Хамилтон победник на трката за ГН на Белгија

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон победи на денешната трка за Големата награда на Белгија што се возеше на патеката Спа. Тој денеска ја возеше својата 200.та трка и ја постигна 58.та победа.

Британецот Хамилтон ја доби тешката борба на 44-те кругови со возачот на Ферари Себастијан Фетел, кој го освои второто место. Трет трката ја заврши Даниел Рикардо од Ред Бул.

Кими Раиконен од Ферари заврши на четвртото место откако доби казна од 10 секунди, заради непочитување на жолто знаме.

Валтери Ботас стигна како петти, а Нико Хулкенберг го освои 6.место.

Во генералниот пласман лидер остана Фетел со 22- бодови, пред Хамилтон со 213, додека Ботас е трет со 179.

Кај конструкторите води Мерцедес со 392 бода, пред Ферари со 348.

Следната трка се вози на патеката Монца за ГН на Италија на 3.септември. /МИА

Пендаровски до Давкова: Нека ѝ служи на чест!

На вечерашниот граѓански митинг во Кочани кандидатот за претседател Стево Пендаровски меѓу другото одговори и на прозивките од противкандидатката Гордана Силјановска-Давкова за негови наводни средби со криминалци и нарко-босови.

„Јас сум последниот човек во Македонија за кој можеш да помислиш дека се дружи со нарко босови. Но, знам некои од нејзиното најблиско опкружување кои се криминалци уште од раните 1990-ти и ако сега има ветинг, не би го поминале. Значи луѓе кои несразмерно се обогатиле, од кршење на санкциите на во тоа време од бивша Југославија, од раните 1990-ти, кога со фри шоповите на северна граница во еден ден се правеше промет од еден милион германски марки. Мојот имот е на показ, имам анкетен лист, нека проверат колку пари наводно ми префрлиле тие нарко босови. Но, повторувам во тој дел, споредба меѓу мене и неа, меѓу нејзините пајташи, другари што ја поддржуваат сега е невозможна. Значи станува збор за кандидатка која е предложена од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Да ве потсетам, еден од првите случаи што Специјалното јавно обвинителство, СЈО, го отвори, беше не само за поединци од таа партија, туку и за партијата како таква во целост и поради тоа тие до ден денес имаат блокирана жиро сметка. Значи криминална организација ја кандидира госпоѓата, а таа мене ме обвинува дека сум бил другар со нарко-босови. Нека ѝ служи на чест“ посочи Пендаровски.

Пендаровски истакна дека потребен е целосен ветинг на политичарите, но особено на судиите и обвинителите и тоа треба да се случи што е можно побрзо.

„Да не постои таков сомнеж или генерална перцепција кај народот дека за 10 ќебапчиња или за 50 денари од наплатна рампа се оди во затвор, а за украдени милијарди се живее лагодно на некој од даночните рајеви, за да го избегнеме тоа, јас сум за ветинг, за проверка на секој од нас“ посочи Пендаровски, соопштија од неговиот тим.

Судија од БиХ пет часа не смеел да излезе од стадионот, откако го претепале на терен (ВИДЕО)

На вчерашниот натпревар од 21. коло од Првата лига на кантонот Тузла помеѓу Меѓиѓа и Требава (1:0) имаше немили сцени.

Натпреварот бил прекинат во 80. минута откако судијата Замир Курбашиќ од Градачац бил брутално претепан. Делегатот Самир Џибриќ од Лаковац во записникот опишал што се случило откако судијата Курбашиќ свирел пенал за гостите.

Голманот на домаќините Мухамед Хаскиќ ја пцуеше мајка му, а Курбашиќ веднаш му даде црвен картон. После тоа Хаскиќ со нога го удри Курбашиќ, а потоа на теренот истрча лице во елек. Станува збор за Мухидин Бркиќ, кој не бил на списокот. Во таа толпа тој и непознато лице физички го нападнале судијата. Бркиќ го удрил со тупаница во стомакот, а потоа го клоцал по лицето додека бил на земја. Тогаш непознато лице го удрило судијата со тупаница во ребрата.

Курбашиќ успеал да се извлече од тешката ситуација, но потоа морал да остане пет часа во просториите на стадионот бидејќи надвор го чекале гневните навивачи на Меѓиѓа.

СпортСпорт објави видео на кое судијата околу 22 часот го напушта стадионот со голема полициска придружба. После се, Меѓиѓа се огласи на Фејсбук:

„Спортот кај нас никогаш нема да излезе од црната кал. Денес фудбалот дефинитивно е згаснат. Замир Курбашиќ, срам да ти е, ако воопшто знаеш што е тоа. Толку од нас. Никогаш повеќе во оваа бедна Прва лига. Фуј .“

Баербок го повика на разговор рускиот амбасадор, по приведувањето за шпионажа

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок го покани рускиот амбасадор во Берлин, Сергеј Нечаев, на дискусија во врска со притворањето на две лица осомничени за шпионажа за Русија, пишува весникот „Билд“.

Германското јавно обвинителство денеска соопшти дека двајца мажи се уапсени под сомнение дека вршеле разузнавачки активности во корист на Русија.

Обвинителството изјави дека се работело за германско-руски државјани.

Германското обвинителство соопшти и дека двајца мажи, Дитер С. и Александар Ј., биле уапсени под сомнение дека се руски шпиони кои подготвувале бомбашки напади во Германија.

Дитер, според обвинителството, бил во контакт со руски разузнавач од октомври 2023 година и учествувал во заговор за предизвикување бомбашки напади и подметнати пожари во Германија, вклучувајќи и американски воени бази.

Целта на тој заговор била да се поткопа воената помош што Германија ѝ ја дава на Украина, а Дитер собирал информации за целите на потенцијалниот напад, пренесува Дојче веле (ДВ).

Германската федерална полиција кај него пронашла фотографии и видео снимки од таргетираните објекти, кои му ги испратил на директорот, а Александар му помагал најдоцна од март годинава.

Александар е обвинет и дека бил член на странска терористичка организација, односно воена единица на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) во источна Украина од 2014 до 2016 година.

притисни ентер