Десетти последователен триумф за Бостон

Кошаркарите на Бостон Селтикс ја запишаа десеттата победа по ред, откако ноќеска во „ТД Гарден“ ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 107:96.

Клучната предност домаќините ја направија во првата четвртина постигнувајќи 33 поени наспроти 16-те на Лејкерс.

Кајри Ирвинг со 19 поени пет асистенции и шест скока беше најдобар играч во победничкиот тим, на спротивната страна се истакна Ерон Бејнс со 21 поен три асистенции и осум скока.

Бостон со 10 победи од 12 натпревари е екипа со најдобар биланс во досегашниот дел од НБА лигата, ЛА Лејкерс се под 50 отсто со пет победи и шест порази. 

Работнички со пораз од Хонвед елиминиран од квалификациите за ЛЕ

Работнички уште во првото коло ги заврши натпреварите од квалификациите за Лига Европа, откако на реваншот против унгарски Хонвед беше поразен со високи 4:0.

На натпреварот во Будимпешта домаќините по само 15-тина минути игра стигнаа до предност од 2:0. Филип Холендер во 6-та минута го постигна првиот гол, а десетина минути подоцна истиот фудбалер повторно беше прецизен за водство од 2:0 за Хонвед.

Во второто полувреме Херера направи прекршок врз Данило во шеснаесетникот, по што доби директен црвен картон. Данило успешно го реализираше пеналот во 63-та минута за водство од 3:0 на Хонвед.

А Работнички до крајот на натпреварот играше со фудбалер помалку по  црвениот картон на Херера.

Во финишот Хонвед дојде и до убедливи 4:0 со голот на Данило во 84-та минута.

Иако Работнички по првиот натпревар од Скопје имаше минимална предност од 2:1, сепак Хонвед со оваа убедлива победа оди во второто коло.

За Сари резултатот не е во прв план

Новиот тренер на Челзи, Маурицио Сари, вети дека напорно ќе работи со тимот, но додаде дека за првпат во кариерата резултатот не му е во прв план.

-Во овој период мораме да работиме напорно. Првпат мислам дека резултатот не е толку важен. Мораме да го дадеме максимумот. Освен напорна работа не можам да ветам ништо друго, а секако посакувам да освојам нешто со Челзи, истакна Сари.

Искусниот италијански стручњак потпиша тригодишен договор со лондонскиот клуб, откако претходно беше отпуштен неговиот сонародник Антонио Конте.

-Челзи е добар тим, но проблемот е што во Англија постојат уште пет или шест многу добри екипи. Со една или две измени можеме да се обидеме да играме фудбал каков што јас сакам. Сите најзначајни европски тренери во моментов се наоѓаат во Премиер лигата, така што ќе биде интересно да се игра против Клоп, Покетино, Гвардиола, Мурињо и останатите, наведе италијанскиот стручњак.

Сари во Челзи дојде од Наполи, каде претходно помина три сезони.

Шкупи со реми без голови против Ренџерс ги заврши квалификациите за ЛЕ

Шкупи е елиминиран од Глазгов Ренџерс во првото квалификациско коло за Лига Европа (ЛЕ).

Македонскиот клуб по поразот од 2:0 на гостувањето во Шкотска, денеска одигра реми без голови на реваншот во Скопје.

Иако кај фудбалерите на Шкупи имаше желба за победа и покажаа исклучителна борбеност, тоа не беше доволно да се постигне пресврт и да му се приреди изненадување на фаворизираниот противник.

Шкупи успеа неколкупати да се закани кон голот на Ренџерс, но недостигаше реализација.

По двата натпревари со македонскиот преставник, тимот на Стивен Џерард се пласираше во второто квалификациско коло од ова натпреварување.

притисни ентер