Перо и Јелена Антиќ прогласени за најдобри во мак-баскетот за 2017 година

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) на свеченоста одржана вечерва во Скопје ги прогласи најдобрите во мак-баскетот за 2017 година.
Откако спортските редакции во медиумите, тренерите, судиите и клубовите во Република Македонија ги дадоа своите гласови, МКФ направи сублимат со што беа избрани најдобрите за 2017-та во повеќе категории.
Перо Антиќ кај мажите и Јелена Антиќ кај дамите се лауреати, односно најдобри кошаркари на Македонија за 2017 година.
Наградите во екипна конкуренција им припаднаа на шампионите МЗТ Скопје Аеродром и Бадел 1862 кај сениорите односно Вардар и повторно Бадел 1862 во младинските конкуренции.
Од тренерската фела, признанија добија:
Тренер на женска екипа (младински): Анета Глигорова (Бадел 1862)
Тренер на машка екипа (младински): Денис Дервишевиќ (Феникс 2010)
Тренер на женска екипа (сениорки): Бранко Андриевски (Вардар)
Тренер на машка екипа (сениори): Љупчо Малинков (Фени Индустри)
За најдобар млад кошаркар е прогласен Дамјан Крстевски член на репрезентација до 18 години, односно Тијана Митрева која е дел од селекцијата до 16 години, беше прогласена за најдобра кај девојките.
На свечената церемонија им беа доделени и благодарници на спонзорите кои и оваа година беа поддржувачи на МКФ, како и на Специјалната олимпијада на Македонија која продолжува да промовира развој на кошарката кај лицата со попреченост./МИА

СП 2018: Шаќири: Мојата радост беше полна со емоции

Швајцарскиот фудбалер Ѓердан Шаќири изјави дека не сака да ги коментира реакциите на радоста на неговиот победнички гол против Србија.

Швајцарската репрезентација ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија, а стрелец на решавачкиот гол беше Шаќири во 90-та минута.

Швајцарскиот фудбалер со косовско потекло на голот и на победата се радуваше гестикулирајќи орел како симбол на албанското знаме, а многумина особено од српската страна го сфаќaат како политичка провокација.

- Не сакам да го коментирам тоа. Ја видовте мојата радост беше полна со емоции. Оваа победа е за Швајцарија и тоа е се што би рекол за темата, истакна Шаќири.

На сличен начин и неговиот соиграч Гранит Џака, кој исто така има албанско потекло, се радуваше на првиот гол кој го постигна за израмнување на Швајцарија. /МИА

СП 2018: Митровиќ: Многу наивно ги примивме головите

Српскиот фудбалер Александар Митровиќ по натпреварот со Швајцарија изјави дека многу наивно доволиле да примат два гола.

Швајцарската репрезентација ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија, а Митровиќ во петтата минута го постига единствениот гол за српската репрезентација.

- Не знам што се случи, ги примивме головите многу наивно и многу глупаво. Наместо да го браниме резултатот...Не може да се оди како мува без глава, разочаран сум, истакна Митровиќ.

За Србија сега единствена шанса за пласман во осминафиналето е победа против Бразил.

- Треба да се бориме против Бразил и да играме за победа. И Костарика и Швајцарија покажаа дека може да се игра против нив, наведе српскиот фудбалер.

Во оваа група Бразил и Швајцарија сега имаат по четири бода, Србија има три, додека Костарика остана без бодови и без шанси за натамошен пласман. /МИА

СП 2018: Швајцарија ја совлада Србија

Швајцарија ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија.

Во возбудливиот натпревар со сериозни шанси на двете страни, српската репрезентација дојде до водство од 0:1 со голот на Александар Митровиќ во петта минута, резултат со кој се замина на паузата.

Во почетокот на вториот дел Гранит Џака беше прецизен и Швајцарија во 52-та минута израмни на 1:1.

Швајцарската репрезентација со голот на Џердан Шакири во 90-та минута дојде до победа од 2:1.

Во оваа група Бразил и Швајцарија сега имаат по четири бода, Србија има три, додека Костарика остана без бодови и без шанси за натамошен пласман./МИА

притисни ентер