Давитков го објави конечниот список за втората рунда претквалификации за ЕП 2021

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков го скрати списокот на кошаркари повикани за првиот собир на репрезентацијата која продолжува со натпреварувањето во претквалификациите за ЕП 2021.
Од тројцата „странци“ кои беа во поширокиот список, Давитков се одлучи за крилниот центар на Галатасарај, Ричард Хендрикс.

Првиот собир, сениорите ќе го одржат во среда (21 февруари) во спортскиот центар „Јане Сандански“ во 17:00 часот. Во истата сала во недела (25 февруари) со почеток во 20:15 минути сениорите ќе го одиграат третиот натпревар од првата рунда во рамки на претквалификациите со Словачка против која славевме на гостински терен во ноември.

Влезот на натпреварот ќе биде бесплатен.

Конечен список на кошаркари за натпреварот со Словачка:

Војдан Стојановски (Демир Инсаат Бујукчекмеџе)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Александар Костоски (БЦМУ Питешти)
Дарко Соколов (МЗТ Скопје Аеродром)
Адем Мекиќ (Куманово)
Бобан Стајиќ (Куманово)
Андреј Магдевски (Гостивар)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд)
Димитар Караџовски (Куманово)
Стојан Ѓуроски (Блокотехна)
Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кирил Николовски (Работнички)
Љубомир Младеновски (Илирија Љубљана)
Бојан Крстевски (Работнички)
Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
Ричард Хендрикс (Галатасарај).

СП 2018: Уругвај ја совлада Саудиска Арабија и обезбеди пласман во осминафинале

Уругвај со минимални 1:0 ја совлада Саудиска Арабија во второто коло од групата А на Светското првенство во Русија.

Уругвајците ја забележаа втората победа на Мундијалот и обезбедија место во осминафиналето.

Стрелец на победничкиот гол беше Луис Суарез во 24-та минута, кој го искористи невниманието на одбрана на Саудиска Арабија.

Во останатиот дел од натпреварот Уругвајците успеаа да го обранат минималното водство доволно за победа.

Место во нокаут фазата од оваа група обезбеди и Русија, која исто така по двете кола освои максимални шест бода. /МИА

СП 2018: Роналдо и донесе победа на Португалија против Мароко

Португалија со минимални 1:0 го совлада Марoко во групата Б на Светското првенство во Русија.

Стрелец на победничкиот гол во четвртата минута беше Кристијано Роналдо.

Во текот на целиот натпревар Мароко ја имаше иницијативата, особено во вториот дел кога се обиде сериозно да го загрози португалскиот гол.

Меѓутоа, Португалија успеа да се обрани и неколку пати се обиде да го зголеми водството преку контранапади.

Мароко со два порази ги загуби шансите за пласман во следната фаза, а Португалија со четири освоени бода е на чекор од осминафиналето. /МИА

Вардар против Пјуник, Хонвед противник на Работнички, Шкупи против славниот Глазгов Р. во 1. коло од Лигата на Европа

 Вардар за противник во 1. квалификациско коло во Лигата на Европа ќе го има тимот на Пјуник од Ерменија.

Ова е резултат на ждрепката која денеска се одржа во седиштето на УЕФА во Нион.

Првиот натпревар треба да се игра на 12 јули во Ереван, а на реваншот седум дена подоцна, Вардар да биде домаќин. 

До сега Вардар нема играно официјален европски натпревар против тим кој доаѓа од Ерменија, додека Пјуник два пати ги има одмерено силите со македонски претставник, односно со Победа и со Тетекс, каде што два пати беше успешен. 

Унгарскиот Хонвед прв ривал на Работнички во ЛЕ

 Екипата на Хонвед е противник на Работнички во првото квалификациско коло од Лигата на Европа на УЕФА. Ова го одреди денешниот ждреб во Нион.

Првиот меч ќе се одигра на 12.јули во Будимпешта, додека реваншот треба да се одигра седум дена подоцна во Скопје.

Минатата сезона Хонвед го заврши на четвртото место во првенството на Унгарија. 

Шкупи го доби славниот Глазгов Ренџерс за ривал во квалификациите од ЛЕ

Трофејниот шкотски клуб Глазгов Ренџерс ќе му биде противник на Шкупи во првото квалификациско коло од фудбалската Лига Европа.

Првиот натпревар на 12 јули ќе се игра во Шкотска, а во реваншот домаќин ќе биде Шкупи.

Претходно на жрепката во седиштето на УЕФА во Нион, ривалите за првата рудна ги добија и другите два македонски претставника.

Вардар ќе игра со Пјуник од Ерменија, додека Работнички ќе се сретне со Хонвед од Унгарија. 

притисни ентер