Видео: Голден Стејт победува и без Дурант

Актуелниот НБА шампион Голден Стејт Вориорс ноќеска го победи Бруклин Нетс со 118:111.


Во отсуство на повредениот Кевин Дурант, Вориорс до победата на гостувањето во Њујорк беше предводен од Стеф Кари кој мечот го заврши со 39 поени, 11 скокови и седум асистенции.

Најефикасен во домашниот состав беше Ален Креб со 25 поени, оствари и седум скока.

По овој триумф, Голден Стејт се изедначи на врвот на табелата во Западната конференција со Хјустон Рокетс со биланс 13 победи и четири победи.
Од друга страна, Бруклин го запиша десеттиот пораз во 16. натпревар и се наоѓа на 13. место во пласманот на Запад.

ДИК: Стево Пендаровски 180.306, Gордана Сиљановска Давкова 362.682

Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста, овој резултат е инспиративен за мене, порача Силјановска. 

Резултати што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница покажуваат дека од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 362.682 или (40,08%),со двојна предност пред Стево Пендаровски од СДСМ кој освои 180.306 или 19,93%.од гласовите ,Бујар Османи е на трето место со освоени 120.903 или 13,36% од гласовите.

Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста, овој резултат е инспиративен за мене, порача Силјановска. Оваа власт паѓа, остваривме историска победа изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Приведен криминалец баран со потерница

Тетовската полиција вчера попладнето врз основа на судска наредба, го привеле А.М. (42) од Тетово, кој бил баран со потерница за издржување на казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци поради сторено кривично дело.

Како што информираат денеска од МВР лицето е спроведено во КПУ Затвор Идризово за издржување на затворската казна.

Приведени две лица во Тетовско, одзеле пари од казино

Полицијата вчера ги лишила од слобода А.Д.(28) и А.Д.(21), двајцата од тетовско Непроштено поради сомнение дека околу 4:00 часот во казино на регионален пат Тетово-Јажинце под закана со огнено оружје од вработените одзеле пари.

Како што соопшти МВР, лицата се задржани во Полициска станица Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

притисни ентер