Здружението на кошаркари ќе добие ново раководство

Здружението на кошаркари на Македонија утре од 15 часот во Конгресната сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе го одржи редовното Годишно собрание на кое треба да биде избрано ново раководство.


- На ова собрание ќе имаме можност да избереме нова управувачка структура, нови членови на управниот и надзорниот одбор бидејќи на дел од сегашните членови им истекува мандатот. Исто така на ова собрание ќе имаме можност да дискутираме за нови ставови и идеи околу натамошното работење на самото здружение, начините на функционирање, план и програма за идни чекори, нови активности и барања до клубовите и МКФ, како и подигнување на нивото на организација на самото здружение.

Играчите се најважната алка во кошарката и поради тоа сакаме и во иднина на еден формален и здружен начин да ја продолжиме заложбата за подобра кошаркарска Македонија. Условите во кошарката и општо во спортот кај нас се уште се на пониско ниво од посакуваното и веќе со години го искажуваме нашето незадоволство. Нашата цел е подобра и поквалитетна кошарка, задоволни и мотивирани кошаркари и полни сали. Со таа цел ќе продолжиме со низа активности за кои сме убедени дека ќе вродат со плод. Придружете ни се во сабота да се запознаете со нашата визија и да ја споделите својата визија, стои во соопштението на Здружението на кошаркарски играчи.

Се напила кафе од автомат и се онесвестила- ја спасиле во болница, а во чашата е најден ужас

Неименуваната девојка преживеала драма и поминала 36 часа на интензивна нега, пред лекарите да успеат да ѝ ја санираат состојбата.

Бизарната приказна започнала на аеродромот во близина на Палма де Мајорка откако испила кафе од автомат и сфатила дека има чуден вкус. Неколку моменти подоцна, доживеала анафилактичен шок.

Шпанскиот Ултима Хора објави дека имало куп инсекти во пластичната чаша. Лицето на 21-годишната девојка почнало да отекува, а грлото да ѝ се затвора.

Здравствените служби ѝ дале адреналин, пред да биде сместена на интензивна нега.

Нејзиното семејство наводно поднело жалба против властите на аеродромот. Тие тврдат дека присуството на инсекти во пластична чаша претставува „закана за јавното здравје“.

Тие наведуваат и дека машината била лошо одржувана, што „ризикувало повреди на луѓето“.

Европскиот парламент усвои резолуција со која изборите во Русија се прогласени за „нелегитимни“

Европскиот парламент денеска усвои резолуција со која се осудуваат наводните нелегитимни претседателски избори во Русија и „руските окупирани територии во Украина“, одржани од 15 до 17 март 2024 година.

Членовите на Европскиот парламент ги повикуваат земјите-членки на ЕУ и меѓународната заедница да не го признаваат исходот од изборите како легитимен, бидејќи, како што наведуваат, тие се одржале на нелегално окупираните територии на Украина и во Русија и „не биле ниту слободни. ниту фер“.

„Оваа фарсична изведба на руските власти имаше единствена цел да создаде привид на изборен легитимитет за Владимир Путин, неговата политика на безмилосна домашна репресија и, пред сè, за војната агресија против Украина“, се вели во соопштението објавено на Веб-страница на ЕП.

Исто така, жали што унгарскиот премиер Виктор Орбан одлучил да се повлече од ЕУ и му честита на Владимир Путин за неговиот „лажен реизбор“.

„Парламентот ги повикува земјите-членки да ги ограничат односите со Путин на прашања неопходни за регионален мир, како и хуманитарни цели и цели за човекови права, на пример, размена на затвореници, враќање на децата депортирани од Украина или повикување на ослободување на политички затвореници. “, се вели во соопштението.

Се додава дека ЕУ треба да изрази целосна солидарност со руското граѓанско општество и да ги санкционира сторителите на кршење на човековите права.

„Пратениците на Европскиот парламент ги повикуваат ЕУ и земјите-членки да продолжат активно да ги поддржуваат независните руски граѓански организации, независните медиуми и бранителите на човековите права и активно да се ангажираат и да понудат поддршка на руската демократска опозиција“, се заклучува во соопштението.

Резолуцијата е усвоена со 493 гласа за, 11 против и 18 воздржани.

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера, ве снајде народ

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина. 

Народот не сака да биде под јаремот на 100тина души од ДУИ со држава дадена на услуга на Али Ахмети, вели Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во Струга во рамки на претседателските и парламентарни избори.

Мицкоски порача дека народот е посилен од секое сценарио на владата на СДСМ и ДУИ, и им се заблагодари на граѓаните за поддршката и победата.

Народот покажа дека е посилен од секое сценарио, од секоја шема направена од истите политичари кои со години крадат и се богатат на грбот на сиромашниот и напатен народ. Им доаѓа крајот, цунамито се крена, а потресот го направивте вие народот на Македонија и ви благодарам за тоа, кажа Мицкоски.

Претседателот Мицкоски им порача на СДСМ и Ковачевски да не се чудат што ги снашло, односно како што рече тој нека не се чудат јас ќе им одговорам, ги снашол народ.

Нека не се чудат што ги снашло. Јас ќе им дадам одговор. Ги снашол народ, порача Мицкоски.

Мицкоски додаде дека вчерашниот резултат е одговор за предавствата, аферите, криминалот и понижувањата на Македонија и граѓаните од владата на СДСМ и ДУИ.

Изборите вчера беа одговор за тоа што ја одземаа контролата на државата затоа што донесоа предавства понижувања и криминал. Затоа што направија 600.000 луѓе да живеат само со 150 денари на ден, 80.000 ги оставија во тешка сиромаштија. Направија да сме на врвот во Европа по инфлација и криминал, тешко се живее. Тоа оди се на контото на Ковачевски, Али Ахмети и Стево Пендаровски, рече тој и додаде:

Што се не се случи овие години, рекети, скандали, афери, Соравии, запалени болници, превртени автобуси, крах при ковид кризата, печалење од болните на Онкологија, за кој нема одговорност. Сето тоа е начинот на кој владее оваа власт. Одговорот стигна вчера. Дупла победа во Струга против Стево Пендаровски и СДСМ.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има план и програма Платформа 1198 со која ќе ја трансформира Македонија напред и вели дека работата се уште не е завршена, односно дека финалето следува на 8 мај каде што граѓаните ќе треба да дадат црвен картон на владата.

Работата не е завршена. Победата е голема. Финалето следи на 8 мај. Имаме противник кој нема да жали средства ниту методи за да си ги задржат фотелјите. Добија жолт картон вчера, на 8 мај треба да добија црвен. Црвен картон за цела влада. Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавства. Сите нивни понижувања кои ги прават посебно изминатите денови. Ова е револуција на народот на Македонија и таа нема да запре. Затоа ве молам, ве молам за поддршка од сите. Повикувам за сеопшто државно обединување на народот и сите сегменти на општеството против оваа влада, нагласи Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер