Маса: Алонсо е подобар возач од Михаел Шумахер

Возачот на Ферари , Бразилецот Фелипе Маса пред заминувањето од италијанскиот тим порача дека неговиот сегашен клупски колега Фернандо Алонсо е подобар возач од големиот шампион Михаел Шумахер.

Маса е еден од ретките возачи во формула еден кој возел во ист тим со двајцата шампиони , и токму поради тоа може со право да го искаже својот став на оваа тема.

-Од секогаш имав многу квалитетни клупски другари . Тие секогаш сакаа да бидат перфектни и ништо да не и препуштат на случајноста , бев клупски колега со Михаел, Фернандо и Кими Раиконен. Шумахер беше неверојатен, комплетен возач кој внимаваше на сите детали. Но сепак мислам дека Алосно е посовршен од него, има елементи што Михаел ги намаше, изјави искусниот Фелипе Маса.

Израел соопшти дека во Ал Шифа се убиени повеќе од 200 борци на Хамас

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека повеќе од 200 вооружени лица биле убиени за време на операцијата против Хамас во болницата Ал-Шифа во градот Газа.

Во текот на изминатиот ден, напаѓачите на Хамас излегле од собата за итни случаи во Ал Шифа, каде што се криеле и отвориле оган врз израелските војници, тврди ИДФ, додавајќи дека неколку слични инциденти се случиле во последните денови.

За време на борбите што се во тек, армијата вели дека војниците евакуирале цивили, пациенти и медицински персонал во друг дел од болницата „кој ИДФ го подготви и го воспостави за да овозможи продолжување на соодветниот медицински третман“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Истовремено, ИДФ тврди дека уште десетици оперативци на Хамас биле убиени за време на операциите во изминатиот ден во градот Ал-Карара во јужниот дел на Газа и во квартот Ал-Амал во Кан Јунис.

Војниците кои дејствуваа во јужниот дел на Газа, исто така, лоцирале и уништиле складишта со оружје, а во централниот дел на Појасот, ИДФ соопшти дека неколку непријателски оперативци биле убиени во текот на изминатиот ден од војниците на бригадата Нахал и во воздушни напади.

МВР: 173 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 60 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место, соопшти МВР.

Средба на Пецаков со претставниците на УНЕСКО, О.Охрид посветена на задржување на статусот

 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со неговиот тим оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО што престојува во работна посета на земјава.

Пецаков пред членови на Центарот за светско наследство, на Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата, како и на Националниот координативен тим од Македонија ја истакнал силната посветеност на Општина Охрид за зачувување на природното наследство во Охридскиот регион.

„Детално ги инфомирав за сите чекори кои како Локална самоуправа ги преземаме и со временските рамки за реализација на истите. Силно сме посветени и не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО“, вели Пецаков.

Мисијата на УНЕСКО во Охрид ќе биде неколку дена, а како што посочи претходно министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, претставниците на Светската организација се тука за да ја утврдат фактичката состојба околу заштитата на Охридскиот регион на терен,со средби со претставници на сите засегнати институции и субјекти. Од мисијата на УНЕСКО ќе произлезат заклучоци според кои државата е треба да постапува во насока на заштита на Охридскиот регион и неговиот статус во УНЕСКО.

притисни ентер