Агаси: Сакам да му помогнам на Ѓоковиќ, не ми требаат пари

Андре Агаси, кој од ланскиот Ролан Гарос е дел од тимот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, вели дека работи без никаков финансиски надоместок и нагласува дека единствено што сака е да му помогне.

Тој досега неколку пати повтори дека на тимот му се приклучил на сопствен трошок.

- Одбивам да земам било што од Новак, вклучително и пари за трошоци – тоа не ме интересира. Сакам само да му помогнам и тоа ме радува, вели Агаси.
Легендарниот американски тенисер во изјавата се присети и на првиот тренинг со Ѓоковиќ.

- Внимателно го набљудував како игра на земјена подлога и просторот што го покрива е исклучителен, наведува Агаси.

Тој вели дека како тренер на Ѓоковиќ се чувствува многу подобро, бидејќи во периодот кога активно играл го мразел тенисот.

- Сега се чувствувам многу подобро отколку во периодот кога во својата книга напишав дека го мразам овој спорт. Конечно, повторно се пронајдов во ова, потенцира Агаси.

Најдобриот српски тенисер по операцијата на лактот на раката најверојатно уште неколку месеци нема да може да се натпреварува, што пак му донесе драстичен пад на АТП листата./МИА

Аустриан ерлајнс го започна својот штрајк кој ќе трае 36 часа

Триесет и шестчасовниот штрајк на вработените во Аустриан Ерлајнс (Austrian Airlines) почна денеска и веќе има откажани летови, јавија австриските медиуми. 

Според одлуката на синдикатот „Вида“, денеска и утре ќе бидат откажани вкупно 400 летови. Најмногу беа погодени аеродромите во Виена, Инсбрук, Грац и Клагенфурт, како и околу 50 илјади патници, според податоците на авиокомпанијата.

Аустриан Ерлајнс проценува 24 милиони евра загуби предизвикани од откажување летови во текот на тековните колективни преговори за договарање. Спорот за колективниот договор за труд трае веќе со недели, а досега 17 рунди преговори се без резултат. Синдикатот најави нова работна средба за 4 април.

Стотици летови се откажани од почетокот на преговорите. Откажани се и летовите од Виена до Скопје и обратно. На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Дебата на тема„Има помош за живот без насилство“ во организација на УНФПА

Веќе трета година по ред во Македонија се спроведува  проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Македонија“ под покровителство на министерството за труд и социјала, британската амбасада и УНФПА.

Во рамки на проектот досега функционира програмата за реинтеграција на жртви, моделот за шелтер-засолниште на жртви на семејно насилство, а се даваат и препораките за подобрување на услугите на сос линиите за помош на жртвите.

Продолжува ископувањето со багер на страната на куќата каде што исчезна 2- годишната Данка

Уште едно потресно видео од Бањско Поље денеска.

Заврши ископувањето на едната страна од куќата во која завчера исчезна малата Данка Илиќ (2).

Како што јави репортерот на Телеграф од местото на настанот, копањето со багер продолжило од другата страна на куќата.

Екипата на порталот Телеграф.рс и денеска е пред куќата на семејството Илиќ каде во вторникот околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2) и се уште се трага по неа. Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, а пред неа пристигнал багер.

Полицијата претходно отворале шахти околу куќата на семејството Илиќ.

Како што дознаваме, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.

Да потсетиме, Данка исчезнала во моментот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинесто сако, а косата и беше врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Алерт наречен „Најди ме“.

По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи на ГСС, како и бројни мештани. По 27 часа МУП го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поље.

притисни ентер