Цинцов и Кусмак победници на вториот ден на „Мавровскиот меморијал“

Бугарскиот натпреварувач Цветан Цинцов и Сања Кусмак од Босна и Херцеговина се победници на вториот ден на натпреварите на 54.то издание на „Мавровскиот меморијал“.

Цинцов беше најбрз во трката на 10 км кај мажите остварувајќи резултат од оствари време 18:43.9 минути, што беше за беше 27.6 секунди побрзо од вчерашниот победник Еди Дачиќ од Хрватска кој денеска го освои второто место. На третата позиција исто како и вчера се пласира Младен Плакаловиќ од БиХ.

Македонскиот олимпиец Дарко Дамјановски, кој со вчерашното четврто место обезбеди „А“ норма за ЗОИ во Пјонгчанг следната година, денешната трка ја заврши на седмото место со време 20:19.3 минути или за 1:35.4 минута послаб резултат од победникот.

Кај дамите. Сања Кусмак од БиХ, која вчера беше втора, денеска го освои 1.место откако патеката долга 5.км ка мина во време од 12:04.8 минути, додека вчерашната победничка Дејана Косарац го освои второто место со заостанување од 1.7 секунда. Како и вчера така и денеска како трета трката ја заврши македонската натпреварувачка Викторија Тодоровска со време 12:21.7 минути.

Женската трка денеска ја завршија 20 натпреварувачки од 21 колку што стартуваа, а кај мажите пласман имаа 28 од 30 колку што се појавија на стартот.

Честитки и поддршка за Сиљановска – Давкова од „Меѓународна демократска унија – IDU“

Честитки и поддршка за Сиљановска – Давкова од  Меѓународната алијанса на центар – десно ориентираните партии – „Меѓународна демократска унија – IDU“.

Денеска, 25 март (четврток), благодарност за поддршката од Меѓународната демократска унија (International Democracy Union) – IDU изрази професорката Гордана Сиљановска-Давковка, истакнувајќи дека заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму да се залага за гаранција за правата и слободите на граѓаните, за демократијата и за владеењето на правото.

Исто така од Меѓународната демократска унија (International Democracy Union) – IDU беа упатени честитки по повод победата на проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова во првиот круг од Претседателските избори, со уште поголема поддршка за успех и во вториот круг.

Во јавно упатената поддршка до проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова на социјалната мрежа Х од 23 април 2024 година, непосредно пред одржувањето на првиот круг од Претседателските избори, се вели:

„Меѓународната демократска унија им посакува успех на ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател на државата, Проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, во првиот круг од претстојните Претседателски избори. ВМРО-ДПМНЕ е секогаш непоколеблив промотор на центар-десничарските политики и на одговорното владеење во Македонија“ .

Меѓународната демократска унија – IDU е алијасна на центар – десно ориентираните партии со седиште во Минхен, која има за цел дијалог и поврзување меѓу десничарските партии во светот. ВМРО-ДПМНЕ е една од 87 политички партии кои членуваат во IDU, соопштуваат од тимот на Силјановска -Давкова.

Бизнисот не очекува нов ценовен бран по дестабилизација на цените на нафтата на светските берзи

За сега нема индикатори за нов ценовен бран – оценува бизнисот, по дестабилизацијата на цената на нафтата на светските берзи... 

Дестабилизацијата на цената на нафтата на берзите не се очекува да предизвика нов ценовен бран во Македонија, смета извршниот директор на Стопанска комора, Антони Пешев. Според него и да има зголемување на вредноста на нафтата, тоа нема многу да влијае врз цената на храната во земјава. Причина за тоа се поразителните информации дека земјава изминативе години повеќе увезува храна, отколку што има домашно производство.

„За разлика од минатите бранови, ако конкретно ме прашувате за државните резерви во САД, кои се највисоко ниво. Тоа значи дека имаме една промена. Македонија одамна го следи ритамот на пазарите во светот. Ионака, храната се повеќе и повеќе доаѓа од надвор. Македонија има се помалку производство, а се повеќе увоз на храна. Ако се работи за увоз на храна, тогаш ние ќе ја делиме судбината со регионот. Мислам дека за оваа работа, новата Влада ќе треба да направи доста.“

Инаку, после Ковид кризата и воениот конфликт во Украина, цените на храната Македонија забрзано растат. Показател за тоа е што трошоците за живот на едно просечно семејство за само 4 месеци е зголемено за 50 евра. Тоа во реалноста значи дека на едно четиричлено семејство, да може најскромно да го „протурка“ месецот, сега му се потребни 60.000 денари.

Првиот круг од изборите во Македонија во фокусот на регионалните и светските медиуми

Резултатите и текот на првиот круг од претседателските избори беа во фокусот на вниманието и на регионалните и светските медиуми кои детално известуваат за исходот... 

Лакмусов тест за парламентарните избори за две недели., вака поголем дел од светските медиуми го анализираат вчерашниот епилог од првиот круг претседателски избори. Угледниот „Ројтерс“ пишува дека гласањето за главно церемонијалната улога на функцијата претседател, е прв конкретен знак за порастот на фрустрацијата кон владеачката партија, која настојувала да обезбеди пристап во Европската Унија. Очекувано, најголем простор на изборите даваат бугарските телевизии со генерално коректен тон на известување.

-Вториот круг ќе одлучи кој ќе биде следниот претседател на Македонија. , јави Нова.бг

-Силјановска доби 40,8% од гласовите, а Пендаровски 19,93. Кандидатот на опозицијата не го криеше изненадувањето пред своите приврзаници кои го прославија резултатот низ скопските улици. Искрено, не очекував толкава разлика., објавува бугарската национална телевизија

Првиот круг најде одек и во грчките медиуми. Со наслов, десничарската опозиција води пред вториот круг на 8 мај, Катимерини пишува дека популарноста на ВМРО-ДПМНЕ во последните години пораснала како резултат и на гневот на јавноста поради бавното темпо на пристапувањето во ЕУ и корупцијата. Грчкото издание на „Еуроњуз“ пак го истакнува различниот пристап на двете македонски опции во однос на бугарските барања.

-Двајцата кандидати се согласуваат за европската перспектива на Македонија, но не се согласуваат за начинот како да се справуват со ветото на Бугарија. , објавува „Еуроњуз“ на грчки јазик

Српски РТС се осврнува и на како што наведува двобојот на албанките опции, победата на Османи и славјето пред соперничкиот штаб, а хрватски ХТВ на евроинтегративниот пат и уставните измени како услов.

притисни ентер