Вујовиќ: Ги знам нашите предности ќе го искористиме тоа

Иако првиот противник на македонските ракометари на Европското првенство, селекцијата на Словенија има сериозни проблеми околу составот, сепак нивниот селектор Веселин Вујовиќ верува дека неговите избраници можат да ја совладаат Македонија.
Искусниот стратег, кој одличен ги знае можностите на нашата селекција, смета дека брзата игра е предноста која Словенија ќе треба да се искористи.
- Македонија игра бавно и позиционо во нападот. Тие ретко прават технички грешки што им дава поголема предност на теренот. Нам ни останува да го наметнеме брзото темпо на игра. Мислам дека тоа е вистинското решение за да го добиеме противникот. Ги знам нашите предности и ќе се обидат тоа да им го наметнам на моите ракометари на теренот, изјави црногорскиот стратег на клупата на Словенија.

Што се однесува до здравствениот билтен, за разлика од словенечката репрезентација која се соочува со неколку повредени играчи, во составот на Македонија се е во најдобар ред, а атмосферата во тимот како и секогаш е на високо ниво.

Селекторот Раул Гонзалес во неколку наврати потенцира дека мечот со Словенија е исклучително важен за понатамошниот тек на шампионатот.
Вториот дуел од Ц групата на Европскиот шампионат, меѓу Македонија и Словенија ќе се игра утре во терминот од 19 часот и 30 минути.

Претходно во терминот од 17 часoт и 15 минути ќе играат Германија и Црна Гора./MИА

СП 2018: Белгија убедливо ја совлада Панама

Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0 во првиот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Белгиската репрезентација доминираше на теренот во текот на целиот натпревар и без поголеми проблеми дојде до победа.

Првиот гол во 47 минута го постигна Дрис Мертенс, а потоа Ромелу Лукаку прво во 68 минута зголеми на 2:0, а седум минути подоцна беше прецизен за конечни 3:0.

Во вториот натпревар од оваа група во Волгоград ќе се соочат Англија и Тунис. /МИА

СП 2018: Јеро: Имаме целосна доверба во Де Геа

Селекторот на шпанската репрезентација Фернандо Јеро изјави дека голманот Давид де Геа е смирен и сталожен по натпреварот со Португалија, во кој направи неколку грешки и прими три гола од португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо.

Соседското дерби меѓу Шпанија и Португалија заврши со реми 3:3.

- Забележав дека Давид е смирен и сталожен. Во него сите имаме целосна доверба. Тимот имаше еден слободен ден и морам да кажам дека играчите се поопуштени, истакна Јеро.

Шпанија следниот натпревар го игра на 20 јуни против Иран. /МИА

СП 2018: Шведска со пенал ја совлада Јужна Кореја

Шведска со гол од пенал на натпреварот против Јужна Кореја стигна до минимална победа од 1:0 во групата Ф на Светското првенство во Русија.

Натпреварот во Нижи Новогород изобилуваше со прекршоци. Јужна Кореја покажа подобра игра во почетокот, контролирајќи го поседот на топката. Меѓутоа, најсериозната шанса во првиот дел ја имаше Шведска преку Маркус Берг, но голманот на Јужна Кореја Чо Хјун-Ву имаше уште одлична интервенција.

Швеѓаните во второто полувреме доминираа на терен. Во 61-та минута Ким Мин-Ву го фаулираше Виктор Клаесон, а судијата Агиљар по прегледување на снимката од ВАР системот досуди пенал за Шведска.

Капитенот Андреас Гранквист го реализираше пеналот за водство на Шведска од 1:0.

Во оваа група Шведска и Мексико водат со по три бода, а Германија и Јужна Кореја се без бодови. /МИА

притисни ентер