Тони Надал: Федерер е подобар од Рафа, не е поголем од него

Роџер Федерер доби голем комплимент од вујкото и долгогодишен тренер на неговиот најголем ривал во текот на годините, Рафаел Надал - Тони.
За Надал постариот, Федерер во моментов е „најдобриот на сите времиња“ - мислење, кое го делат многумина.
Триесет и шест годишниот Швајцарец ја освои својата рекордна 20-та Гренд слем титула пред еден месец, триумфирајќи по шести пат на Австралија Опен. Федерер минатат недела се врати и на првото место на светската ранг-листа.

- Во моментов, Роџер е најдобриот на сите времиња. Никој не го постигнал она што го постигнал тој. Род Лејвер исто така беше многу добар, но никој не освои 20 Гренд слем титули, Дејвис купот и многу големи победи. Рафаел има 16 Гренд слем титули, четири пати триумфираше во Дејвис купот, но Федерер е подобар, тој е најдобар. Мислам дека тој е способен да игра на тоа ниво уште некое време, изјави Тони Надал во интервју за ТенисНет.

На прашањето дали Рафа Надал ќе биде дел од АТП турнејата кога ќе има 36 години, Тони вели: „Не можам да кажам. Но, ако е здрав, не гледам зошто не би можел. Ако Рафаел гледа можност да освојува големи турнири, тој може да игра уште неколку години“./MИА

СП 2018: Белгија убедливо ја совлада Панама

Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0 во првиот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Белгиската репрезентација доминираше на теренот во текот на целиот натпревар и без поголеми проблеми дојде до победа.

Првиот гол во 47 минута го постигна Дрис Мертенс, а потоа Ромелу Лукаку прво во 68 минута зголеми на 2:0, а седум минути подоцна беше прецизен за конечни 3:0.

Во вториот натпревар од оваа група во Волгоград ќе се соочат Англија и Тунис. /МИА

СП 2018: Јеро: Имаме целосна доверба во Де Геа

Селекторот на шпанската репрезентација Фернандо Јеро изјави дека голманот Давид де Геа е смирен и сталожен по натпреварот со Португалија, во кој направи неколку грешки и прими три гола од португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо.

Соседското дерби меѓу Шпанија и Португалија заврши со реми 3:3.

- Забележав дека Давид е смирен и сталожен. Во него сите имаме целосна доверба. Тимот имаше еден слободен ден и морам да кажам дека играчите се поопуштени, истакна Јеро.

Шпанија следниот натпревар го игра на 20 јуни против Иран. /МИА

СП 2018: Шведска со пенал ја совлада Јужна Кореја

Шведска со гол од пенал на натпреварот против Јужна Кореја стигна до минимална победа од 1:0 во групата Ф на Светското првенство во Русија.

Натпреварот во Нижи Новогород изобилуваше со прекршоци. Јужна Кореја покажа подобра игра во почетокот, контролирајќи го поседот на топката. Меѓутоа, најсериозната шанса во првиот дел ја имаше Шведска преку Маркус Берг, но голманот на Јужна Кореја Чо Хјун-Ву имаше уште одлична интервенција.

Швеѓаните во второто полувреме доминираа на терен. Во 61-та минута Ким Мин-Ву го фаулираше Виктор Клаесон, а судијата Агиљар по прегледување на снимката од ВАР системот досуди пенал за Шведска.

Капитенот Андреас Гранквист го реализираше пеналот за водство на Шведска од 1:0.

Во оваа група Шведска и Мексико водат со по три бода, а Германија и Јужна Кореја се без бодови. /МИА

притисни ентер