Ледецка по злато во супервелеслалом, но се откажа од спустот

Чешката сноубордерка Естер Ледецка, која го освои златото во супервелеслалом на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, се откажа од трката во спуст.

Чешката олимпијка со ова е првата шампионка во супервелеслалом која нема да скија во спуст, по Дајан Роф од Игрите во 1994 година.
Ледецка, чија специјалност е сноубордот, триумфирајќи во супервелеслалом го направи најголемото изненадување во алпско скијање.

Таа трката ја заврши за една минута, 21 секунда и 11 стотинки и тоа на скии кои претходно ги користела најдобрата скијачка на денешницата Михаела Шифрин.

На чешката олимпијка во Пјонгчанг в четврток и претстојат натпреварувањата во паралелен велеслалом и сноуборд.

СДСМ: Изборите минаа во фер и демократска атмосфера

На прес конференцијата по завршувањето на гласањето за првиот круг на претседателските избори портпаролката Богданка Кузевска констатира дека изборите биле фер и демократски. 

Драма на перон: Сакала да влезе во воз во движење, но се сопнала (ВИДЕО)

Немил настан се случил на 17 април во аргентинскиот град Морено, а чудо е што е избегната трагедија.

На социјалните мрежи е објавено видео од неименувана девојка која се обидува да се качи на воз во движење, но работите тргнаа наопаку.

На видеото го гледаме како се обидува да фати воз, очајно сакајќи да влезе внатре, но се сопнува и паѓа меѓу композицијата и перонот.

Еден од патниците и обезбедувањето веднаш дотрчале кај несреќната жена која останала да лежи покрај пругите. На почетокот не е јасно дали преживеала.

Кога сфатиле дека сè уште дише, повикале помош и била пренесена во болницата „Де Ла Вега“, јавува Лакале Блу радио.

Лекарите ѝ ги санирале повредите, па била згрижена.

ВМРО-ДПМНЕ : Силјановска Давкова со 44,56% , Пендаровски 18,36% од гласовите

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, НА 10 % обработени податови , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 23.644 гласа или 44,56%.

На второ место е Стево Пендаровски со 9740 гласа, односно 18,36 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 7473 гласа или 14,08% , Максим Димитриевски 3687 гласа или 6,95% , Арбен Таравари 5010 гласа или 9,44% , Билјана Ванковска 2026 гласа или 3,82 % и Сревчо Јакимовски 366 или 0,69%.

притисни ентер