го сака спортот, сакам само да помогнам. Можеби ме поврзале со него бидејќи често контактиравме изминатиот период. Како претседател на Унијата на играчи бев дел од преговорите, но немам корист од овој договор, изјави Ѓоковиќ во интервју за „Паризиен“.
Според српскиот тенисер идејата е одлична, при што наведува дека десет години се залагал за менување на постојниот формат.
- Се уште мислам дека постојниот систем не е добар и последните години го покажаа тоа, бидејќи малку тенисери постојано играа на Дејвис купот, потенцира српскиот тенисер.
Меѓународната тениска федерација ја потврди соработката со компанијата „Космос“, чиј сопственик е Пике, а со договорот вреден три милијарди долари треба да се реформира Дејвис купот.
Новиот турнир е предвидено да се игра на крајот од секоја година и ќе претставува Светско екипно првенство во тенис./МИА

СП 2018: Уругвај ја совлада Саудиска Арабија и обезбеди пласман во осминафинале

Уругвај со минимални 1:0 ја совлада Саудиска Арабија во второто коло од групата А на Светското првенство во Русија.

Уругвајците ја забележаа втората победа на Мундијалот и обезбедија место во осминафиналето.

Стрелец на победничкиот гол беше Луис Суарез во 24-та минута, кој го искористи невниманието на одбрана на Саудиска Арабија.

Во останатиот дел од натпреварот Уругвајците успеаа да го обранат минималното водство доволно за победа.

Место во нокаут фазата од оваа група обезбеди и Русија, која исто така по двете кола освои максимални шест бода. /МИА

СП 2018: Роналдо и донесе победа на Португалија против Мароко

Португалија со минимални 1:0 го совлада Марoко во групата Б на Светското првенство во Русија.

Стрелец на победничкиот гол во четвртата минута беше Кристијано Роналдо.

Во текот на целиот натпревар Мароко ја имаше иницијативата, особено во вториот дел кога се обиде сериозно да го загрози португалскиот гол.

Меѓутоа, Португалија успеа да се обрани и неколку пати се обиде да го зголеми водството преку контранапади.

Мароко со два порази ги загуби шансите за пласман во следната фаза, а Португалија со четири освоени бода е на чекор од осминафиналето. /МИА

Вардар против Пјуник, Хонвед противник на Работнички, Шкупи против славниот Глазгов Р. во 1. коло од Лигата на Европа

 Вардар за противник во 1. квалификациско коло во Лигата на Европа ќе го има тимот на Пјуник од Ерменија.

Ова е резултат на ждрепката која денеска се одржа во седиштето на УЕФА во Нион.

Првиот натпревар треба да се игра на 12 јули во Ереван, а на реваншот седум дена подоцна, Вардар да биде домаќин. 

До сега Вардар нема играно официјален европски натпревар против тим кој доаѓа од Ерменија, додека Пјуник два пати ги има одмерено силите со македонски претставник, односно со Победа и со Тетекс, каде што два пати беше успешен. 

Унгарскиот Хонвед прв ривал на Работнички во ЛЕ

 Екипата на Хонвед е противник на Работнички во првото квалификациско коло од Лигата на Европа на УЕФА. Ова го одреди денешниот ждреб во Нион.

Првиот меч ќе се одигра на 12.јули во Будимпешта, додека реваншот треба да се одигра седум дена подоцна во Скопје.

Минатата сезона Хонвед го заврши на четвртото место во првенството на Унгарија. 

Шкупи го доби славниот Глазгов Ренџерс за ривал во квалификациите од ЛЕ

Трофејниот шкотски клуб Глазгов Ренџерс ќе му биде противник на Шкупи во првото квалификациско коло од фудбалската Лига Европа.

Првиот натпревар на 12 јули ќе се игра во Шкотска, а во реваншот домаќин ќе биде Шкупи.

Претходно на жрепката во седиштето на УЕФА во Нион, ривалите за првата рудна ги добија и другите два македонски претставника.

Вардар ќе игра со Пјуник од Ерменија, додека Работнички ќе се сретне со Хонвед од Унгарија. 

притисни ентер