ЗОИ 2018: Хиршер победник во првата алпска дисциплина во Пјогчанг

Австриецот Марсел Хиршер го освои златниот медал во првата алпска дисциплина од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг - алпска комбинација.

Хиршер утрово извози солиден спуст, по што беше одличен во слаломот создавајќи недостижна предност (2:06.52 секунди) за конкурентите.

За шесткратниот освојувач на Светскиот куп, ова е прв медал на Олимпијадите и прв за Австрија во алпска комбинација по пауза од две децении.

Сребрениот и бронзениот медал отидоа на контото на Франција. Алексис Пинтуро беше втор со вкупно заостанување од 23 стотинки, додека Виктор Муфат – Жанде се најде на третата позиција со нешто над една секунда побавно време од победникот.

Следната трка од алпските дисциплини на Игрите во Јужна Кореја на програмата е утре кога ќе се вози женскиот слалом. 

Буфон: Ќе ми треба една седмица да донесам конечна одлука

Џанлуиџи Буфон се уште не донел конечна одлука дали и каде ќе ја продолжи кариерата и ги демантира шпекулациите кои се појавија во светските медиуми дека веќе се договорил со Пари Сен Жермен.

Францускиот шампион му упати покана на Буфон кариерата да ја продолжи во француската престолнина.

Буфон се повлече од Јувентус по 17 години поминати во торинскиот гигант. Тој во саботата за последен пат играше натпревар за „старата дама“.

- Ќе ми треба барем една недела, за да се смирам и да дојдам на себе по заминувањето на Јувентус. Има 40 години, минато ми е времето да носам спонтани и избрзани решенија. Треба внимателно да анализирам ситуацијата, бидејќи изборот не е лесен, изјави Буфон за „Скај Спорт“. 

Усека прв пат во историјата ќе игра во Примера

За првпат во клупската историјата, екипата на Усека ќе игра во најсилната шпанска фудбалска лига. 

Уеска ја победи Луга со 2:0 во последнито натпревар од 40. коло во Сегунда и на две рунди пред крајот создаде недостижни седум бода предност пред Спортинг од Хихон, кој е на третото место.

Усека ќе биде тимот со најмал стадион во историјата на Примера. „Ел Алкорас“ има капацитет од само 5.500 илјади гледачи. Досега прв на оваа листа беше Еибар со „Мунисипал“ кој собира 7.000 посетители.

Во следните две рунди од Сегунда шанси за прволигашки пласман има Рајо Ваљекано, додека за место во плејофот ќе се борат Спортинг Хихон, Сарагоса, Ваљадолид и Кадиз, Нумансија, Овиедо и Осасуна.

Од Приемра испаднаа Ла Коруња, Лас Палмас и Малага. 

Емери наследник на Венгер во Арсенал

Унаи Емери ќе биде новиот менаџер на Арсенал, пренесе Би-Би-Си, наведувајќи дека разговорите на раководството на премиерлигашот со младиот шпански тренер Микел Артета не завршила позитивно.

Се очекува денеска или утре и официјално Арсенал да го промовира досегашниот тренер на ПСЖ.

46-годишниот Емери претходно работеше во Лорка, Алмерија, Валенсија, Спартак Москва и Севиља со која има три трофеи во Лига Европа. 

притисни ентер