Интервју со Александар Ставрев, меѓународен фудбалски судија

Александар Ставрев веќе неколку години наназад е најдобриот македонски фудбалски судија, добивајќи ги за судење најтешките или дерби натпревари на македонските фудбалски терени, а се почесто и во европските лигашки и репрезентативни натпреварувања. Неодамна ја доби и наградата од Фудбалската федерација на Македонија за најдобар арбитер во 2017-та.


Како го оценувате судењето во досегашниот дел од првенството, дали условите се соодветни, посебно во Првата лига и колку субјективизмот е причина за честите реакции и вербални напади брз арбитрите?

Условите во нашата прва лига споредбено со Европа можеби се на малку пониско ниво, меѓутоа во изминатите години Фудбалската федерација на Македонија во соработка со неколку општини прави напори за подобрување. Поправени или изградени се нови терени со осветлување на пет стадиони. Останува на општините како обврска да се изградат трибини и да се покријат тие трибини и да се реновираат или да се изградат службени простории. И во таа насока мислам дека се движиме полека напред. Се надевам дека во годините што доаѓаат и клубовите со поддршка на федерацијата ќе можат многу повеќе да инвестираат, во подобрување на квалитетот на своите екипи, купување на поскапи и поквалитетни играчи. Со тоа, нели, ќе се покрене и квалитетот на лигата и нас ќе ни биде едноставно подобро, бидејќи ќе имаме поквалитетни натпревари да го покренеме и квалитетот на судењето воопшто во земјата. Во последните две кола на некои терени имавме и недобри услови за натпревар, еден од тие натпревари беше одложен, беше одреден друг терен каде ќе се игра. Меѓутоа, верувајте и во другите европски земји, особено во земјите што ни се во околината во овој период на годината, декември, јануари условите за одржување на терените се тешки.

Каква е состојбата со македонските судии, имате ли посериозна конкуренција?

Општ е впечатокот и на одговорните во Фудбалската федерација, но и во клубовите во македонската лига, дека судењето можеби е ниво повисоко отколку фудбалот општо. Тоа е факт, тоа е констатација која што се забележува во изминативе неколку години. За да се постигне тоа ФФМ вложува напори, инвестира во обука на фудбалските судии, редовно се одржуваат семинари на кои членовите на Судискиот комитет ни нудат теоретска помош, видео анализи на ситуации од македонското првенство, меѓународни натпревари. Се инвестира во судењето, се инвестира во судиите. Листата на фудбалски судии во Прва и во Втора лига и главната и листата на асистенти е доста подмладена во изминатите години. Се вложува и се дава шанса на младите перспективни судиии да дојдат на сцената, да го стекнат потребното искуство, за да може да ги судат најтешките натпревари. Секако, тука е групата од топ 10 судии во Македонија. Конкуренцијата е силна затоа и наградите што ги добивам, исто така, имаат поголемо значење. Тука се останатите наши ФИФА судии, Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски, и неколку останати судии кои ги судиме заедно најтешките натпревари во нашата сезона, во нашето првенство.

Повеќе од една деценија судите меѓународни натпревари, кој е натпреварот што вечно ќе го паметите и по што?

Натпреварот што секогаш ќе го паметам или да речеме ми оставил најдлабок впечаток е секако натпреварот меѓу Барселона и Виторија Плзен. Тоа беше прв натпревар што во групната фаза на Лига на шампиони го добива еден македонски судија. Се одигра во октомври 2011 година и посебно е што имавме можност да судиме во тој момент на најдобрата европска и светска екипа, составена од врвни фудбалери, на прекрасен голем стадион, пред многу публика. Чувството кое го имав кога застанавме на центарот пред почеток на натпреварот односно при престројувањето на екипите, кога се свиреше химната на Лига на шампиони, секогаш ќе го имам во глава. Значи еден убав момент, едно убаво доживување коешто вреди и би посакал секој наш судија да го доживее.

Што треба да направи Ставрев и од што зависи делегирањето на едно големо натпреварување?

За натпреварите од елиминациската фаза на двете клупски натпреварувања во УЕФА, Лига на шампиони и Лига Европа или за настап на едно светско или европско првенство, судијата прво мора да биде дел од елитната група на судии, значи тоа е по квалитет најдобрата група во која што има околу 22 или 23 судии. Најмногу се судиите од најголемите европски фудбалски земји, од најголемите натпреварувања. Секако, секој судија мора да има амбиција, цели, а моја лична желба и јас вложувам во себе за да дојдам до таа група на елитни судии. Меѓутоа мораме да признаеме, да бидеме реални, дека многу е тешко, бидејќи ние сме прво фудбалски мала земја, политички не толку силни земја, квалитетот на натпреварувањето во домашното првенство не е на некое високо ниво. Нашите екипи во европските натпреварувања не бележат некои значителни успеси. Сето тоа е, не кочница, меѓутоа на некој не ограничува во нашето напредување. Ние вложуваме во себе, се трудиме, работиме, желба имаме и можеби еден од мотивите ни и тоа да влеземе во таа елитна група на судии. Меѓутоа мислам дека во овој момент таа е тешко остварливо, но не и невозможно.
Кои се најголемите превиди на меѓународна сцена и во домашното првенство?
Тоа беше натпревар од квалификации за Европското првенство во Франција во 2016 година. Некаде при крајот немавме најдобра комуникација со асистентот, дојдовме до едно недоразбирање дали играчот кој се наоѓаше во „офсајд“ позиција влијае или не влијае врз играта. Јас дадов погрешна информација на асистентот, донесовме одлука да го поништиме голот. На повторените снимки видовме дека фактички станува збор за неисправна одлука, дека голот требаше да биде признаен, голот беше регуларен, но за среќа екипата која беше оштетена го доби натпреварот, па не влијаевме на победникот. Меѓутоа, сепак, признавање или непризнавање на нерегуларен гол е крупна грешка во фудбалот, можеби најголема.
Судиите не се прашуваат за кого навиваат, но сигурно и тие имаат омилен клуб. Имате судено на Јувентус, Барселона, Баерн, Челзи, Наполи, Рома,
Севиља... Желба да се дели правдата на?

Па ние како фудбалски судии би требало да сме неутрални, се трудиме да бидеме неутрални. Нормално од детството или во младоста сме имале некои фаворити, меѓутоа верувајте сега току сме некако насочени кон судиската работа на натпреварот. Така што, јас лично немам некој омилен клуб, имам само една екипа, а тоа е фудбалската репрезентација на Македонија за која што секаде и во секој момент навивам онака со сето срце.
Кој ви бил најтешкиот натпревар за судење?

Во изминатите неколку години најтешки натпревари во македонското првенство за судење се секако натпреварите меѓу Вардар и Шкендија.
Јас во изминатата сезона имав среќа да судам четири од тие првенствени натпревари, двапати во Тетово и во Скопје. За среќа немавме некои тешки ситуации за пресудување на самиот натпревар, но сепак тежината од аспект на важност на натпреварот, борба за титула меѓу две изедначени екипи, борба меѓу навивачите за престиж, борба меѓу спонзорите за престиж, бидејќи и Вардар и Шкендија вложуваат големи за македонски услови. Тие беа можеби најтешки натпревари од психолошки аспект, не толку на терен колку што ви се вртат во мислите во главата најразлични мисли што би се случило кога би се случило. Исто така не беше лесен натпревар за судење финалето за купот на Македонија пред неколку сезони, Шкендија со Тетекс кога имаше прекин на натпреварот поради непристојно навивање, па после натпреварот се одигра следниот ден пред празни трибини, па имаше продолженија, па пенали. Нема лесни натпревари верувајте. Од меѓународните натпревари би го издвоил не најтежок мислам по значење, најзначаен беше натпреварот Севиља против Борусија Менхенгладбах. Тоа беше елиминационен натпревар во Лигата на Европа 1/16финале пред две години. Исто така полн стадион, добра атмосфера, две квалитетни екипи и одличен фудбал, многу ситуации на теренот.

Напредокот на технологијата неминовно се одрази и на фудбалот. Постепено се воведува ВАР системот. Мислењата се поделени. Вашиот став околу гледање снимки за време на натпреварите?

ФИФА и УЕФА во изминатите неколку сезони се обидуваат низ низа експерименти да го подигнат нивото на судење, на судиите да им овозможат што е можно поголема помош. Дали со делегирање на дополнителни асистенти зад, дали преку гол-технологијата што е веќе во многу првенства и во натпревари организирани од страна на УЕФА се користи во последно време ВАР системот. Мислењата се поделени во јавноста. Ние имаме можност сите да гледаме на телевизија разни натпревари каде ВАР системот или корегирал или судски одлуки или влијаел во донесувањето на судиските одлуки. Некои од тие одлуки биле донесени за многу кратко време. Значи времето на реакции било многу кратко, без некои да речеме поголеми последици. На некои од натпреварите имаме ситуации каде што ВАР системот интервенира после 20, 30 секунди. Во тој временски интервал една од екипите може да постигне гол, па да и се поништи голот, па да се досуди пенал, или да се признае голот на екипата пошто во претходната акција постигнала гол. Идејата на вар системот во принцип, во основа не е лоша, меѓутоа се бара начин како тој систем да му даде максимална помош на судијата, со минимално влијание и за најкратко можно време. Ние како судии кои сме на теренот, сме свесни дека не можеме да го видиме секој момент што се случува за време на овој натпревар, особено кога натпреварот го следат, 20, 40 камери и сите гледачи на телевизија, па и на стадионот ќе видат одредена ситуација, а единствено судиите кои треба да донесат одлука може да ја пропуштат таа ситуација. Така да ние би прифатиле секаква помош нели дали од технологија, дали од дополнителни системи или судии, меѓутоа, сепак, тоа да биде во некое кусо време, да не го изложи судијата на некој притисок од гледачите. Замислете на еден натпревар да имате една или две критички одлуки околу постигнување на гол и досудување пенал што ќе ви го корегира ВАР системот, како вие како судија ќе се чувствувате психолошки до крај на натпреварот, посебно ако натпреварот има 90 илјади турски навивачи кои се темпераментни. Не е едноставно тоа, но сепак клубовите вложуваaт, многу инвестираат, многу во фудбалот и нивни интерес и нормално интерес на организаторите на ФИФА, Националната федерација да ги намалат судиските грешки на минимум.

Добиваат ли судиите подароци од домаќините на меѓународните натпревари?

Во минатото меѓународните судии кои судеа натпревари под организација на УЕФА на ФИФА беа пречекувани од клубовите домаќини или од националните федерации домаќини за тој натпревар. За да се спречи било какво влијание од страна на домаќинот врз судиите, УЕФА воведе новина, вработени професионалци луѓе во Фудбалската федерација во земјата каде што се организира натпреварот се должни да ги пречекаат судиите и да ги придружуваат за време на нивниот престој таму. Ние како судии кога судиме меѓународни клупски натпревари немаме никаков контакт со клубовите. Во тој поглед мислам дека сме заштитени од притисоци или од влијанија и мислам дека порелаксирано ги судиме натпреварите. Немаме никакви проблеми во тој дел бидејќи контактите се невозможни и подароците што ги добиваме се само некое знаменце или сувернирче од клубот домаќин, сувенир од градот, некоја стаклена вазна, топка, чаша, така нешто симболично.

Нешто околу подготовките за натпреварите. Колку траат, во кој период од годината?

Исто како и играчите и екипите, ние судиите редовно тренираме. УЕФА и стручните луѓе што се задолжени за физичка подготовка испраќаат до сите национални федерации тренинг програма за судиите и ние исто така ја добиваме таа тренинг програма, што во најголем дел треба да ја следиме. Во неа се предвидени и тип на подготовки, тип на тренинзи, совети околу начин на исхрана, начин на одмор. Тренираме три до четири пати неделно. Тука ќе ги вклучам и натпреварите што во викендот еден или два натпревари во неделата, така што ќе дојдат пет до шест дена со активност. Навистина, нашиот позив бара доста жртва, морате да внимавате на исхраната, морате да внимавате на подготовката, морате да тренирате и на жешко и во зима кога имаме ниски температури и високо загадување на воздухот, несоодветни терени за тренинг. Не е едноставно. Меѓу полусезоните имаме можеби некоја недела, 10, 15 дена време за активен одмор.

Во текот на годината немаме многу можност за одмор, нормално го користиме секое слободно време за да го посветиме на семејството. Наоѓаме некој баланс меѓу професионалниот ангажман на работното место, меѓу семејството, меѓу времето кое што ќе се одвои за тренинзи, за патувања. Ако темелно се посветите на работата, ако професионално ја сфатите целата работа мислам дека не е лесно.

Желби, амбиции за 2018?

Прво би посакал добро здравје, да ги нема или повредите да бидат многу мали, потоа, барем да судиме на ниво како што сме суделе годинава, ако не и подобро, значи да го кренеме нивото. Секако, како што кажав напредување на УЕФА листата е желба, мотив, амбиција. Таа ќе биде и за следната година. Би посакал подобар успех на нашите екипи во европските натпреварувања, поголем успех, подобри резултати на македонската фудбалска репрезентација и поголеми радости општо за целата фудбалска па и спортска јавност пошироко во Македонија.

Зоран Стерјовски

Жена дошла во банка со мртов човек за да подигне кредит: Тој е молчелив (Вознемирувачко видео)

Неверојатна приказна доаѓа од Рио де Жанеиро, каде жена била уапсена откако наводно се обидела да добие кредит од банка, во друштво на мртов човек?!

Приказната за прв пат ја објави ТВ Глобо од Бразил, а видеото се појави на социјалните мрежи.

На видеото гледаме жена која стои покрај блед постар маж во инвалидска количка. Се гледа како го држи за врат и го нарекува „чичко“.

Таа наводно се претставила како внука на мажот и побарала кредит од 3.400 долари.

„Вујко, слушаш ли? Треба да го потпишете договорот за заем. Ако не потпишеш, нема шанси, бидејќи не можам да го сторам тоа за тебе“, вели таа.

Вработената во банката, која ја снимила снимката, одговара: „Изгледа не му е добро, неговата боја“.

Жената возврати: „Таков е тој. Тој не зборува ништо“.

Вработените во банката набрзо повикале полиција.

„Тој веќе беше мртов во банката. Главната работа е да се продолжи со истрагата за да се пронајдат членовите на семејството и да се дознае повеќе за случајот“, изјавил началникот на полицијата Фабио Луиз за ТВ Глобо.

Ако се покаже дека жената е виновна, таа може да биде одговорна за обид за измама.

Надлежните ги истражуваат околностите под кои мажот починал, а неговото тело е пренесено во Институтот за судска медицина.

Јонуз: Полека но сигурни влегуваме во „бугарско“ сценарио

„За година и пол до две сум сигурен дека ќе имаме предвремени избори“

Тоа што некој е помудар од тебе и тоа што подобро игра од шах од тебе, не значи дека ги надминал границите. Легитимно право, законско право е да се поставува услов. Алал да им е на Албанците 100:0 тепаат наспроти Македонците. Полека но сигурни влегуваме во „бугарско“ сценарио. За година и пол до две сум сигурен дека ќе имаме предвремени избори. На овие избори тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе „растури“ на овие избори затоа што имаат доследност, кичмата крива ли е, ја држат, другите се камелеон. Во Македонија овде кога би не оставиле сами да го делиме парчето торта, очите ќе си ги извадиме. Албанците тоа што го имаат, Македонците го немаат, а тоа е едиство, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

Нарко босот „Ел Чапо“ се жали дека во затворот не му дозволувале никаков контакт со семејството

Мексиканскиот нарко бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, поранешен водач на картелот Синалоа, тврди дека не смее да прима телефонски повици или посети во максимално безбедниот американски затвор во Колорадо, каде што издржува доживотна затворска казна.

Гузман, кој неколкупати бегаше од затворите во Мексико, на крајот на март му напиша писмо на судијата на Окружниот суд на САД, Брајан М.

Тој е осуден за водење на операција за шверц на дрога од индустриски размери и отслужува казна во затвор со максимална безбедност во Флоренс, Колорадо, според АП.

„Во мај 2023 година, објектот престана да ми ги пренесува повиците на моите ќерки, а јас седум месеци немав повици од нив. Прашав кога ќе ми дозволат да разговарам со моите ќерки и вработените ми кажаа дека агентот на ФБИ кој ги надгледуваше повиците не одговара“, напиша Гузман.

Ел Чапо смета дека е изложен на „дискриминација без преседан“ и дека официјалните лица го казнуваат со тоа што не му дозволуваат контакт со семејството.

Гузман, исто така, побарал од судијата да ја посети неговата сопруга Ема Коронел, но не кажа кога последен пат му било дозволено да ја види.

Коронел, исто така, се изјаснила за виновна за обвиненијата за трговија со дрога во 2021 година, но подоцна беше ослободена.

„Ве молам на Коронел да ѝ дозволите да ме посети и да ги донесете моите ќерки да ме посетат, бидејќи тие можат да ме посетат само кога се на одмор, бидејќи студираат во Мексико“, додаде Гузман во писмото до судијата. .

Судијата Коган одговори минатата недела, велејќи дека по изрекувањето на пресудата на Гузман, сè е на американското биро за затвори и дека нема моќ да интервенира.

Во декември, 95-годишната мајка на Гузман почина во северната мексиканска држава Синалоа, а таа наводно не го видела својот син откако беше испратен во затвор во Колорадо во 2019 година.

Гузман го предводеше картелот Синалоа во борбата против нарко бандите, во кои загинаа илјадници Мексиканци.

Тој двапати избегал од мексиканските затвори, еднаш преку тунел долг километар ископан низ ќелијата во која престојувал.

Откако беше екстрадиран во Њујорк, неговото тримесечно судење вклучуваше приказни за убиства, политички исплати, кокаин скриен во лименки халапења и пиштоли со скапоцени камења.

Во 2023 година, Мексико екстрадираше еден од синовите на Ел Чапо, Овидио Гузман Лопез, во САД за да се соочи со обвиненија за трговија со дрога и перење пари.

Се вели дека Гузман Лопез го водел картелот Синалоа за време на операциите за производство и извоз на фентанил во САД, за кој се верува дека предизвикува 70.000 смртни случаи годишно.

притисни ентер