Прва победа на Лара Гут по една година

Швајцарката, Лара Гут е победничка на денешната супер-велеслаломска трка од Светскиот куп во алпско скијање, која се одржа во италијанскиот центар Кортина д’Ампецо.
До својата прва победа во оваа дисциплина, воедно и прва по пауза од една година, Гут стигна со резултат 1 минута 14,78 секунди, што беше за 14.стотинки побрзо од второ пласираната Јохана Шнарф од Италија.

Третото место го освои Австријката, Николе Шмидхофер која имаше 22.стотинки послабо постигнување од Швајцарката.

За Гут ова беше прва победа сезонава во Светскиот куп, а вкупно 24 во кариерата., со која изби и на првото место во Генералниот поредок во супер-велеслалом со 339 бодови, пред Тина Вајрајтер од Лихтенштајн која има 18 помалку.

Ова беше шестта од вкупно осумте трки во оваа дисциплина, но последна пред Олимписките игри во Пјонгкчанг.

Во севкупниот поредок во Светскиот куп и натаму водечка е Американката Михаела Шифрин со 1.447 бод, пред Вајрајтер која има 601, и Италијанката, Гоџија која остана на 570 бодови.

Фото: Вардар пристигна во Келн

Ракометарите на Вардар денеска пристигнаа во Келн каде викендов ќе ги играат натпреварите на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Вардарци кои ќе ја бранат титулата се првиот тим што пристигна во германскиот град. Доаѓањето на другите три полуфиналисти, сите се од Франција, е најавено за попладне.

За денеска планиран е и првиот тренинг, пред саботниот полуфинален меч со Монпеље.

Македонскиот шампион се надева дека ќе биде првиот тим што ќе го одбрани шампионскиот трофеј во ЛШ.

Наполи го претстави Карло Анчелоти за нов тренер

Италијанскиот фудбалски клуб Наполи го претстави Карло Анчелоти за нов тренер.

Фудбалскиот стручњак потпиша тригодишен договор вреден 6,5 милиони евра по сезона.

Претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис пред неколку часа соопшти дека ја прекинале соработката со тренерот Маурицио Сари.

Анчелоти претходно беше тренер на Парма, Милан, Јувентус, Челзи, Реал Мадрид, ПСЖ и последно во Баерн Минхен. За него ова ќе биде прво враќање во Серија А по девет години.

Наполи заврши на второто место во Серија А  и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите./МИА

Леконт: Ѓоковиќ веднаш требаше да го оперира лактот

Поранешниот француски тенисер Анри Леконт изјави дека проблемот на Новак Ѓоковиќ е од ментална природа и се забележува дека не ужива на теренот. 

Според Леконт, најдобриот српски тенисер донел лоша одлука кога станува збор за неговото лечење и веднаш требало да замине на операција на лактот.

- Проблемот на Ѓоковиќ е од ментална природа. Мора да бидете решителни и да уживате во процесот на враќање. Се сомневам дека тој ужива на теренот, а треба да верува и да си докаже на себеси дека тоа е можно. Тој е одличен играч и мора повторно да освојува големи натпревари, но факт е дека не се врати на вистинскиот начин, потенцира поранешниот француски тенисер.

Според него за Ѓоковиќ не би било добро повторно да соработува со Борис Бекер.

- Најголемата грешка на Ѓоковиќ беше тоа што премногу долго ја одложуваше операцијата  на лактот, истакна Леконт.

Ѓоковиќ по тешкиот старт во 2018 година и по разочарувачките резултати, конечно на турнирот во Рим почна да игра на повисоко ниво, но се уште далеку од неговите најдобри периоди./МИА

притисни ентер