Симболична цена на билетите за кошаркарскиот Куп на Македонија

Билетите за претстојните натпревари од завршниот турнир на „Лимак Купот на Македонија“ ќе бидат пуштени во продажба утре (четврток, 16. февруари) точно на пладне.


Продажбата ќе се врши во „Југотон“ и „Тобако Веро 2“ во Скопје, туристичката агенција „Атлантик Турс“ во Кавадарци, како и на билетарата во салата „Јасмин“ секој ден од 11 до 21:30 часот. Билетите се нумерирани и важат за само еден натпревар. За четвртфиналните и полуфиналните натпревари ќе чинат по 50 денари додека за двата финални натпревари цената на билетот ќе изнесува по 100 денари.

Продажба преку интернет нема да се врши.

Од МКФ информираат дека, посетителите на располагање ќе имаат два паркинг простори околу спортската сала, западно и јужно од градскиот базен.
Вратите на салата „Јасмин" ќе се отвораат 30 минути пред почетокот на секој натпревар, а салата се празни по завршувањето. 

Штербик во изборот на ЕХФ за најдобри одбрани во ЛШ

Голманот на европскиот ракометен шампион Вардар, Арпад Штербик се најде во изборот на ЕХФ за најдобра одбрани во регуларниот дел од сезоната 2017/2018.

ЕХФ во својот избор ја вметна двојната одбрана на Штербик на гостувањето против ППД Загреб во Хрватска.

Вардар и оваа сезона ќе биде дел од Ф4 турнирот од Лигата на шампионите. Тој ќе се игра на 26 и 27 мај во Келн, Вардар за противник го има Монпелје. /МИА

Дел Боске: Салах нема да го направи Реал подобар тим

Поранешниот селектор на Шпанија Висенте дел Боске се искажа доста негативно за играчите на Ливерпул пред претстојното финале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. 

Според него, ниту еден од нив не би го направил тимот на „белите“ подобар, вклучувајќи и напаѓачот Мохамед Салах, кој реализираше 32 гола во Премиер лигата на Англија во оваа сезона.

- Реал Мадрид има одличен состав и е најдобриот тим во Европа во моментов. Тие треба да го потврдат тоа во сабота. Очекувам Реал да победи со 4:1, рече 67-годишниот Дел Боске.

Тој како тренер го изведе Реал до две титули во Шпанија и две во Лигата на шампионите.

- Ги гледам играчите на Ливерпул и не сметам дека некој од нив би ја кренал класата на Реал, па дури ни Мохамед Салах. Герет Бејл и Карим Бензема се многу добри. Карим Бензема понекогаш има слаби периоди во однос на реализацијата, но тој секогаш дава се од себе, а Роналдо ги прави сите околу себе подобри, рече специјалистот, кој ја изведе Шпанија до светската и до европската титула. /МИА

Лопетеги останува селектор на Шпанија до 2020 година

Хулен Лопетеги уште две години ќе остане на селекторското место во Шпанија, соопшти тамошниот фудбалски сојуз.

Поранешниот голман на „црвената фурија“ ќе продолжи да работи до следното Европско првенство.

- Ние напорно работиме две години. Сега ја продолжуваме истата приказна, изјави Лопетеги.

Пред да ја преземе селекторската функција, работел како тренер во Порто, Реал и Рајо Ваљекано, а беше и предводник на младите шпански селекции до 19, 20 и 21 година.

за Порта, но исто така и како младински селектор, младински избор на Шпанија (У19, У20, У21), другиот тим на Реал Мадрид и Рајо Валекано.

Во пресрет на Мундијалот во Русија, селекторскиот договор го продолжија и селекторите на Германија Јоаким Лев и на Белгија, Роберт Мартинез.

притисни ентер