Европскиот првак Алкалоид против лидерот на табелата Глобус во меч од 6.коло на ЕКК

Европскиот првак во шах Алкалоид денеска во мечот од шестото коло на Европскиот клупски куп што се игра во Анталија за ривал го има лидерот на табелата русиката екипа Глобус.
По поразот во второто коло Алкалоид постигна три убедливи победи и со осум поени се наоѓа на третата позиција, веднаш зад Глобус и Олдар Јурду, кои имаат по девет. Овие два тима вчера во меѓусебен дуел одиграа нерешено.

Ова е важен дуел за екипата на Алкалоид, која со триумф ќе има шанса и да ја одбрани титулата.

На дуелот Алкалоид - Глобус распоредот на таблите е следен: Лирен Динг - Владимир Крамник, Павел Ељанов - Шахријар Мамедјаров, Дмитри Андрејкин - Александер Гришчук, Јанг Ји - Ју - Сергеј Карјакин, Дмитри Јаковенко - Аниш Гири и Јури Криворучко - Јан Непомниачи.

Втората македонската екипа учесничка на ЕКК Гамбит Асеко по двата пораза падна на 15.место на табелата и денеска ќе игра против Дунајска Стреда. /МИА

СП 2018: Златната топка за Лука Модриќ

Капитенот на Хрватска Лука Модриќ е прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија. Тој ја доби престижната награда „Златна топка“.

Признанието за најдобар млад играч е за Килијан  Мбапе од победничката француска селекција.

Голманот на Белгија, Тибо Куртоа е прогласен за најдобар чувар на мрежата.

Франција во финалето на СП 2018 ја победи Хрватска со 4:2 и по втор пат стана Светски шампион.

Франција нов светски шампион

Репрезентацијата на Франција е нов светски фудбалски шампион, откако денес во финалето на Мундијалот во Русија ја победи Хрватска со 4:2.

Головите за Франција ги постигнаа Марио Манџукиќ (автогол 18.минута), Антоан Гризман (пенал 38.), Пол Погба (59) и Килијан Мбапе (65).

За Хрватска погоди Иван Перишиќ (28) и Марио Манџукиќ (69).

„Триколорите“ на овој начин го повторија успехот од 1998 година кога на свој терен се искачија на светскиот фудбалски трон, додека Хрватите со пласманот во финалето го надминаа 3.место освоено на истото СП пред две децении.

Мундијалот во Русија се играше од 14 јуни до денеска. Следното Светско првенство ќе се игра во Катар во 2022 година./МИА

Ѓоковиќ по четврти пат го освои Вимблдон

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ победи по четврти пат го освои Грен слемот Вимблдон, откако попладнево во финалето го совлада Кевин Андерсон со 3-0, по сетови 6:2, 6:2, 7:6 (7: 3).

До шестата победа во седмиот меѓусебен дуел Ѓоковиќ дојде со импресивна игра, особено во првите два сета, така што тој имаше мали проблеми само во финишот на третиот сет.

За Србинот ова беше 13. титула на Гренд слем турнирите и вкупно 69 во кариерата.

Наградниот фонд на Вимблдон изнесува 34 милиони фунти. /МИА

притисни ентер