Јовиќ: Мораме да излеземе од резултатската и играчка криза

Ракометарите на Металург утре ги очекува нов меч, овојпат во СЕХА лига против Татран Прешов.
Тимот од Автокоманда, кој оддамна ги загуби шансите за прогрес во следната рунда од Лигата на шампионите, сега ќе може да им се посвети на регионалните натпревари.
- Металург е во лоша низа од шест порази на дуелите во елитното натпреварување, но и во СЕХА конкуренцијата, па евидентно е дека се наоѓа во криза. Очигледно е дека сме среде резултатска криза и во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата и се надевам дека со утрешниот натпревар ќе излеземе од таа криза. Од ова полошо не може да биде и искрено се надевам дека, покрај од резултатската, ќе излеземе и од играчката криза, рече на денешната прес-конференција тренерот Александар Јовиќ.
Секој од играчите мора да даде својот максимум, истакна Јовиќ и додаде дека ќе се обиде да им даде шанса на сите играчи, па ќе види каков ќе биде нивниот учинок. - Некои од играчите свесно се форсирани за да напредуваат, но тие не го покажуваат тоа што се бара од нив, па затоа за утрешниот натпревар ќе има измени во составот, изјави Јовиќ.
Последната победа Металург ја оствари на гостински терен кај Чеховски Медведи, а последната радост пак пред своите симпатизери ја имаа 30 септември во дуелот против Спортинг Лисабон.
- Кaко што кажа тренерот, должни сме на самите себе, но и на публиката. Ќе дадеме се од себе, за да ја оправдаме довербата на клубот и на нашите навивачи, изјави младиот Костадин Петров.
Задачата нема да биде лесна бидеќи Металург кој има само две победи и дури пет порази во СЕХА конкуренцијата ќе игра против второпласираната екипа на табелата.
Мечот меѓу Металург и Татран Прешов ќе се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ почеток од 20.45 часот, додека во терминот од 19 часот ќе започне дуелот меѓу Нексе и Вардар./MИА

Работнички со пораз од Хонвед елиминиран од квалификациите за ЛЕ

Работнички уште во првото коло ги заврши натпреварите од квалификациите за Лига Европа, откако на реваншот против унгарски Хонвед беше поразен со високи 4:0.

На натпреварот во Будимпешта домаќините по само 15-тина минути игра стигнаа до предност од 2:0. Филип Холендер во 6-та минута го постигна првиот гол, а десетина минути подоцна истиот фудбалер повторно беше прецизен за водство од 2:0 за Хонвед.

Во второто полувреме Херера направи прекршок врз Данило во шеснаесетникот, по што доби директен црвен картон. Данило успешно го реализираше пеналот во 63-та минута за водство од 3:0 на Хонвед.

А Работнички до крајот на натпреварот играше со фудбалер помалку по  црвениот картон на Херера.

Во финишот Хонвед дојде и до убедливи 4:0 со голот на Данило во 84-та минута.

Иако Работнички по првиот натпревар од Скопје имаше минимална предност од 2:1, сепак Хонвед со оваа убедлива победа оди во второто коло.

За Сари резултатот не е во прв план

Новиот тренер на Челзи, Маурицио Сари, вети дека напорно ќе работи со тимот, но додаде дека за првпат во кариерата резултатот не му е во прв план.

-Во овој период мораме да работиме напорно. Првпат мислам дека резултатот не е толку важен. Мораме да го дадеме максимумот. Освен напорна работа не можам да ветам ништо друго, а секако посакувам да освојам нешто со Челзи, истакна Сари.

Искусниот италијански стручњак потпиша тригодишен договор со лондонскиот клуб, откако претходно беше отпуштен неговиот сонародник Антонио Конте.

-Челзи е добар тим, но проблемот е што во Англија постојат уште пет или шест многу добри екипи. Со една или две измени можеме да се обидеме да играме фудбал каков што јас сакам. Сите најзначајни европски тренери во моментов се наоѓаат во Премиер лигата, така што ќе биде интересно да се игра против Клоп, Покетино, Гвардиола, Мурињо и останатите, наведе италијанскиот стручњак.

Сари во Челзи дојде од Наполи, каде претходно помина три сезони.

Шкупи со реми без голови против Ренџерс ги заврши квалификациите за ЛЕ

Шкупи е елиминиран од Глазгов Ренџерс во првото квалификациско коло за Лига Европа (ЛЕ).

Македонскиот клуб по поразот од 2:0 на гостувањето во Шкотска, денеска одигра реми без голови на реваншот во Скопје.

Иако кај фудбалерите на Шкупи имаше желба за победа и покажаа исклучителна борбеност, тоа не беше доволно да се постигне пресврт и да му се приреди изненадување на фаворизираниот противник.

Шкупи успеа неколкупати да се закани кон голот на Ренџерс, но недостигаше реализација.

По двата натпревари со македонскиот преставник, тимот на Стивен Џерард се пласираше во второто квалификациско коло од ова натпреварување.

притисни ентер