Прекината победничката серијата на Бостон која траеше 16 натпревари

Мајами Хит е екипата која му застана на победничкиот пат на Бостон Селтикс.
 „Жешките“ ноќеска на свој терен ги совладаа Селтикс со 104:98. Клучната предност Мајами ја освтари уште во првата четвртина која заврши 27:16.
Словенецот Горан Драгич со 27 поени, четири асистенции и пет скока беше најзаслужниот за триумфот на Мајами.

Во поразениот состав се истакнаа Д Вотерс со 26 и Кајри Ирвинг со 23 поени.

И покрај поразот, Бостон со 16 победи и само три порази е најдобар тим во НБА лигата, додека Мајами сега има биланс од осум триумфи и девет загубени средби. 

Работнички со пораз од Хонвед елиминиран од квалификациите за ЛЕ

Работнички уште во првото коло ги заврши натпреварите од квалификациите за Лига Европа, откако на реваншот против унгарски Хонвед беше поразен со високи 4:0.

На натпреварот во Будимпешта домаќините по само 15-тина минути игра стигнаа до предност од 2:0. Филип Холендер во 6-та минута го постигна првиот гол, а десетина минути подоцна истиот фудбалер повторно беше прецизен за водство од 2:0 за Хонвед.

Во второто полувреме Херера направи прекршок врз Данило во шеснаесетникот, по што доби директен црвен картон. Данило успешно го реализираше пеналот во 63-та минута за водство од 3:0 на Хонвед.

А Работнички до крајот на натпреварот играше со фудбалер помалку по  црвениот картон на Херера.

Во финишот Хонвед дојде и до убедливи 4:0 со голот на Данило во 84-та минута.

Иако Работнички по првиот натпревар од Скопје имаше минимална предност од 2:1, сепак Хонвед со оваа убедлива победа оди во второто коло.

За Сари резултатот не е во прв план

Новиот тренер на Челзи, Маурицио Сари, вети дека напорно ќе работи со тимот, но додаде дека за првпат во кариерата резултатот не му е во прв план.

-Во овој период мораме да работиме напорно. Првпат мислам дека резултатот не е толку важен. Мораме да го дадеме максимумот. Освен напорна работа не можам да ветам ништо друго, а секако посакувам да освојам нешто со Челзи, истакна Сари.

Искусниот италијански стручњак потпиша тригодишен договор со лондонскиот клуб, откако претходно беше отпуштен неговиот сонародник Антонио Конте.

-Челзи е добар тим, но проблемот е што во Англија постојат уште пет или шест многу добри екипи. Со една или две измени можеме да се обидеме да играме фудбал каков што јас сакам. Сите најзначајни европски тренери во моментов се наоѓаат во Премиер лигата, така што ќе биде интересно да се игра против Клоп, Покетино, Гвардиола, Мурињо и останатите, наведе италијанскиот стручњак.

Сари во Челзи дојде од Наполи, каде претходно помина три сезони.

Шкупи со реми без голови против Ренџерс ги заврши квалификациите за ЛЕ

Шкупи е елиминиран од Глазгов Ренџерс во првото квалификациско коло за Лига Европа (ЛЕ).

Македонскиот клуб по поразот од 2:0 на гостувањето во Шкотска, денеска одигра реми без голови на реваншот во Скопје.

Иако кај фудбалерите на Шкупи имаше желба за победа и покажаа исклучителна борбеност, тоа не беше доволно да се постигне пресврт и да му се приреди изненадување на фаворизираниот противник.

Шкупи успеа неколкупати да се закани кон голот на Ренџерс, но недостигаше реализација.

По двата натпревари со македонскиот преставник, тимот на Стивен Џерард се пласираше во второто квалификациско коло од ова натпреварување.

притисни ентер