Сити на Гвардиола убедливо најскап тим на светот

Тимот на Манчестер сити, кој го предводи Пеп Гвардиола, со вложени 878 милиони евра е убедливо најскапа екипа во светот, се наведува во истражувањето на фудбалската опсерваторија при Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) со седиште во Нешател, Швајцарија.
„Граѓаните“ застанаа на врвот на оваа листа благодарение на трансферот на Емерик Лапорт од Атлетик Билбао, а за неговите услуги беа потрошени 67 милиони фунти.

ПСЖ се наоѓа на второто место со 805 милиони евра, иако минатото лето Бразилецот Нејмар се пресели во Париз за рекордни 222 милиони евра.

Манчестер јунајтед на Мурињо е трет со вкупно 747 милиони евра, додека Барселона е четврта со 725 милиони.

Од ЦИЕС оценуваат дека според економската логика меѓу најскапите екипи треба да се бараат и минатогодишните финалисти од Лигата на шампионите, но сепак Реал Мадрид со 497 милиони евра е на шесто, а Јувентус со 448 милиони е на осмото место.

Меѓу десетте најскапи тимови се и Челзи на петто место со 592 милиони, Ливерпул е седми со 461 милион, Арсенал е деветти со 403 милиони и Евертон со 365 милиони евра е на десетто место. /МИА

Буфон: Ќе ми треба една седмица да донесам конечна одлука

Џанлуиџи Буфон се уште не донел конечна одлука дали и каде ќе ја продолжи кариерата и ги демантира шпекулациите кои се појавија во светските медиуми дека веќе се договорил со Пари Сен Жермен.

Францускиот шампион му упати покана на Буфон кариерата да ја продолжи во француската престолнина.

Буфон се повлече од Јувентус по 17 години поминати во торинскиот гигант. Тој во саботата за последен пат играше натпревар за „старата дама“.

- Ќе ми треба барем една недела, за да се смирам и да дојдам на себе по заминувањето на Јувентус. Има 40 години, минато ми е времето да носам спонтани и избрзани решенија. Треба внимателно да анализирам ситуацијата, бидејќи изборот не е лесен, изјави Буфон за „Скај Спорт“. 

Усека прв пат во историјата ќе игра во Примера

За првпат во клупската историјата, екипата на Усека ќе игра во најсилната шпанска фудбалска лига. 

Уеска ја победи Луга со 2:0 во последнито натпревар од 40. коло во Сегунда и на две рунди пред крајот создаде недостижни седум бода предност пред Спортинг од Хихон, кој е на третото место.

Усека ќе биде тимот со најмал стадион во историјата на Примера. „Ел Алкорас“ има капацитет од само 5.500 илјади гледачи. Досега прв на оваа листа беше Еибар со „Мунисипал“ кој собира 7.000 посетители.

Во следните две рунди од Сегунда шанси за прволигашки пласман има Рајо Ваљекано, додека за место во плејофот ќе се борат Спортинг Хихон, Сарагоса, Ваљадолид и Кадиз, Нумансија, Овиедо и Осасуна.

Од Приемра испаднаа Ла Коруња, Лас Палмас и Малага. 

Емери наследник на Венгер во Арсенал

Унаи Емери ќе биде новиот менаџер на Арсенал, пренесе Би-Би-Си, наведувајќи дека разговорите на раководството на премиерлигашот со младиот шпански тренер Микел Артета не завршила позитивно.

Се очекува денеска или утре и официјално Арсенал да го промовира досегашниот тренер на ПСЖ.

46-годишниот Емери претходно работеше во Лорка, Алмерија, Валенсија, Спартак Москва и Севиља со која има три трофеи во Лига Европа. 

притисни ентер