Федерер со триумф над Ферер и торта го прослави 33. роденден

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласира во полуфиналето на „Роџерс купот“ во Торонто откако ноќеска со 2-1 во сетови (6:3, 4:6 и 6:3) го победи Шпанецот Давид Ферер.
Швајцарецот причина за славење имаше и пред натпреварот. Тој од организаторот доби торта за неговиот 33.ти роденден.

Следен противник на Федерер ќе му биде Фелисијано Лопез (Шпанија) кој во 1/4финалето беше подобар од домашниот тенисер Милош Раониќ со 2-1 во сетови.

Во второто полуфинале ќе играат Григор Димитров (Бугарија) и Жо-Влифред Цонга (Франција).

Мурињо: Англија мора да го порази Тунис, но исто така се зборуваше и за Бразил и Аргентина

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, смета дека репрезентацијата на Англија мора да го совлада Тунис на дуелот од Светското првенство 2018.

- Дали го гледавте Тунис како играше со Португалија. Искрено, не ми се допадна тој натпревар. Тунис по својот потенцијал и стил е сличен на Мароко. Англија треба да победи, но истото тоа важеше и за Бразил и за Аргентина. Мислам дека натпреварот ќе биде интересен, изјави Мурињо.

Натпреварот Тунис – Англија ќе се игра во Волгоград вечер со почеток во 20 часот.

Три часа претходно (од 17 часот) ќе почне другиот меч од 1.коло во Г-групата меѓу Белгија и Панама. 

СП 2018: Фаворитот Бразил одигра нерешено со Швајцарија

Уште еден од големите фаворити на Мундијалот во Русија забележа неуспешен старт. 

Бразил одигра само 1:1 против Швајцарија во натпревар од групата „Е“, во кој се уште Србија и Костарика. 

Филипе Кутињо реализираше по извонреден удар во 20-тата минута, но во 50-тата Стивен Цубер изедначи со главата. „Кариоките“ имаа претензии за прекршок од страна на Цубер при голот, но судиите не обрнаа внимание. 

Покрај тоа, Бразилците инсистираа и на пенал за Габриел Жезус во 73-тата минута, но овој протест исто така не вроди со плод.

Одличен натпревар одигра Нејмар, кој изгледа дека е целосно закрепнат од повредата. Напаѓачот на Пари Сен Жермен беше кошмар за играчите во црвено со неговите постојани пробиви, а Швајцарците постојано го фаулираа.

На крајот на краиштата, тактиката на „крстоносците“ им донесе важен бод во борба за пласман во елиминациската фаза. /МИА

СП 2018: Светскиот шампион на колена, Мексико со голема победа на стартот

Светскиот шампион Германија загуби 0:1 од Мексико на првиот меч од групата „Ф“ на Светското првенство на стадионот „Лужники“ во Москва. 

Ирвинг Лозано го постигна единствениот гол во 35-тата минута за Мексико. 

Бундестимот направи серија грешки во првото полувреме, а можеше да прими уште барем еден гол. 

По паузата, Германците заиграа посилно, но уште повеќе ја поставија својата одбранбена линија на проблеми. 

Во 89-тата минута, Јулијан Брант ја погоди гредата, а блиску до гол беа Марио Гомез и Јулијан Дракслер.

Вториот натпревар од групата помеѓу Јужна Кореја и Шведска се игра утре (18 јуни) од 14 часот. /МИА

притисни ентер