Хуман гест на ракометните гиганти Вардар и Металург

Македонските ракометни гиганти Вардар и Металург уште еднаш на дело ќе ја покажат својата голема хуманост и општествена одговорност.
Двата тима ќе бидат дел од хуманитарна акција за помош на 16-годишниот Борче Јовановски. Ова момче, кое боледува од ретка генетска болест, мора да оди на лекување во странство.

- Натпреварот од СЕХА лига против Металург, ќе има и хуманитарен карактер. Приходот од продажбата на билетите од натпреварот ќе бидат наменети за операција за Борче Јовановски, роден 15.08.2001, кој мора итно да замине на операција во странство на трансплантација на коскена срж. Шеснаесетгодишниот Борче боледува од ретка генетска болест „Бета Таласемија“ и неговата здравствена состојба се влошува поради што е потребно да замине на лекување во странство, соопштија на денешната прес-конференција од клубот.

Дуелот меѓу Вардар и Металург ќе се игра во сабота (9 декември) во терминот од 20:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“, а цената на билетите ќе изнесува 50 денари и истите може да се купат преку продажната мрежа на wwwticketplus.mk.

На влезот на салата ќе бидат поставени и кутии за донирање на пари кои исто така ќе бидат наменети за лекувањето за Борче Јовановски.

Воедно и од тимот од Автокоманда најавија дека сите средства од натпреварот помеѓу Металург и Динамо Панчево, закажан за 12 декември ќе бидат наменети за оваа хумана акција./МИА

Работнички со пораз од Хонвед елиминиран од квалификациите за ЛЕ

Работнички уште во првото коло ги заврши натпреварите од квалификациите за Лига Европа, откако на реваншот против унгарски Хонвед беше поразен со високи 4:0.

На натпреварот во Будимпешта домаќините по само 15-тина минути игра стигнаа до предност од 2:0. Филип Холендер во 6-та минута го постигна првиот гол, а десетина минути подоцна истиот фудбалер повторно беше прецизен за водство од 2:0 за Хонвед.

Во второто полувреме Херера направи прекршок врз Данило во шеснаесетникот, по што доби директен црвен картон. Данило успешно го реализираше пеналот во 63-та минута за водство од 3:0 на Хонвед.

А Работнички до крајот на натпреварот играше со фудбалер помалку по  црвениот картон на Херера.

Во финишот Хонвед дојде и до убедливи 4:0 со голот на Данило во 84-та минута.

Иако Работнички по првиот натпревар од Скопје имаше минимална предност од 2:1, сепак Хонвед со оваа убедлива победа оди во второто коло.

За Сари резултатот не е во прв план

Новиот тренер на Челзи, Маурицио Сари, вети дека напорно ќе работи со тимот, но додаде дека за првпат во кариерата резултатот не му е во прв план.

-Во овој период мораме да работиме напорно. Првпат мислам дека резултатот не е толку важен. Мораме да го дадеме максимумот. Освен напорна работа не можам да ветам ништо друго, а секако посакувам да освојам нешто со Челзи, истакна Сари.

Искусниот италијански стручњак потпиша тригодишен договор со лондонскиот клуб, откако претходно беше отпуштен неговиот сонародник Антонио Конте.

-Челзи е добар тим, но проблемот е што во Англија постојат уште пет или шест многу добри екипи. Со една или две измени можеме да се обидеме да играме фудбал каков што јас сакам. Сите најзначајни европски тренери во моментов се наоѓаат во Премиер лигата, така што ќе биде интересно да се игра против Клоп, Покетино, Гвардиола, Мурињо и останатите, наведе италијанскиот стручњак.

Сари во Челзи дојде од Наполи, каде претходно помина три сезони.

Шкупи со реми без голови против Ренџерс ги заврши квалификациите за ЛЕ

Шкупи е елиминиран од Глазгов Ренџерс во првото квалификациско коло за Лига Европа (ЛЕ).

Македонскиот клуб по поразот од 2:0 на гостувањето во Шкотска, денеска одигра реми без голови на реваншот во Скопје.

Иако кај фудбалерите на Шкупи имаше желба за победа и покажаа исклучителна борбеност, тоа не беше доволно да се постигне пресврт и да му се приреди изненадување на фаворизираниот противник.

Шкупи успеа неколкупати да се закани кон голот на Ренџерс, но недостигаше реализација.

По двата натпревари со македонскиот преставник, тимот на Стивен Џерард се пласираше во второто квалификациско коло од ова натпреварување.

притисни ентер