Премија од 100.000 евра за ракометарите ако стигнат до полуфинале на ЕП

Ракометната федерација на Македонија , односно претседателот Живко Мукаетов ветил премија од 100.000 евра за ракометарите, доколку успеат да стигнат до полуфиналето на Европскиот шампионат во Хрватска.
Ова е најголемата премија која досега е во „игра“ за една наша селекција.

Воедно, првиот човек на РФМ, Мукаетов ги одреди и премиите за пласман во фаза на ЕП, а таа ќе изнесува 30.000 евра, односно доколку црвено-жолтите завршат на петото или шестото место тогаш премијата ќе изнесува 60.000 евра.

Ова секако е одличен стимул за нашите ракометари што подобро да се презентираат на Европското првенство, иако овие премии се далеку од она што германските репрезентативци би го заработиле за евентуален златен медал на турнирот, односно сума од 250.000 евра.

Македонија утре го игра првиот натпревар на ЕП против Словенија во рамки на групата Ц со почеток во 19.30 часот во Загреб. /МИА

СП 2018: Пекерман: Не е лесно да играш со 10 фудбалери

Селекторот на колумбиската фудбалска репрезентација, Хозе Пекерман призна дека раниот црвен картон го предодредил исходот на дуелот со Јапонија. 

„Самураите“ ја надиграа Колумбија со 2:1 во првата средба од групата „Х“ на Мундијалот во Русија.

- Не е лесно кога ќе изгубиш играч во првите три минути, но успеавме да се справиме со тоа. Дури го израмнивме резултатот со намален состав. Јапонија успеа да се адаптира кон ситуацијата и успеа да даде гол, бидејќи играше подобро. Ние ќе се справиме со овој пораз и ќе покажеме на што сме способни во следните два натпревари. Ние изгубивме поради замор. Јапонците беа посвежи, изјави Хозе Пекерман по мечот. /МИА

СП 2018: Сенегал ги казни грешките на Полска

Сенегал е првиот африкански тим кој забележа победа на Светското првенство во Русија, откако ја совлада Полска со 2:1 во вториот натпревар од групата „Х“. 

Полскиот дефанзивец Тиаго Чонек си даде авто-гол во 37-та минута по ударот на Идриса Гај, а во 60-тата, Мбае Нијанг ја искористи големата грешка во одбраната на противникот за да реализира за 2:0. 

Во 86-тата минута, Григориј Криховјак врати еден гол, но тоа беше сè што успеаја да направат Полјаците.

Со овој дуел беше ставен крај на првото коло во групната фаза на Мундијалот. /МИА

СП 2018: Јапонија започна со изненадувачка победа над Колумбија

Репрезентацијата на Јапонија постигна многу вредна победа со 2:1 над фаворитот Колумбија во првата средба и за двата тима на Мундијалот во Русија.

Дуелот се одигра на стадионот „Мордовија Арена“ во Саранск, а јужноамериканците го одиграа речиси целиот натпревар со човек помалку, откако уште во четвртата минутам Карлос Санчез беше избркан поради игра со рака во шеснаесетникот.

Тој направи пенал, кој беше реализиран од Кагава, а со генијална изведба од фаул, Кинтеро израмни во 39-тата минута на средбата.

Победата за „самураите“ ја донесе Осака во 72-та минута, кога го постигна победоносниот гол со глава.

По овој натпревар, Јапонија е лидер во групата „Х“, во која се уште Полска и Сенегал, чиј натпревар почнува од 17 часот. /МИА

притисни ентер