Тотенхем го освои дербито на Северен Лондон, Кејн повторно стрелец

Тотенхем одигра уште еден силен натпревар на „Вембли“ и заслужено го порази Арсенал со 1:0 во 195-то дерби од Северен Лондон.

Хари Кејн (49) го постигна единствениот гол денеска, кој е 23-ти за него од почетокот на сезоната во Премиер Лигата.

Англичанецот пропушти уште две или три шанси, додека Деле Али и Ерик Ламела можеа да ја направат победата на Тотенхем поголема. Добрите интервенции на Питер Чек останаа единственото позитивно нешто во презентацијата на „топџиите“.

По сите пропуштени можности, „петлите“ можеа да изгубат бодови во додаденото време, но ударот на Александар Лаказет помина неколку сантиметри од целта.

Тотенхем се искачи на третото место пред натпреварите на Ливерпул и Челзи, а тимот на Маурисио Почетино освои седум поени во тешката серија натпревари против Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал./МИА

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер