Тодоров: Натпреварот го загубивме во првото полувреме

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје е во серија слаби резултати откако вчера го загуби и првиот натпревар од домашната лига дуелот со Карпош Соколи на домашен терен со 85:83.
Тренерот на „металците“ Александар Тодоров уште еднаш слабата одбрана ја потенцираше како причина за поразот.

- Натпреварот го загубивме во последните пет минути од вториот период, односно во првото полувреме. Немавме решение за нивните шутеви за три поени на високите играчи. Прикажавме лоша игра, без никаква желба за победа. Најчесто екипа со 80 и повеќе постигнати поени победува, ама тоа не важи за нас. Слично беше со Задар во АБА лигата, изјави Тодоров.

Во таборот на ланскиот финалист од плеј офот задоволство по гостинскиот триумф над првакот.

- Очекувавме тежок натпревар, а одигравме според договорот и стигнавме до победа.  Подолг период бевме без официјален натпревар и затоа добро е што победивме, изјави тренерот на Карпош Соколи Борче Даскаловски.

Во второто коло од домашната лига Карпош Соколи утре е домаќин на Струмица, додека МЗТ Скопје на 18.октомври годтува кај тимот на Шкупи. /МИА

СП 2018: Златната топка за Лука Модриќ

Капитенот на Хрватска Лука Модриќ е прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија. Тој ја доби престижната награда „Златна топка“.

Признанието за најдобар млад играч е за Килијан  Мбапе од победничката француска селекција.

Голманот на Белгија, Тибо Куртоа е прогласен за најдобар чувар на мрежата.

Франција во финалето на СП 2018 ја победи Хрватска со 4:2 и по втор пат стана Светски шампион.

Франција нов светски шампион

Репрезентацијата на Франција е нов светски фудбалски шампион, откако денес во финалето на Мундијалот во Русија ја победи Хрватска со 4:2.

Головите за Франција ги постигнаа Марио Манџукиќ (автогол 18.минута), Антоан Гризман (пенал 38.), Пол Погба (59) и Килијан Мбапе (65).

За Хрватска погоди Иван Перишиќ (28) и Марио Манџукиќ (69).

„Триколорите“ на овој начин го повторија успехот од 1998 година кога на свој терен се искачија на светскиот фудбалски трон, додека Хрватите со пласманот во финалето го надминаа 3.место освоено на истото СП пред две децении.

Мундијалот во Русија се играше од 14 јуни до денеска. Следното Светско првенство ќе се игра во Катар во 2022 година./МИА

Ѓоковиќ по четврти пат го освои Вимблдон

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ победи по четврти пат го освои Грен слемот Вимблдон, откако попладнево во финалето го совлада Кевин Андерсон со 3-0, по сетови 6:2, 6:2, 7:6 (7: 3).

До шестата победа во седмиот меѓусебен дуел Ѓоковиќ дојде со импресивна игра, особено во првите два сета, така што тој имаше мали проблеми само во финишот на третиот сет.

За Србинот ова беше 13. титула на Гренд слем турнирите и вкупно 69 во кариерата.

Наградниот фонд на Вимблдон изнесува 34 милиони фунти. /МИА

притисни ентер