Севиља и Еспаљол обезбедија четвртфинале во „Копа Дел Реј“

Екипите на Севиља и Еспањол им се приклучија на: Атлетико Мадрид и Валенсија, Реал Мадрид, Алавез и Леганес, во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Шпанија.
По одиграните реванш дуелите од осминафиналето, во кои вечерва Севиља со 2-1 го совлада Кадиз. Стрелци на головите за домаќините беа Висам Бен Једер (31.минита) и Карлос Кореа (54), додка за Кадиз погоди Алваро Гарсија (86).

Еспањол го елиминира Леванти, тимот на македонскиот репрезенттивец Енес Барди, откако на гостински терен славеше победа со 2-0, со головите на Лео Баптистао (14.минута) и Жерард Морено (34).

Последниот патник во четвртфиналето, ќе биде познат вечерва по одигрувањето на средбата на на „Камп Ноу“ во која Барселона и Селта ќе стартува со резултат 1-1 кој беше постигнат на првиот меч во Виго./MИА

СП 2018: Пекерман: Не е лесно да играш со 10 фудбалери

Селекторот на колумбиската фудбалска репрезентација, Хозе Пекерман призна дека раниот црвен картон го предодредил исходот на дуелот со Јапонија. 

„Самураите“ ја надиграа Колумбија со 2:1 во првата средба од групата „Х“ на Мундијалот во Русија.

- Не е лесно кога ќе изгубиш играч во првите три минути, но успеавме да се справиме со тоа. Дури го израмнивме резултатот со намален состав. Јапонија успеа да се адаптира кон ситуацијата и успеа да даде гол, бидејќи играше подобро. Ние ќе се справиме со овој пораз и ќе покажеме на што сме способни во следните два натпревари. Ние изгубивме поради замор. Јапонците беа посвежи, изјави Хозе Пекерман по мечот. /МИА

СП 2018: Сенегал ги казни грешките на Полска

Сенегал е првиот африкански тим кој забележа победа на Светското првенство во Русија, откако ја совлада Полска со 2:1 во вториот натпревар од групата „Х“. 

Полскиот дефанзивец Тиаго Чонек си даде авто-гол во 37-та минута по ударот на Идриса Гај, а во 60-тата, Мбае Нијанг ја искористи големата грешка во одбраната на противникот за да реализира за 2:0. 

Во 86-тата минута, Григориј Криховјак врати еден гол, но тоа беше сè што успеаја да направат Полјаците.

Со овој дуел беше ставен крај на првото коло во групната фаза на Мундијалот. /МИА

СП 2018: Јапонија започна со изненадувачка победа над Колумбија

Репрезентацијата на Јапонија постигна многу вредна победа со 2:1 над фаворитот Колумбија во првата средба и за двата тима на Мундијалот во Русија.

Дуелот се одигра на стадионот „Мордовија Арена“ во Саранск, а јужноамериканците го одиграа речиси целиот натпревар со човек помалку, откако уште во четвртата минутам Карлос Санчез беше избркан поради игра со рака во шеснаесетникот.

Тој направи пенал, кој беше реализиран од Кагава, а со генијална изведба од фаул, Кинтеро израмни во 39-тата минута на средбата.

Победата за „самураите“ ја донесе Осака во 72-та минута, кога го постигна победоносниот гол со глава.

По овој натпревар, Јапонија е лидер во групата „Х“, во која се уште Полска и Сенегал, чиј натпревар почнува од 17 часот. /МИА

притисни ентер