Македонија со десет каратисти на Светскиот шампионат во Италија

На Обединетиот светски карате шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети што ќе се одржи во Монтекатини од 30 ноември до 3 декември 2017 година, Македонија ќе ја претставуваат десет натпреварувачи.
Македонската репрезентација во традиционално карате ќе настапи во следниот состав:

Дејан Недев – сениори
Аљоша Недев - сениори
Матеј Ангеловски - сениори
Јадранка Недева – сениори
Огнен Тасевски - младинци
Берта Милевска – јуниори
Мила Саздова –кадети
Јана Милевска – кадети
Антонија Белазелкоска – кадети
Јелена Дробниќ – кадети.

Светскиот обединет шампионат во (традиционално, модерно и контактно) карате се одржува по втор пат, првиот историски обединет светски шампионат се одржа 2015 година во Копер, Словенија.

На Обединетиот светски карате шампионат се очекува да земат учество над 1.000 натпреварувачи од 70 земји. /МИА

СП 2018: Белгија убедливо го совлада Тунис и обезбеди осминафинале

Белгија убедливо го совлада Тунис со 5:2 во натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Белгиската репрезентација одигра одличен натпревар и благодарение на победата обезбеди пласман во осминафиналето на Мундијалот.

Белгија во шестата минута поведе со голот од пенал на Еден Азар, а во 16-та минута Ромелу Лукаку беше прецизени и зголеми на 2:0. Две минути подоцна тунискиот фудбалер Дилан Брон намали на 2:1.

Во финишот на првото полувреме Лукаку повторно се запиша во листата на стрелците за водство од 3:1.

Азар во почетокот на вториот дел постигна уште еден гол и во 51-та минута го зголеми водството на 4:1.

Во 90-та минута Миши Батшуаији успеа да зголеми на 5:1, но Тунис веднаш возврати во судиското продолжение и Вахби Казри ги постави конечните 5:2.

Белгија сега има шест бода и е на првата позиција во групата, Англија има три и натпревар помалку, а Панама и Тунис се без бодови. /МИА

СП 2018: Шаќири: Мојата радост беше полна со емоции

Швајцарскиот фудбалер Ѓердан Шаќири изјави дека не сака да ги коментира реакциите на радоста на неговиот победнички гол против Србија.

Швајцарската репрезентација ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија, а стрелец на решавачкиот гол беше Шаќири во 90-та минута.

Швајцарскиот фудбалер со косовско потекло на голот и на победата се радуваше гестикулирајќи орел како симбол на албанското знаме, а многумина особено од српската страна го сфаќaат како политичка провокација.

- Не сакам да го коментирам тоа. Ја видовте мојата радост беше полна со емоции. Оваа победа е за Швајцарија и тоа е се што би рекол за темата, истакна Шаќири.

На сличен начин и неговиот соиграч Гранит Џака, кој исто така има албанско потекло, се радуваше на првиот гол кој го постигна за израмнување на Швајцарија. /МИА

СП 2018: Митровиќ: Многу наивно ги примивме головите

Српскиот фудбалер Александар Митровиќ по натпреварот со Швајцарија изјави дека многу наивно доволиле да примат два гола.

Швајцарската репрезентација ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија, а Митровиќ во петтата минута го постига единствениот гол за српската репрезентација.

- Не знам што се случи, ги примивме головите многу наивно и многу глупаво. Наместо да го браниме резултатот...Не може да се оди како мува без глава, разочаран сум, истакна Митровиќ.

За Србија сега единствена шанса за пласман во осминафиналето е победа против Бразил.

- Треба да се бориме против Бразил и да играме за победа. И Костарика и Швајцарија покажаа дека може да се игра против нив, наведе српскиот фудбалер.

Во оваа група Бразил и Швајцарија сега имаат по четири бода, Србија има три, додека Костарика остана без бодови и без шанси за натамошен пласман. /МИА

притисни ентер